За денес полесно Да ве прашам да ми предложите некои ефикасни истегнувања за шпага желба ми е да успеам да направам ама сите видеа што ги имам гледамо не ми биле баш од помош
За ова знаеш, се работи на флексибилност, со истегнување и постепено загревање на мускулите. Никако форсирање, повеќекратни обиди и сè зависи од тоа колку си флексибилна. Frog pose, happy baby од јога многу помагаaт, ги "отвараат" колковите. Барај и видеа именувани со hip mobility. Воведи помалку јога во рутината. Еве три видеа, ако помогнат: Неколку пати сум успеала, во чорапи, на душек за вежбање и секогаш при крај на вежбање, при cool down. Чисто за споредба, во еден обид, на почеток на вежбање не успеав да стигнам ни до 30 см од под. #tmi
Уште два дена имам од предизвикот на Лили и најверојатно нема да продолжам со нови предизвици. Си напрајв мој план за вежбање, отприлика вака ќе биде распоредот. Ќе сум послободна летово и можеби плус пешачење ќе вметнам во повеќе денови, а за кои вежби точно ќе одберам викендов, па да ве прашам дали да остане вака или да направам некоја измена?
И уште многу има за тоа на каналов, само напиши splits. Јас првото видео го имам правено, колку помага не знам, зошто јас секако можам да направам шпага, ама само таа женска што ја викавме ние порано. Кога имав 12-13 години вежбав секој ден и ваљда благодарение на тоа ми успеа, па еве сеуште можам.
Видеава + 28°С во соба (рано наутро ) = Ама чувството после тренинг е @DarkStormm фитнес професионалец си? И другите имаме прашања.
@do-re-mi професионалец не би рекла. Но можам да ви дадам корисни совети. Сега бесплатно, понатаму ќе наплаќам. Се шалам. Се уште учам и јас, но долго време вежбам, користам суплементи, си правам сама програми и диети, исто и на другарки.
Се заборајв јас. Вчера последниот ден од предизвикот и сум задоволна. Ќе продолжам со некој друг предизвик од Лили, немам друга идеја ни време за смислување. Спојлер Во име на крајот на предизвикот, еве слика. Се трудев да е иста облека и светлина. Не е голема разлика, не е без ич, посебно за толку кратко време. (Тешење). Мрза сум најчесто, 1 месец вежбам, 5 лежам, е сега издржав повеќе од 1 (нека ве мотивира мојата мрзеливост). Килажа тука некаде, ми фали мускулна маса. Слики од другите делови засега да не објавувам, и од нив сум слично задоволна. Don't judge пошто треба храброст да се постира сликата, особено ако цел живот се бориш со коментари за изгледот. Продолжуваме. Ај сама ќе се испратам.
I see abssss бравоо, сакам да го пробам предизвикот за стомачните и јас само скратена верзија едно прашање, внимаваше на исхраната, имаше некоја диета или ?
@sunshinebabe Фала ви многу. Не, исто како секогаш јадев. Јадам два пати во денот (not good), живеам од благо, ориз, зеленчук и тестенини. Месо и млеко не јадам, а друго ништо не си ограничвам, ако ми се јади ќе каснам по малку. Се обидов на почеток и храна да сменам, ама тешко ми оди.
@Ugly Duckling огромно Браво срцка, има резултати не ти било за џабе. Денес последен ден од предизвикот на Лили: Од утре почнувам по мој план, имав време викендов па си одбрав вежби и си напрајв распоред.
Ми значи. Не е нешто, ама сепак. Денес без план, немав време за бирање: Моите слики се поќе од рубриката да се насмееме, а не мотивација. Се извинувам ама морав, засекогаш омилена: