Иако јадам два дена без престан од нервози ( и скришно од братучедка ми ) продолживме да вежбаме по саат време на орбитрек. Многу сакам да ве читам, вежбајте, не прескокнувајте ден. Јас ако еден ден прескокнам после тешко дека другиот ден ќе вежбам. Се програмирав така, секој ден.. МОРАМ!! Мразам кога вежбам, едвај чекам братучедка ми да ми каже - Готово Ема, саат време помина.. ии ми се тресе цело тело кога ќе станам од орбитрек, преморена сум кога ќе се симнам и идам во купатило и мавам туш еден што ме препородува! И знаете што? После сум среќна многу зошто сум исполнета, без грижа на совест веќе не се мразам себеси. Дури сум си благодарна
На додадените 2км што морав да ги изодам денеска кога си дојдов направив 20 долни стомачни, 15 горни, по 20 подигнувања на нозете на секоја страна, велосипед па се превртив во свеќа веднаш, потоа по мала пауза уште 10 горни, 15 комбинација змија со склекови, 25 клекни-стани. Денеска нема кардио, доцна вежабав нема да можам да спијам.
Само што завршив со вежбање денес кардио и стомак: Орбитрек 40мин Прави стомачни 4 серии по 20 Долни 4 серии по 20 Горни 4 серии по 20 Странични 4 серии по 20 И на крај 200 скока со јаже секако со паузи.Девојки вие сте ми вистинска мотивациа. Иначе да ве прашам каде можам да најдам тегови за вежбање? Само така продолжете ве поздравувам сите .
И јас за денес завршив што имав на дневен ред Горен ден од телото, стомачни и раце, бицепс, трицепс, околу 1 саат.Незнам дали ги имате вежбано овие вежби на Клаудија Шифер но мене одлично ми делуваат а читам и коментари под видеата дека не сум единствента.Кој сака може да ги проба.
Одам на аеробик 3 дена во неделата. Понеделник, Четврток и Сабота. Таму вежбам по 2 саати и има многу промени.Ослабнав и имам повеќе кондиција.На почетокот кога не тестираа правев 30 стомачни а сега после два месеци правам по 70-80 стомачни.Значи 75% подобро.Кога не одам на аеробик значи Вторник,Среда и Недела правам 3 серии на стомачни дневно. Прво 30%, после 50% и на крајот 75%.Си распоредувам во текот на денот.Никогаш не правам 100%. Така ни рече професорот Убаво е да го активираме телото и да вежбаме
Нов ден ново вежбање. Се загреав со една песна-истата стара добра. Потоа 25 горни стомачни, 25 долни стомачни, по 25 странични подигнувања со нозете, свеќа, велосипед и вежби за растегнување 15 или 20 комбинација склекови со змија ама овој пат повеќе ги дигав нозете од подот, па малце растегнување од таа положба. Испирирана од видеото за раце постирано на фемина (од вежбите со манекенките) првата вежба со боксирањето само без тегови и околу 30 секунди, не повеќе од 45. Потоа 25 клекни-стани бавно, па трчање во место па одмор па пак трчање во место. И накрајот завршив пак со песна, но повеќе за опуштање. Овој ден вежбав малку време, околу 17 минути, но извежбав многу. Незнам зошто така времето ми се скратува.
После олку пешачење како моево денеска, сигурно и најдобриот фитнес вежбач би немал сили за ни една вежба плус повеќе. Релација долга- не ја пишувам ради приватност, ама ако сака некој да ми израчуна во километри колку нека ми пише ЛП. Апликациите вака викаат: Валкроид: 24,48 km односно 30 598 чекори значи во движење бев од 7 и 30 часот до 14 со седење од околу час и пол + во движење од 15:20 до 16 и 10 и од 17 и нешто до 19:00 , па според тоа ако претеруваат апликацииве, ако не 25км сигурно (заокружувам)18 ми се изодени. Акупедо:24,95 со 1103,4 потрошени калории и поминато време во пешачење 04часа:08минути:19сек. ги осеќам мускулите на листовите затегнати
Денес ова беше на распоредот: -20 мин. кардио -15х3 склекови -10 мин. вежби на скали -10х2 склекови на една рака -10 мин. обрач вртење -3500 скока на јаже (Одеднаш, без паузи. Скокање на јаже ми е омилено, па затоа можам да скокам додека не умрам! ) -15 мин. јога Кендис, моја инспирација! Спојлер
Денес орбитек 30 мин и вежби за Нозе и задник + тие на викториа сикрет што се толку сум изморена едвај ова го запишав поздрав си одам јас по еден топол туш .
