Утрово акцентот на горен дел од тело, ама одвоив и десетина минутки за внатрешни бедра. Вака беше терминот мислам. Пресите на под, од првото видео, ги правев во glute bridge hold позиција, за дополнителен напор.
Здраво згодници Дали некоја од вас има вежбано crosfit? Има опција во теретанава па се мислам да пробам
Убави мои Јас да ви кажам нешто не сум расположена овие 3 4 дена(ме мачат некои работи) и не ми е до вежбање, ама затоа есенскиве прошетки со маже и убавиот воздух и тоа како ме опуштаат, па и денес пешачев скоро 11км. Се надевам утре ќе успеам да извежбам, ако не, секако прошетка не ми бега Убава октомвриска вечер
@Cherry blossom89 Ако ти треба муабет, совет, тука сум знаеш слободно пиши ми. Ден 6: Good Mood Booty + пешачење (*денес времето многу убаво, баш се погоди за прошетка ) Утре е последниот ден од планот на Памела и по распоред следи истегнување. Си викам браво бе Реина, после Лили успеа и втор план за вежбање да го истераш до крај. За утре имам план и за возење со точак, цело лето помина дури сега ми текна да го разбудам. Доста време дремеше во гаража. Имајте убав викенд.
znaci seuste sum aktiven so moite vezbi... deluvaat seuste na moeto telo, se cuvstvuvam odlicno.... znam deka se ednolicni za sekojdnevno objavuvanje, zatoa prestanav da se najavuvam sekojdnevno... silno ve poddrzuvam.. prodolzete i ponatamu... uspeh ke ima no mora da ste nepopuslivi i da veruvate vo sebe..
Ден 7: Истегнување + возење точак после не знам колку долго време. *Апликацијата што ги броеше чекорите не ми функционираше за броење километри со точакот и уште на почеток ми прекина, но по моја претпоставка отприлика веќе ми е позната релација и би биле околу 20км. Можеби ја претерав како за прв ден возење после долго време. Ии го завршив 7-дневниот план на Памела. Знаете дека не сум баш голем фан на вакви планови ама, навистина ми се бендиса нејзиниот план за вежбање и ќе продолжам да вежбам според неа. Во споредба со Лили и Клои, таа има подобро организиран распоред со повеќе варијации на различни вежби и видеа и не ми станува монотоно вежбањето. Имајте убава вечер
Здраво Дали некој знае персонален тренер кој прави и план за исхрана во близина на Гоце студентскиот?