1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Вчера плус и испешачив 6 км.
    Денес ме болат сите мускули. Од само 5 минутки вежбање, е толку сум закржлавена. Ама, решена сум да бидам истрајна овојпат, да видам до кога ќе ми трае мотивацијата.
    Ќе терам со Лили, едно што и се кратки а ефикасни вежбите и неам време, друго, што после денешново вежбање не можам да си дојдам при себе 15 минути, којзнае со поинтензивни вежби што би било. Кондиција во минус :(
    Денес ова, плус 4-5 км возење точак.
    Screenshot_20210507_224754.jpg
     
    На Maria.Fernanda, raww, inception и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    За денес: :muscle:
    Screenshot_20210508-155726_YouTube.jpg
    ea7a81fe7ebfe9cc3200dd0154713909.jpg
     
    На Maria.Fernanda, The Saturdays, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски


    x2
    Тешко! Ви го препорачувам првото видео. :muscle:
     
    На Maria.Fernanda, raww, The Saturdays и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Денес

    Загревање


    Истегнување
     
    На Maria.Fernanda, raww, The Saturdays и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Денес малку пешачење 2,5 км, плус ова. Утре ќе одмарам. Имам мака со lunges и не ги правам. И при некои вежби осеќам ко прелапување во зглобот на карлицата на едната нога. Имате ли некои маки при правење на некои вежби и дали сте нашле начин да ги надминете?

    Screenshot_20210508_224350.jpg
     
    На Maria.Fernanda, The Saturdays, inception и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    Исто и мене. Прелапнување само на десната нога, но ми се случува и при одење.
    На почеток ми беше страв да ги правам вежбите. После прочитав дека е честа појава и дека нема потреба од грижи ако немаш болка. Сепак, подобро е да не го преоптоваруваш тој зглоб.
    Aко те интересира подетално сум го сретнала како Snapping Hip Syndrom, можеби се работи за тоа.

    Мене ми помага ако ја подвиткам ногата во коленото или ако ги раширам повеќе нозете, поточно само на таа која има прелапнување да ја оддалечам од другата. Ова го прочитав, можеби ќе ти помогни.
    https://www.livestrong.com/article/555591-clicking-in-the-hips-when-doing-leg-raises/

    И заборавив да посакам добредојде, се надевам ќе се дружиме повеќе од две недели. :rofl::sun:
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На The Saturdays, inception, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Не се форсирај премногу ако немаш долго време вежбано. Најважно е да се загреваш пред вежбање и истегнување после тоа, особено ако вежбаш за долен дел од телото. Јас имам лошо искуство со lunges, поточно со curtsy lunge уште од порано од таа вежба си го зафркнав коленото, после се претпостави дека имам скокачко колено и уште оттогаш прекинав со lunges и squats иако како вежби чучњеви ми беа едни од омилените. Си продолжив најнормално да трчам и скокам, но од пусти страв да не си направам некој посериозен проблем ги одбегнувам тие вежби. Сега секогаш кога вежбам за нозе и задник барам knee-friendly вежби.
     
    На The Saturdays, sunshinebabe, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    @Ugly Duckling Дефинитивно е тој синдром :D
    Фала на препораките, ќе се обидам следен пат на тој начин и ќе видам како ќе ми биде. Не е дека боли ама гадно чувство е, како да ќе зезнам нешто..
    И фала на добредојде, ако ме снема повеќе од 2 дена слободно спамирајте ме :rofl:
    @Reina.Gitana јас така престанав да вежбам, поради чести мали повреди едното колено ми е пресензитивно на секаков напор. Пред неколку години почнав интензивно да вежбам едни исти вежби, Ѕquats, Lunges, демек женската задник ќе правеше. Добив хипертрофија на некои мускули шо не ги очекував и болки во колено, така престанав. Сега целосно ќе ги избегнувам Lunges, за squats најдов некои видеа за да се избегнуваат најчестите грешки.
    Фала ви девојки, ептен сте ми мотивација :$
     
    На The Saturdays, sunshinebabe, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Денес: :muscle:
    Screenshot_20210505-182158_YouTube.jpg
    1b0c60f2436366d910f1ae41bc1ac099.jpg
     
    На Maria.Fernanda, Angie1432, The Saturdays и 4 други им се допаѓа ова.
  10. inception

    inception Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Денес слободен ден, ама ќе пешачам секако. Иначе тука сум и јас само не стигнувам да пишам.
    Не вежбам толку многу видеа, ама се држам до распоредот и ми одговара такво темпо моментално.
    Иначе за зглобовите, кај мене се пука додека вежбам. Колкови, рамења, лакти, колена. Не сите секој пат, ама си ги има. Немам болка, само ме нервира оти ме дефокусира.
     
    На The Saturdays, Оленка*, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    А има некоја според апликација што вежба? :?: Има добри, порано користев две и имав добар резултат, па долг период не бев активна, моментално вежбам според оваа апликација, има вежби за кој дел од телото сакате, плус утрински и вежби за пред спиење.

