Иии еве ме мене За денес одбрав Орбитрек за загревање и ова И подоцна ќе пешачам нај малку 7км П.С со оглед на тоа што редовно пешачам, одлучив дека многу ми е секој ден вежби и пешачење, така да вежби ќе правам преку еден ден
Јас оваа недела имам повеќе обврски и денес само 5км пешачење ама од понеделник ќе се вратам на 4-5 пати неделно вежбање
Не сум вежбала видеа од Памела подолго време, па затоа за денес одбрав една дневна комбинација од нејзиниот 7-дневен план за вежбање: За вечер планирам пак пешачење, а утре ќе паузирам и ќе почекам да го објави новиот 7-дневен план кој ќе го почнам од понеделник. Имајте убав викенд
Се важи, се важи (барем ние тука го уважуваме), особено кога и картицата е во игра. Вчера и јас така одмарав, а утрово почнав со HIIT: Спојлер: Мотивација Веќе знаете дека секогаш потенцирам дека редовното вежбање носи бенефити beyond добро и тонирано тело. Уште едно видео на темата:
Здраво згодници Се сеќавате на мене? Јас почнав во теретана, неделава 4 пати бев од планирани 5, ама добив и не можев сабајлево да одам. Наредна недела се стремам да бидат 5/5. Цела недела вежбав full body се дружам и со траката обавезно. Трчањето ми е омилено. Морам да кажам дека за 3 недели сум -3, и сум презадоволна бидејќи две недели дома вежбав и една само во теретана. Ама многу си ја средив исхраната, ептен голем пресврт и се гледа резултат, ви посакувам успех на сите, а јас ке продолжам да ве известувам како оди Малку мотивација
Убав сончев ден и правец парк почнавме од Центар и цел парк свртен така да биднаа 11 - 12 км Утре вежби
@Carolin. Браво за упорноста, ова е само доказ и мотивација дека ако се сака се може. Сето тоа е процес и со тек на време ќе можеш уште повеќе да се запознаеш себеси и да се предизвикуваш кон уште подобри резултати. Храбро продолжи напред и не се откажувај. За денес освен вежбање јас да надополнам и кратко вечерно пешачење
@Cherry blossom89 исто и јас промена на план. Иако беше ден за одмор, непланирано испадна да одам пак на пешачење Чекав и да го постирам планот за вежбање за неделава што следи, ама Памела вечерва нешто касни со објавување.
Ш' убо кога понеделникот (и неделата) ќе почне со leg day. Тоа следуваше по распоред. Првпат вежбам видео од Bigsis, всушност вчера "го открив" каналот и ми се допадна форматот. Малку поразлично, ама забавно, не сетив кога помина времето. Има доволно паузи измеѓу вежби и блокови, па би рекла дека е прикладно и за почетно ниво, но не и абсолутни почетници. Не планирав, но имав доволно енергија и за второ видео, па се одлучив за последното од Хедер. Убава фит недела на сите.
цурици Денес некако тешко ми беше, ми фалеше енергија, но инат, реков ќе вежбам и крај а и дома завршив обврски и еве, како за денес со тоа расположение Орбитрек 13мин и Ивана
Денес го почнав 7-дневниот план за вежбање на Памела. 5 дена се вежби по 30 минути, 1 ден истегнување и 1 ден одмор, само што јас ќе направам ротација во деновите: среда/четврток ќе биде одмор, а сабота/недела истегнување. Ден 1: Понеделнички започнав со добар избор на вежби за arms + abs кои баш добро ме испотија. *не ги правев женските склекови, никогаш не сум ги сакала и ги заменив со стандардните склекови кои секогаш ги правам. + кратко пешачење
Да не заборавиме битно е да се движиме во текот на целиот ден! Некогаш кога сум седела 8+ саати на работа, вежбањето од 1ч, дома, после работа е ок, ама не ми надокнадува некако за континуираното седење пред тоа. Може наутро да направиме 10 мин. вежби или во текот на денот, кога имаме малку пауза, да ја искористиме за да се размрдаме. Еве предлог 10 мин. вежби само со стоење (така што може да се прават и надвор од дома). Денес ги направив првите за добро утро па вторите за стомачните подоцна. И користете ги скалите, не лифтот
Ден 2: Booty Squeeze *видеото за inner thigh ×2 пати, морав да сменам дека другото видео во планот не беше knee-friendly.
Вежбав и утрово, само немав време да постирам: Вклучено е и загревање и истегнување на крај. За разлика од вчера, утрово едвај се натерав да почнам, ама не сакав да губам моментум и стиснав заби. Кога веќе почнав, тргна работата. Инаку, ова е killer, не преувеличува, ама чуството на крај е .