Вртат често ама барем не се толку досадни како Spotify. Таму на секоја втора песна реклами и немојш да напрајш skip.
На сред вежба, па ако е 30 секунди вежбата, 60 испаѓаат на крај. Дали да си одмараш или да вежбаш додека е рекламата ми е вечна дилема. А музика не пуштам веќе, колку шо ме мотивира толку знај и да ме демотивира ако почни некоја подосадна. Песните од видеата ги слушам и на памет ги научив, знам која ќе почни следна.
Нема одмор и дилемата решена, тие 30 секунди плус секогаш се позитивно добредојдени. Јас пак без песни неможам да вежбам, ако нема музика ништо не можам и затоа секогаш си имам плејлиста од песни.
Ново е, па ај да пробам. Уште 4 дена до мај, ќе ми заврши "предизвикот" шо си го составив. Хм, си велам следно да пробам 21 ден да си искомбинирам видеа од Лили. Само ми е страв да не ми е тешко и да се откажам. Will see. Гласно размислувам.