Хелоу Гледам најактивна е оваа тема па ќе прашам тука. Дали имате користено resisatnce bands со променлива должина? Нз како се викаат точно на македонски, на англиски се adjustable И ако имате користено дали сте задоволни и од каде ги купивте? Да се вратам на темава. Одамна немам пишувано тука, но вежбам редовно. За денес во план ми е: Имајте убав ден
@f.girl имам барано но никаде немам најдено, јас користам од jumbo и од hardcore shop. За денеc Danielle, очекував да е многу лесно бидејќи го праев само со body weight ама не беше хахах
Здраво згодници Гледам добро оди вежбањето и мило ми е Јас да се пофалам дека неделава одлично ми оди со трчањето од 1.6км накачив на 3, првите два дена беше тешко сега е веќе полесно. Сакам да стасам барем до 5-6 км на ден, ама полека без форсирање неделава истрчани 5 дена од 7, утре ќе се планинари. Ке ви давам неделен update бидејќи трчам и не ви било интересно секој ден исто да читате Имајте убав и фит ден
Утрово сакав нешто полабаво, ама сепак завршив со малку кардио: Првото видео (Coach Kel) е доволно лесно и за почетници, а има примеси на barre и е супер за тонирање на мускулите.
Од вчера: Денес го пробав ова видео и многу ми се допадна. Има добра комбинација од вежби и уште еден плус има што е вклучено загревање и истегнување.
Како за почетник мислам дека не е лошо. Првото видео ме изнамачи не е за почетници. Приквечер и пешачење
После цела недела пауза конечно време за себе. Just did it: Бидејќи мразам да повторувам исти вежби по стопати, само по еднаш ги направив од второто видео. Се на се 30-40 мин за сите вежби.
Од утрово : Ова е стварно killer workout и дел од вежбите ги заменував со нивната low impact верзија или слични. Во спротивно, здив не ќе можев да земам, после тридневен одмор. Додуша, вчера шетнав (околу 5км, без водење статистики) и уфрлив едно кратко видео од Madfit:
Утрово вежбав lower body со Madfit: Малку непланирано и ад хок ги одбрав видеата, но фино се надополнуваат и добро беше неизбежно. Убав фит петок на сите.
Денес не се форсирав многу. Го пробав ова видео на Памела и баш ми се бендиса, многу креативно. Првпат ластиците за вежбање да ги искористам за горен дел од телото. Како за недела вклучив и кардио+ зумба танц. Ова видео го обожавав како мала и многу се израдував сега кога го најдов.