Ги обожавам вежбиве од Лили, знаат да бидат напорни ама стварно се ефективни. Нема да згрешиш ако пробаш и други нејзини видеа. Посебно забележав резултати за smaller waist and lower belly кога ги вежбав.
Некое време ја избегнував, ми беше страв, се гледаше дека е тешко. Сега знам по некое да изберам од неа, навистина тешки но се чувствувам добро после вежбите. Можеби треба еден план само со нејзини видеа. Плус, многу позитивна жена. Фала за предлогот, дефинитивно ќе пробам да ја вклучам повеќе.
Уште само вистината да ви ја кажат колку години вежбаат, колку хемија ставаат во организмот и колку бројат калории дневно, па, тогаш можеби видеата би имале некоја смисла.
Свесни сме, за до толку образовани сме и информирани. А и не гледам дека некој сака да е како нив. Некаква активност е подобра од никаква. Фала за мотивацијата.
Ме немаше од четврток, ама џабе ја почнав Клои.. имав гостинки, па фала богу едната трча па петокот и саботата трчав со неа по 4-5км, добро ми дојде. Денес имав тренинг за цело тело од Елена Бубало, го има постирано Ангела Горгиева на yt(подолу ке го видите) Убаво е објаснето ги правев вежбите по 6 минути буквално вода течеше од мене, ви го препорачувам ако сакате добро да се извежбате. Го пробав тренингот зошто бев љубопитна многу ја фалат по инстаграм и гледам многу добри промени кај луѓе што тренираат со неа, па можам да кажам дека жената си ја знае својата работа. Еве го тренингот: Малку понеделничка мотивација
x2 x2 Мотивација 1.0. Мотивација 2.0. Не дека многу внимавам, ама сакам се' да средам пред вежбање. И собата да е под конец и облека во која се чувствувам подобро. Вежбањето одзема 1 час, се' друго 250 часа.
Вчера: и трите видеа за нозете. Иначе ги осеќам нозете позатегнати (не би требало да халуцинирам ), не се мерев пред тоа, ама веќе ги правам без проблем сите видеа.
Денес х 2 пати Иако бев скептик за предизвикот се покажа ефиксен досега +1 cm не е лошо , имам уште една недела, планирам кога ќе го завршам пак да го почнам само наместо 2 да го повторувам 3 пати и со поголема тежина .