Редовно вежбам најмалку 3 пати неделно. Одев во теретана пред пандемијата а сега вежбам повеќе дома. Денес ..да се искористи утрото:
Јас го вежбав vol 1, мислев ќе ми е тешко да почнам со 4. Сега пак разгледав и ми се допаѓа, опфаќа се' од долен дел. Од сите кои ги следев досега, вежбите на Хана мислам дека беа најдобри. На позитивната страна е тоа што знаеше да ме умори, не се мачев да осетам дека мускулот работи и не беше сувопарно вежбање. Негативна страна - ми беше досадно и во текот на видеото и во текот на цела програма. Не си почетник, можи нема да ти е доволно тешко, ама јас би ти рекла дефинитивно пробај, барем една недела. Во однос на резултати, ништо значително, толку за 20дена, ама имам поголеми очекувања од четвртиов дел. Не знам ревјус да давам, нешто конкретно ако сакаш, пиши.
Јас ја имав вежбано ама само 1 недела некако не ми се допадна и ја прекинав ама за секој различно, пробај ја па ќе споделиш резултати
Сабајлето јога, па ова УмреФФФ И плус пешачење, цел ден ми се собраа околу 8 и нешто км, ама баш, баш пешачење без паузи околу 5. @Reina.Gitana добро ми изгледа ова видеово за нозе од Lily Sabri, го препорачуваш? И тоа напорно ми изгледа, ама барем пократко е
Напорно и кратко= баш добитна комбинација. Денес прв пат го пробав, ама ми се бендиса, можеби едно од моите омилени видеа за нозе. Јас би ти препорачала видеово да го комбинираш со inner thighs вежбите на Лили за уште подобри резултати. П.С. После видеово си викам: "My legs are on fire"
Не ти се чини и јас приметив дека некои се различни. Се водев по планот ама малку покасно сфатив дека со "click here" те носи директно на видеото.
Плејлистата ја следам. Касно забележав. Горе-долу истите вежби ги прави Лили, па исто ти е. https://youtube.com/playlist?list=PLML5icWtMIfT8dIZOV-AAMmD3RALEJC-c Сигурно видовте денес за апликацијата, баш ми е ќеф да ја спуштам, ајде некогаш кога сама ќе си заработувам. 100€ за 12 месеци е премалку, баш имаше напишано дека е поевтино од теретана. За мене и подобро оти си сакам дома.
Фала ти за плејлистата, мене никако да ми текнит да ја побарам на Јутуб. Инаку јас сега баш ја спуштив апликацијата само така информативно да видам како е. Само еден ден имаш бесплатно друго се е со плаќање, така да не планирам вежбање преку неа. Читав коментари демек кога веќе има апликација можеби Лили нема толку често да објавува на Јутуб, ама ајде ќе видиме како ќе биде.
Еве ме назад. Од утрово: Спојлер: Исповед Вчера, божем ќе одмарав, ама го извежбав видеово: + 5 К чекори. Зошто кај Лили, на каналот, има видеа од 50 мин до саат време и повеќе, а во наслов пишува 30 min workout? Многу збори или? Баш разгледував за некое подолго видео, ама кај нејзе преовладува краток формат, наменет за конкретен дел од телото. Ама ме заинтересира новиот предизвик. Може ќе го пробам и јас. Затоа ја сакам Хедер, ако пишува дека видеото е долго 40 минути, толку ќе биде и самиот тренинг +- некоја минута и не морам да мозгам и комбинирам видеа, за да опфатам full body workout.
Зборува да, ама пред или после вежбање, нема паузи големи измеѓу вежби. Мислам дека најдолги и' се видеата од 40мин (вежбање), од цел час нема. Можи да комбинираш уште едно од 20тина минути. Во однос на full body барај така именувани или hourglass. Знам мачно е, и јас мразам комбинирање, затоа програма или еднаш месечно седнувам и 5 часа комбинирам видеа за цел месец. Зависи од мрзата. Почесто да, ластик и тегЧЕ.