Еве денес пример да ве прашам: дали вежбате по секоја цена (се разбира освен болест и болка во мускули)? Или сепак некогаш мрзата, нерасположението и слободното време преовладуваат? Јас се терам да станам и да вежбам секој ден, колку и да ме мрзи. Гледам дека кога сум нервозна ми е најубаво, ем се опуштам, ем можам да вежбам повеќе време. Сакам и вреќа за бокс. Не знам оти морам реферати, ама ете, ми се муабети. Денес:
Има денови кога немаш желба за вежбање, ама да како што велиш тогаш е најдобро да вежбаш, едноставно ќе ја исфрлиш нервозата, ќе се ослободиш од стресот и подобро ќе се чувствуваш. Немање време според мене е само изговор, секој има време барем 15 мин. на ден ако не повеќе да вежба. Јас ако некој ден не вежбам, тогаш може да пешачам, танцувам.
Искрено дома воопшто немам мотивација да вежбам, но се трудам да вежбам што по редовно, полесно ми е да се натерам да излезам и да пешачам одколку дома да вежбам. Многу ми фали теретана, секогаш имав мотивација да појдам да вежбам, колку и да не сум расположена за вежбање таа ден.
Не вежбам секој ден ама секој ден сум активна, порано почесто си правев паузи ама сега последнава година одвај чекам да дојде времето и да извежбам многу добро се осеќам после вежбање
*прво видеото HIIT, па раце, 11 abs, waist, boob lift. Фала за претходните одговори, да не речите ве остајв на seen. Еве и мотивација:
Здраво девојки, би ве замолила ако можете да одвоите 2-3 минутки да ја пополните следнава анкета која ми е потребна за на факултет. Би ви била многу благодарна. * да напоменам дека анкетата е согласна со темата т.е се работи за истражување на физичкото здравје на луѓето и како тие се грижат за истото https://forms.gle/wwEymhp2HsNznF339
Иако пред некое време го почнав предизвикот на Клои, за брзо време ми се здосади. Не сум јас да следам планови, предизвици, денес ова, утре она. Затоа пак си почнав да вежбам по мој план и комбинација на вежби. За денес:
Еве што испаѓа кога јас ќе почнам да вежбам без план. Хаос. Х2 За мотивација: https://youtu.be/tEWxyZT3dz0
Еден мал update: Престанав со предизвикот на Клои иако ми остана уште една недела, и решив сама да си бирам што ќе вежбам(и тоа од синоќа). Одбрав за секој ден да ги правам овие вежби(за послаби нозе): Се мерев: десна нога - 56.5 cm исто и лева нога. За 7 дена ќе видиме шо сме напраиле