Го видов предизвикот на Ана ама идејата за секој ден фитнес вежби решив да ја напуштам, бар за сега. Пробав една недела и ми дојде премногу напорно физички. Сфатив дека ми е најдобро 4-5 дена во неделата и да си дозволам време за одмор меѓу поинтензивните денови. Приметив дека и вежбањето ми е поефикасно во тој случај. Секако новите видеа на Ана ќе ги пробам . Можеби ќе стигнам до тоа да вежбам фитнес и по 6-7 дена неделно некогаш. Порано ми успеваше, ама постепено стигнав до таа кондиција, ќе мора и сега така. Секако секој ден возам точак, вежбала плус дента или не. Кога времето беше врнежливо вежбав исклучиво со growingannanas или пешачев повеќе тие денови, ама ми недостигаше многу точакот. Кружните движења со нозете ми се незаменливи за колената. Кој има мака со менискуси или артритични промени на колена му препорачувам возење точак без отпор-нема боља вежба (освен можда пливање ).
@Cosmic Girl мислам не мора последователно 7 дена, бар јас не би. Може после третиот ден, еден ден одмор. Да, вежбање секој ден, без одмор е контрапродуктивно. Сепак сме рекреативци, а не професионални спортисти. Би сакала и јас да можев повеќе да возам велосипед, особено во природа, ама не ми се допаѓа ефектот што го постигнувам. Спојлер Кај дечково изгледаат добро нозеве, ама кај жена . Кога возев, не бев далеку од ова. Ок, малку преувеличено, ама мислам се разбираме. Сум кажала и порано, мезоморф сум и за мене идеално е да балансирам меѓу кардио и strength. Повторно, сè се сведува на тоа секој да си ја пронајде својата формула за вежбање т.е она што најмногу ни одговара индивидуално.
За денес комбинација од се по нешто малку пократко, но не помалку интензивно. Краток опис на 8-минутното видео= abs + sweating Утре ќе биде ден за одмор.
Сакам да пробам некој план од Памела, можеби не баш оваа недела, некоја од претходните ми се имаше допаднато. Битно скриншотови берам од планови и вежби. Почнав вчера. Новиот предизвик на Клои со мали измени, за почеток со неа ми е најдобро. Жал ми е шо си ја напуштив Лили ама немам сила за нејзините вежби сега. Денес:
Од утрово... Има вклучени загревање и cool down, затоа таман ми дојде, ништо не додадов денес. Единствено, би рекла дека ова е скоро full body, освен раце, рамена и грб, има и доста core вежби, а и нозете прилично се вклучени. Со секој случај ми се допадна.
Одлучив дека ќе вежбам задник и нозе 2 пати неделно, waist и abs исто 2 пати, а раце и грб 1, па ќе видам какви резултати ќе имам. Денес ми беше повеќе full body. плус 50 crunches и 65 bicikle crunches и кардио од 20 мин. Вчера бев плус и на прошетка некаде 2км.
Хелоу Ме немаше неколку дена, но вежбам редовно само заборавам да постирам тука. Денес се дружев со Лили Гледам некои од вас ги следите плановите на Памела. Јас почнав со неа да вежбам, предобри се видеата и има ефект од нив, но брзо ми здосади дека не зборува. Со Лили ми е позабавно и побрзо ми поминува времето Сепак, понекогаш правам и вежби од Памела, посебно оние за задник
Јас имав ваков распоред едно време и по него се водев, но не издржав да имам константна желба за таков план. 2 пати неделно вежбање за тие мускулни групи се сложувам, само што јас си правам измена за некој ден и додавам друга комбинација: abs + booty, side abs + cardio, booty + thighs...ем пошаренолико, ем поинтересно. Ќе имаш резултати и со Лили, јас баш подолго време вежбав со неа во летото, но ми станаа досадни еднолични вежби на секое и не сакам кога некој ми зборува при вежбање. Најубаво за мене само музиката да ечи и друго ништо не ми треба. Памела има поголем избор на вежби, музика и засега не ми здосадила. Уште еден плус за мене се вежбите за задник и нозе за кои има варијанти на knee-friendly.
Vecerva eden cas se oslobodiv od negativnata enerdija vezbajki....sekogas teram do kraj koga sum negativen...posebno sklekovi dodeka me drzat race...isto i stomacni...podobro mi e da osetam telesna bolka od vezbi otkolku psihicka napnatost i stres Od gluposti iiiiiiiii....pozzzz, Prijatna vecer.
Утрово комбинирав 5-ти и 6-ти ден (conditioning&mobility). Последниве месец-два ја имав запоставено јогата, а знам колку ми помага за општата флексибилност и баланс. Марина "ја открив" преку Инстаграм, двои од морето јога инструктори таму, а и ептен ми е симпатичен нејзиниот силен руски акцент и грешките кои ги прави зборувајќи англиски, но за некој тоа може да биде и trigger. Предупредени сте . Убав викенд. До понеделник.
За денес комбинирање abs + booty. Првото видео е повеќе бавен тренинг за да се активираат стомачните мускули и задникот. Вклучени се и нови вежби за задникот кои досега не сум ги пробала. Второто видео иако пишува 2 во 1, се состои од 3 дела. 1 дел: фокус на стомачните мускули од сите агли; 2 дел: комбинација од вежби за стомак и задник; 3 дел: крајно фокусирање на задникот.
За денес 2x20 crab walks 2×15 clamshelves 2x10 bulgarian spilt squat 2x15 sumo squats 2x15 deadlifts 2x15 hip thrusts 2x15 donkey kicks pulses 2x15 fire hidrants 2x15 bridges 2x20 squat jumps 3x30sec vaccuums Од сега секој ден ќе правам и vaccuums кога ги правев редовно забележав намалување на струкот
Denes a i vecerva imam moznost samo da ve citam i da ve bodram, na sluzba sum 24 casa.... prijatna vecer.
Ден 4, по програма треба да е rest, ама доста беше од одмор, а не ми ни бараат мускулите. На седмиот ќе одмарам. Мотивација хмм, не знам, ама црвен кармин пред вежбање и тоа како мотивира и дава самодоверба. Ова ми е омилениот распоред. Дефинитивно тогаш имав најголеми резултати. Прва прилика седнувам да си направам и јас.
Vacuums се тајната формула за 11 line abs , ама мора добро да се совлада техниката. Лани религиозно ги правев, по вежбање, на празен стомак. Почнав со 5, па потоа стигнував и до 20. Инаку, секое вовлекување на стомак не е vaccum (напомена за почетници). И бидејќи вклучува и pelvic floor, избегнував да ги правам во циклус. Може нема врска моево, ама си развив теорија . Како ги правиш ти? Во стоечка, седечка или лежечка позиција? Лично, преферирам стоејќи, зашто лежејќи се созадава еден многу непријатен спореден ефект. Кој ги правел, може ќе се сети за што зборувам.