лелле за срамота неколку дена не сум пишувала тука малку гужва , многу работа , предновогодишна еуфорија и тоа ти е најважно вежбав секој ден понеделник/ орбитрејк 1 саат па вежби за нозе и задник , чучњеви 3х30 од сите , стомачни 3х30 од сите вторник/ инсејнити кардио програм , 3х30 стомачни од сите среда / орбитрек 1 саат , вежби за раце рамо грб 3х30 , стомачни 3х30 денес / сабајлечки орбитрек само 90 минути и толку за денес мислам дека ке си земам една недела одмор сега за празнициве , па и јас сум душа една недела можам да се опуштам мислам дека заслужив поздрав феминки !!!
После прележаниот бронхитис и успешно оздравување-еве ме пак во форма. Еден совет до сите девојки кои прават напорни тренинзи (квалитетен тренинг кој не е испод час и половина, па дури и до 3 часа)-никако во теретана додека сосема не оздравите. Конечно, утре се враќам во мојот втор (понекогаш мислам дека ми е прв) дом-теретана. Ко за почеток грб и стомак.
Имав проблем со нетот и затоа не пишев овие 2 дена. Вчера сабајлечки 45 мин. Тае Бо кардио плус: 200 jumping jacks 20 склекови 20 стомачни 20 чучњеви 10 x 2 серии вежби за трицепс 1 мин планк Вечерта 50 мин танци. Денес само 45 мин Тае Бо кардио. Ќе гледам вечер да извежбам повеќе.
И мене ме немаше 3 дена... Во вторникот вежбав Sculpt (50min), вчера беше присилен ден за одмор најдобрата другарка бранеше дипломска и цел ден не се прибрав дома, а денес Rio Extreme (50min). На 01.01.2013 ќе се мерам (последно мерење беше на 01.10.), знам дека сум намалила неколку cm зошто ми се широки фармерките а порано ми правеа спојлери, ама ме интересира колку се точно Мотивации: Спојлер Без изговори!!! Вежбава е одлична за спојлериња и цело тело
1км на степер 200 различни чучњеви и вежби за задник ( со вреќа од 9кг па со 12 кг, со топка од 5кг, и 2 тега од по 5кг) 100 стомачни (со тег од 5кг) 40 за внатрешен дел на нозете со тежина од 25кг на справа 30 за грбот Поздрав, имајте убава вечер, јас одам на лејдис најт
Малце оф-топик али мислам дека вие тука најубаво ке ми одговорите.Значи висока сум 182 имам 73-74 кила цела килажа ми од горните стомачни до над колено.Сега сакав да ве прашам мислам да си ја сватам сериозно работава и сега на распуст кога ке биде од школо да си вежбам по цел ден мислам кога ке седам тие на фемина вежбите што се за седење,кога ке има реклами на некоја серија да си направам по некои стомачни и да си правам по 3 пати по долготрајни вежби е сега дали ке биде подобро да го правам ова со + диетата на ирена(за тој што не јазнае ..тоа е диета во која за доручек се јаде овошје+тестенина или благо за ручек што било само без леб и за вечера зеленчук и месо или млечни производи)или пак да јадам 5 мали оброци.И уште нешто прочитав во една тема на форумов дека привн треба да се стопи салото за да се гледаат стомацхните е сега дали со аеробик се стопува и дали е подобро да се замотам со фолија околу стомакот з аповеке да се потам?
Денес јас сменив рутината. Решив да се одморам од стомачните малку па правев само вежби за растегнување и малку јога (без некои комплицирани потези) за опуштање, бидејќи вежбав прилично доцна (пред малку завршив). Се ми фана околу 10 минути.
За вчера да си кажам, зашто денес и утре пауза поради долгоочекуваниот новогодишен шопинг. 50 затегнувања на рацете на тотал џим 30 мин на орбитрек 1,5 км истрчани на лента 75 стомачни Се е ова океј, и има резултати, ама ова од страна салцето НИКАКО да го тргнам, абе колку и да внимавам на исхрана и да вежбам тоа чудовиште од страните ми ја зема самодовербата одма. Некоја посебна вежба за таа област? Или нешто у исхрана да сменам?