    20210509_140316.jpg
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Имам вежбано порано едно кратко време со апликација. Не се сеќавам точно која беше, ја немам пробано оваа што ја пушти. Но, искрено ми беше малку досадно да зборува и да брои дури ги правиш вежбите, па затоа прекинав. Јас сама си комбинирам вежби од видеа од Јутуб, само си пуштам музика и супер ми оди. :D
     
    На The Saturdays, sunshinebabe, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    20210509_193814.jpg
    Јас имам вежбано со оваа. Два месеци и ми се здосади, шо е нормално, ако навлезиш во тие два месеци ќе откриеш што ти одговара а што не, ќе научиш нови вежби, нови начини...
    Апликацијата според мене е една од подобрите. Избираш мускулна група и тежина. Секој ден е потежок од претходниот, гледам дека комбинира различни вежби за различен дел. Како за стимулација за почетници ми е супер и вежбањето со апп. Е сега, за да не ме нападнат вежбачите ќе ти речам дека не можиш да очекуваш wow резултати, да имаш реална цел за на крај да си задоволна и да не се откажиш.
    Ако си решила преку апликација, топло ти ја препорачувам. Искрено јас секогаш стојам зад тоа, подобро нешто, отколку ништо.
    Видливи резултати имав само на нозете. Имам некоја слика објавено во модни, со шешир мислам, таму се забележува (малку).

    Првите две (under butt и blaster) се добитна комбинација. Ќе ги практикувам почесто. :sun:
    20210509_195018.jpg
     
    На The Saturdays, sunshinebabe, inception и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Вчера испешачив 4.8 km, сум заштедила 0.39 литри гас :rofl:
    Мислам дека си го најдов рецептот за вежбање, сабајлечки уште пред да ми почне денот. Сакав да го почнам предизвикот на Клои, ама кога го уклучив второто видео ми дојде жал за комшиите :D
    Недела дена внимавање со исхрана, не премногу, ама гледам да намалам јаглехидрати и да зголемам протеини, 4 ден физички активна, претходно не мрдав од дома ниту пак вежбав, веќе сум - 1.5, 5 more to go:party:
    Денес, видеата + 15 минути на орбитрек
    Screenshot_20210510_115026.jpg Screenshot_20210510_110725.jpg
     
    На Ugly Duckling, The Saturdays, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    (fingers)
    gmmkohmddcv.jpeg
     
    На inception, Оленка*, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sunshinebabe

    sunshinebabe Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    6.793
    Пол:
    Женски
    Јас си вежбам да не ме мислите:lol:
    За денес:
    3те видеа за слаби нозе
    +



     
    На Maria.Fernanda, Оленка*, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  17. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Викендот го поминав во пешачење, за денес и пешачење и

    x 2 пати
    Сега кога ќе се погледнам во огледало сум презадоволна од тоа што го гледам, порано ова ми беше dream body , чуството е прекрасно :$:inlove:
     
    На Maria.Fernanda, inception, Оленка* и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Здраво на ситееее
    Од денес почнав и јас со вежбање,си симнав една програма но некако многу малку има за вежбање.
    Исто така ѓи разгледав вежбите на Клое(не знам дали сте чуле за нејзе) тие ми стојат по примамливи.
    Ако некој има видливи резултати од некои вежби нека ми прати во лп.
    И како да се мотивирам бидејќи ме фаќа многу мрза,а сакам да ослабам и да се затегнам истовремено.
    Ви благодарам на вниманието се надевам некој ќе ми помогне.:inlove:
     
    Последна измена: 11 мај 2021
    На sunshinebabe, Оленка*, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    @Оленка* истиот проблем го имав со комшиите. Затоа секогаш наоѓам алтернатива no jumping. :rofl: Мислам дека програмите на Клои се најдоброто што ми се случило. Потпишувам со две раце. Барем тоа е моето искуство.
    @Limpan добредојде чупе. Ова погоре важи и за тебе. Некогаш кога ми беше лесен предвидениот ден од Клои, наместо еднаш, го правев видеото два/три пати. Кога ќе се спомни предизвик ми е доволна мотивација, сакам да го завршам. Велат 21 ден се доволни за да ти се створи навика. Баш затоа сум голем поддржувач на програмите. А посебно за мрзи неупатени како мене. Ем ме мрзи да барам вежби, ем не знам што треба и како треба.
    Дружи не', ќе се мотивираме заедно. :sun:
    @The Saturdays баш ми е мило што си задоволна. Keep going! :inlove:

    Мислам научивте дека јас = :talk:

    Денес - по два пати:
    20210511_012633.jpg
     
    На Maria.Fernanda, The Saturdays, Limpan и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    @Limpan Добредојде срцка, баш ми е драго што ќе се дружиме и овде. :hai:
    Како да се мотивираш за вежбање? Прво замисли се себеси во секси костим за капење, летото се ближи. ;):inlove:Почни со нова облека за вежбање, нешто во кое ќе се чувствуваш удомно и пријатно. Музиката е наредна, дури и за мене најважна, без добра музика нема мотивација за вежбање. И најважно вежбај прво за здраво тело и здрав дух, а со тоа после следи убавиот изглед, самодовербата и желбата за подобри резултати. :D
     
    На Maria.Fernanda, The Saturdays, Limpan и 2 други им се допаѓа ова.