Јееј, супер! Сакав и јас пауза, само наредна недела ќе треба 4-5дена, па сега да искористам. Интересно дека во еден ден секој дел е опфатен, ама па само 7 дена. Како за прв ден сум задоволна, ме умори, очекувано. И колку е позитивна, не знам, јас се мачам таа си се смее.
Вчера бев на непланиран, "принуден" одмор. Од сабајлево: *хронолошки знаете дека оди второто, па првото видео - вака YT го дава историјалот. Загревање (5мин.скокање јаже) и на крај, истегнување од 10 мин. веќе се подразбираат.
Искрено јас не сум фан да следам вака предизвици, ама веќе ми стана досадно по мое едни исти вежби и секој ден се думам за вежбање де ова, де она Плус 7 дена не е многу долго, ќе видам после тоа како ќе биде, можеби ќе продолжам и со некој друг нејзин предизвик. И да Лили си е супер, толку е позитивна, постојано те мотивира и прави да се чувствуваш убаво после вежбање.
За денес секако имав планирано barre, па кога видов дека Кајли има ново видео, побрзав да го пробам.Ама излезе така-така, прилично базично, па ми требаше нешто плус: Вие, кога бирате нови видеа за вежбање, првин ги прегледувате или почнувате со вежбање без да знаете што да очекувате? За мене, почесто, важи ова второво, па понекогаш ќе зезнам во преценката. Па тогаш се тешам со: И така.
Јас секогаш ги гледам пред да почнам, за да знам што да очекувам. И во многу случаи си правам комбинација само од некои вежби, не од сите од видеото.
Велкам! Да видиме како ќе сме задоволни на крај. Трет ден од предизвикот: Ама си додадов и по мое. Малку ми се 23мин, кога веќе можам, зошто да не. Овие две по два пати:
Од утрово: Супер е видеово, особено втората половина, штета што ќе биде избришано (затоа не го прикачив, туку ставив скриншот). Доста потсетува на ТАМ, посебно вежбите за раце и задник, но во секој случај исходот е многу , без скокање. Сепак забавно е и не приметив кога поминаа тие 50 - ина минути
Ден 4. 11 Line е по моја желба, и го вежбав последно, не прво. Не обожавам кардио и избегнувам, најмногу 10мин. Така да, за денес само еден збор - у м р е в. Мотивација или инспирација: