Ја вежбав со оваа апликација за да се вратам во форма, бидејќи не бев активна еден период, после месец веќе според свој план почнав. За почетници е супер
Му се заинатев на стомачево. Burnnn Орбитрек 25 мин, зевам од досада, ама ај, демек кардио, плус 4.7 км досега. Ако не врне може и ќе прошетам вечерва за 10к.
Вежбав уште некои видеа, ама зошто тие се баш јога, не ги ставив тука. Ама ова пробајте го, мене мн ми се допадна, а и прилично захтевно е, барем со мојов праг на толеранција И ова го правев, океј е, ама ова беше полесно. За мотивација: Инаку сакам да ви кажам дека кај мене клучно за да почнам да вежбам беше да го најдам тоа што ми одговара и да не се форсирам премногу. Сметам дека клучот дефинитивно е Континуитетот . Повеќе имам успех откако го најдов тоа што мене ми одговара и откако не се напрегнувам многу. Затоа пак имам желба што почесто да вежбам и веќе имам и потреба од тоа. Постепено веќе можам и мн повеќе отколку на почетокот.
11line и boob lift по два пати. Последните неколку дена се погодија потешки вежби. Ми се врати мотивацијата, ми беше здосадено. Мотивацијата за денес од профилот на Blogilates:
@Reina.Gitana исто! Недела ми е најмрзливиот ден дефинитивно. Ама да не се демотивираме, од утре појако. Thighs x2.