+ пешачење. Се надевам почесто ќе ме има на темата и ќе најдам мотивација за барем 4 пати неделно вежбање.
За денес, по распоред имав core+cardio* или како што јас си го викам double C . На крај вклучив и дополнително истегнување оти она на крај од видеото е премалку. А, пред истегнувањето ја вметнав и мојата glute bridge серија, што ја пишав овде пред некој месец, 40 повторувања од секоја вежба. * Не сум вежбала видеа од Patri повеќе од година дена, па кога пребарував видеа за core и cardio, се решив за ова, оти малку ми здосади и Хедер. Прилично лесно е видеово, па кој сака да слуша шпански - пробајте. Или одберете некое друго нејзино видео. Исто и Susana Yabar има добри видеа на шпанскиот канал (има и англиски и француски канал, ми се чини). Уште за викендот да си кажам. Активноста беше сведена на прошетки во природа и работа во двор, без апликации и водење статистика за потрошени калории. @IM.TMKQ . Фино е друштвото овде.
Паузирав 3 дена, а за денес х 2 пати и еднаш со bodyweight. @IM.TMKQ добредојде да се мотивираме заедно
Здраво, малце off topic, ама незнаев каде е најпогодно место да го постирам ова. Направив една анкета и потребни ми се одговори од активни луѓе (различни полови, различни возрасти), ако имате 5 минути да ја пополнете би ви бил многу благодарен и да знаете ќе ми помогнете многу! https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc1IZYxfQPHYRrcQZDVW4xot6AGdu0raV74N1izBvArFUf_AQ/viewform Фала однапред!
Прво muchas gracias на @do-re-mi за предлогот. За денес имав друг план, ама штом е на шпански јас не можам да пропуштам. Се сеќавам дека уште од порано го имав забележано gymvirtual во препорачани видеа, дури и претплатена сум била на каналот, ама известувањата не ми биле вклучени па не сум дала големо значење. Patri ми е многу симпатична, баш со шпанскиов ми се двои од другиве фитнес девојки на Јутјуб и мене како што за брзо време знаат да ми станат досадни едни исти вежби секогаш имам мотивација да пробам нешто ново. За денес една комбинација од нејзините најпопуларни видеа + најновото од вчера и секако истегнување на крај: Вечер ќе пешачиме.
@Reina.Gitana Para eso estamos . Gracias a ti. Утрово по распоред следуваше upper body. Имав на располагање само пола саат, па одбрав видео од MrandMrsMuscle*: *како се поти човеков, а мене лесно ми се виде. Може затоа што тој користи тегови од по 10кг, а моите се 1,5 кг. Пред истегнувањето, вметнав серија од 8 glute bridge варијации, по 40 повторувања од секоја. Утре ни толку време не ќе имам, пa ќе земам принуден rest day. до четврток.
Од вчера Немам голема кондиција, со оглед дека подолг период не вежбав но секој нареден пат осеќам дека можам повеќе да издржам.
Од утрово: Holy moly!!! Дали од утринскиот дожд, дали од умор и малку сон, но забушив скоро 20% од првото видео. Low battery mode. А и женава е нинџа, не можам со неа. Не е првото нејзино видео на кое сум . Дури и јога видеата и' се кардио. Затоа пак, со мерак и го завршив второто. @Cherry blossom89 уште ли одмара?!
Порано имав вежбано со велосипед ама сега некој период не.Кој има искуство колку км треба да се врват на ден да не биде терет одеднаш и дали е подобро да се почне со помалку км и да се наголемуваат км пишете кој има искуство позз
Зависи колку располагаш со кондиција. Ако имаше подолга пауза сега на почеток почни постепено по 20- 30 минути па после со тек на време ќе зголемуваш. Отприлика би биле 6-7 km за 20 мин.
Таман си реков ме заборавија згодниве и оп некој ме помислил се вратив од одмор, едвај се прилагодив на разликата во темп. во Турција 36 овде есен дошло но мислам дека утре петочки веќе полека да се враќам во форма, убаво се одморив гледам вие сте си продолжиле со вежбање со плус некој нов, па еве од утре официјално се враќам и јас
Welcome back @Cherry blossom89 Јас за денес само пешачење од 10км, а вчера одмарав додуша шетав по бутици ако се важи