епа вака зависи можеш да правиш комбинирани вежби кардио(трчање,возење точак..) и вежби за затегнување или пак можеш 3 дена кардио и 2 дена за затегнување, а што се однесува до исхраната се што е здрава храна значи да имаш доручек ручек и вечера ( по можност да не биде пржено) и да внимаваш колку калории да внесуваш на ден околу 1200-1500.Се надевам дека ти помогнав барем малку
Знам дека на фемина го видов планов за вежбање ама ич не ми текнува кој го постираше. Поздрави до тебе во секој случај Го почнав на почетокот на претходниот месец, истерав недела и пол/две ама после имав многу обврски и малку време. Неделава пред Нова Година ми беше порелаксирана и се натерав да го вежбам. Одличен план. Малку напорен и иако не верував се запотив. Ги чувствувам мускулите позатегнати посебно на нозете и стомачните. Јануари нема да можам да вежбам ама после тоа дефинитивно го продолжувам. Прва работа, треба пола саат максимум за да се извежба се. Кога ќе направам споредба колку време дремам на интернет ништо не е пола саат. И плус секој ден е, се стекнува навика. Препорачувам.
Вчера вежбав: 20 мин Орбитрек 500 скокови со јаже 200 различни стомачни 10 серии по 10 пати за задник на справа со 15 кила. Мене ској тренинг ми е саат и пол до 2 часа. Денес одам пак.
Денес од сабајле: -45 мин. скокање на јаже -3х15 склекови -20 мин. зумба Си пуштив супер музиче, ама брат ми стана изнервирам (инаку има 23 години), а после него сите и ме прекинаат. Дома моментално се моите останати 4 сестри (најмладата е 18, па 2 е 27 и третата е 29), брат ми, мајка ми и татко ми, моите 2 внуки (од најстарата сестра) и my brother in law (и тој спие кај нас видејки неговите се на гости кај сестра му, а таа живее во Белгард и нема клуч од станот моментално). Најстрата ќерка и my brother in law (секогаш се зезаме така го викаме и сега веќе ни е навика) живеат во Њујорк и за празниците се дојдени во Скопје, исто како најмалата ќерка која моментално студира во Виена. Одвај чекам да си одат сите!! Денес вечер повеќе ќе извежбам, па ќе пишам! Мото на денот: Здраво тело, здрав дух!
Не сум активна од понеделникот вечерта, дури денес само што завршив со вежбање. Иако вчера изгубив надеж што не вежбам веќе три дена, па дури јадев и чипс сепак денес си се вратив со здравата храна и вежбањето. Како и обично 30 мин каридо, 20 мин вежби за раце од Викторија Сикрет на јутуб, стомачето 10 мин (вклучувајќи и планк од 5 мин, кој што постојано си го правам пред што и да вежбам) и на крај за задник 50 чучеви а и едни вежби со тегови за задник од буллет боди (околу 5 мин) и толку доста е Не се откажувајте поради некој грешка, сетете се зошто сте почнале и колку ви требало да стигнете до таму !! keep going....
конечно завршив и јас -150 стомачни -150 скокови на јаже -80 чучневи аааа и да заборавив уште не сум завршила за денес, вечер го имам последниот аеробик час оваа година. THE AWESOME MOMENT WHEN YOUR EX IS GETTING FATTER AND YOU ARE GETTING HOTTER
денес орбитрејк 90 минути само стомачни и чучњеви направив 3х30 . добро е и толку кај што успеав да извежбам во овој моментален хаос кај мене дома поздрав феминки
Сношти танци 50 мин. плус 10-15 мин. стомачни и склекови. Денес пешачев едно 3 и пол саати, така да не вежбав вечерва ништо, бидејќи ги осеќам мускулите премногу затегнати и не сакам да ги преоптеретувам. Утре е нов ден.
денешниот фитнес ден ми беше различен од предхдните правеме генералка со мајка ми па станав жива вода -во секоја соба поскокнување за фаќање паужини -рибање на подот -трчење по скалите пренесувајки ствари од горе до доле -дигање на потешки ствари бидејки правев размештај во мојава собичка за сега ми беше доволно, вечер идеме со вежби за газето и стомачни
За жал,долго време не ве дружев во темава.На обрските им немаше крај,а и имав проблеми со коленото и вежбањето не ме видело недела и пол.Единствено што правев во овој период се вежби за раце.Се гледаме во новата 2013 со нови сили и со уште подобри резултати
Ја па ич не ни сакам да видам кога последен пат имам пишано на темава резил немам вежбано не се ни сеќавам од кога. Вчера бев на тренинг. Супер тренинг, се испотив. Стомачни многу тешки, странични стомачни, вежби за нозе и за заден дел и на крајот 3 серии склекови Понеделник само правам пауза, немаме тренинг нели нормално и после почнувам редовно
денес извежбав инсејнити кардио па стомачни 3х30 од утре сум на 10 дневен одмор па здравје после тоа пак ке си продолжам со вежбање додуша и одморов ке има пешачења скијање и прошетки но нема да пишувам тука. Пред време да ви посакам се најубаво во новата година и оваа 2013 година да бидеме сите здрави срекни фит секси и убави и нормално паметни девојки Поздрав девојки
Денес имав многу малку време но сепак: 100 стомачни 150 за задник и 1км на степер (8 левел) Утре повеќе!
Многу е добра темава,особено мотивациите,навистина имаат моќ.Јас не сум многу по вежбањето ама се надевам наскоро тоа да се смени барем малку
Јас си одам на зумба два месеци скоро, ама сега паузирам пошо не сум во Мк. Арно ама си пуштам цеде и си играм и дома зашо да не. Влезе татко ми в соба и ме гледа и се изнасмеа и си излезе Инаку си купив тегови од по 1 кг, со такви вежбаме понекогаш на зумба. Се нервирам пошо цело време ослаби здебели си правев во животов, па имав нагло здебелување и нагло ослабување и на рацете горе иам малце салце ми се треси а не сакам. Се треси бе Па сега се мислам дали со тегчињава може да си помогнам. Од долната страна знаете за што зборувам.