Како за почеток на неделата: +15 минути загревање и истегнување на крај, не се вклучени. Не мерев дали навистина се трошат 300 калории (како што декларираат на почеток од видеото), ама беше солиден тренинг. Интензитет: среден.
друштво, ви фалев? Не се откажувам јас од вежбање туку бев на викенд, одмарав 3 дена ии еве ме денес се враќам на вежбите Ќе вежбам орбитрек 10мин за денес и следново до утре
Од утрово: Долго ги избегнував видеата на КејКеј, но денес собрав сили оти е само 30мин. Ахам... Интензитет: среден накај "Џизс Крајст, ова не е хумано" . Ама го завршив и сега барам нов предизвик.
Да ви се придружам и јас па да се мотивираме. Од денес почнав имав пауза од месец ипол. Планирам неделава кардио и цело тело да ги активирам мускулите и да не ми се воспалат толку брзо, па од понеделник после здравје некоја од клои програмите. За денес: - 15мин скокање на јаже и
Хај, хај, хајјј.... Како е? Ќе ве дружам од денес се надевам. Малку вежбав, малку закржлавив ама што е тука е. Планирам да вежбам според новиот 14 дневен предизвик на Лили, ако не се лажам вчера го има објавено. Денес ден 1: Мотивација или инспирација, ја заследив Линда на Инста, баш ми е интересна, па ќе ви споделам линкче од профилот. https://instagram.com/lindamont?utm_medium=copy_link
Сабајлево пак одбрав lower body workout: Интензитет: (релативно) лесно, што не значи помалку ефективно. Го содржи основните (стандардни) squats, lunges, glute bridges, side leg rises итн. организирани во 3 рунди, без повторувања. Мислам дека и почетници би се справиле. @Ugly Duckling и така малку луѓе пишуваме што вежбаме, се осеќа сечие отсуство. @Carolin.
@Carolin. @Ugly Duckling Добредојдовте назад девојки За денес abs+ upper body: 3×15 Heel touches 3×30s Flutter kicks 3×15 Oblique V-Up 3×15 Standing Knee to Elbow 3×10 Standing Bird Dog 3×15 Plank hip dips 2×10 Push ups 2×15 Overhead triceps extension 1 min. Plank 1 min. Mountain climbers
Хај! Pamela ми е позната, сум вежбала на нејзините видеа. Другиве не ги знам, баш ќе ги видам. Инаку јас често отварам на каналот на growingannanas. Многу ми беше смешно мотивационово видео Денес планирам малку со тегови:
Вчера беше еден од оние денови кога имам желба и време и за кратка попладневна сесија, затоа пишува вчера над две од видеата. Утрово го вежбав само видеото од Оливија. Btw, сè повеќе ми се допаѓаат нејзините тренинзи, посамоуверена е во видеата од последниве месеци и покреативна во осмислувањето на концептот за еден тренинг т.е прави интересна содржина и малку поразлична од генеричките. А Eylem ми е турската Памела, ист концепт, ништо ново, а сепак ја преферирам пред другава кога сакам кратки видеа. Спојлер Ги пишувам моите кратки "рецензии" за оние кои сакаат да пробаат нешто поразлично од Клои и Лили. Ништо лично против девојките, ни против оние кои вежбаат нивни програми, но мислам има и многу други добри YT фитнес канали, кои се малку потценети, а нудат квалитет. Убав и фит ден на сите.
@do-re-mi мене искрено ми станаа досадни Лили и Клои, па затоа вака многу убаво што пишуваш рецензии. Можеби ќе пробам нешто ново, сакам предизвици. Јас во последно време правам комбинации од вежби од ashleigh_jordan на Инста. За денес: 3×15 Glute Bridge 3×15 Single Leg Thrust (left and right) 3×10 Extended Abduction Variation 3×10 Fire Hydrant Variation 3×15 Donkey Kick/ Leg Raise 3×20 Clamshell 3×20 Diagonal Chops 1min. Wall Sit Утре ќе паузираме.
Како реков "да не ми се воспалат мускулите"? Да се насмееме на моите желби, вчера три скали од врата да поминам, мислиш 100 кила сум кревала Ама магнезиум и андолче па денес попуштија, не верував дека нозете толку ке ми се воспалат бидејќи сум во движење постојано За денес: Се изненадив, бидејќи читав по коментари им требале подолги паузи, мене видеово ми беше таман ко по мое темпо правено да е Малку мотивација