Денес, пост ковид и после барем 3 недели неактивност почнав само со истегнување, страв ми е да напнам и решив да биде постепено и да видам како ќе реагирам. А дека сум се укочила од лежење да.
За денес ова Плус Plank 2х50sec Straight arm plank 50sec Kneeling side plank 20sec each Side plank with arm raised 16sec each Cobra stretch 30sec И истегнувања за грб
Мислев дека нема ни да се загреам во вежбиве затоа што се bodyweight, ама се излажав, едвај ги заршував круговите. Супер вежби.
Ја еве после подолго време викам да повежбам во домашни услови И еве сеа правев склекови а одамна неам правено. И не знам направив 4-5 серии, и уште неам правено стомачни а веќе со осеќам моќно. Се зезам . Да го поздравам @Gentle Man колега по домашно вежбање. Добро ми дојде брате трнингов. Одамна те неам прочитано. Колку склекчиња правиш? Јас сега успеав 100 во 5 серии. Ама ќе си ставам за цел да качувам секој ден. Сакав да те прашам дали правиш различни пр. тесни, широки, нозе горе? Или стандард? Јас пробав да мешам сега
Не снема, не снема, ама не забораваме да вежбаме Одамна не сум била волку дисиплинирана. Најдов ритам кој ми одговара- вежбам преку еден ден (еден ден пауза да се опоравам од претходното, за да не липсам и за да завршам обврски други). За да избегнам монотонија и да внесам разновидни вежби еднаш вежбам без видеа, класичен аеробик, по помнење, исто ко порано што сум го вежбала години со инструктори во фитнес клубови, па наредниот пат вежбам на видеа од Pamela, Growingannas и MadFit. Најчесто ги бирам тие со тегчиња или со ластици. Последен пат (вчера) правев интезивен Hiit тренинг од 20 минути (growingannas) + 15 минути стомачни (growingannas исто) + 10 минути стречинг за оладување (madfit) и успешно ги завршив без забушавање . Денес планирам да паузирам и да се социјализирам. Стварно има разлика во кондиција кога си редовен и доследен.
Ова кажуваш за себе или во име на сите активни вежбачи на темава? Јас дури не видам, не верувам. Шала на страна, штом ти одговара тој ритам продолжи си така со вежбање. Важно е да сме редовни прво за нашето физичко и психичко здравје, па после и за кондиција, енергија и резултати. Секоја редовна физичка активност ни ја зголемува фитнес мотивацијата и желбата за продолжување напред. Дури не бев на форумов не ни водев евиденција кој ден и што за вежбање, вака ова сега ми е како еден месечен дневник, ама досадно е само јас цело време да пишам овде. Инаку факт е дека темава не е активна како порано и мислам дека тоа повеќе се должи на зимскиот период, ладното време, па и изгубената мотивација. Ке дојде пролет и сигурна сум дека темата повторно ќе биде повеќе активна.
За себе мислев да кажам, иако пишав во множина. А во право си, не е само заради личната евиденција, кога ќе пишеш тука има и мотивирачки ефект и за себе и за другите. Ајде, нареден пат ставам и јас инфо што сум вежбала.
Да прашам што мислите дали овие кратки видеа би имале ефект....сите се кои 7мин кои 10мин...или ке треба да ги повторувам по 2 или 3 пати... Некои ги правев изгледаат лесни но најискрено едвај ги довршував...
Ова некои кардио вежби се. Не се лоши убави се да ти направат циркулација и да те раздвижат, ама гледам трипати повторува иста серија вежби во тие 10 минути. Мене лично такви исти вежби кои се повторуваат неколку пати ми се досадни. И имам чувство дека така некои мускули сум ги преморила а за сметка на тоа другите не сум ги активирала ич. Така да завршувам серија па одам на други вежби за друга група мускули. Така во 40-60 минути ги опфаќам мускулите од речиси цело тело. Некогаш некои може вежби да не ги направам, пр за нозе ако сум уморна од одење или стоење тој ден ќе направам малку само, ама ќе направам затоа па повеќе за горниот дел од телото. Па нареден пат друг ден, обратно, повеќе нозете ги вежбам, помалку рацете. Некој ден само кардио, некој ден само аеробик, некој ден после 20 минути вежбање пример уште 10 мин си денсам на омилени песни... Најди што ти одговара и ќе имаш ефект.
Денес ова вежбав: Последната на крајот имаше репетиција на последната серија, не ја повторував, да си бидам искрена, еднаш ја направив само. ми се виде досадно а и веќе бев уморна Supper sweaty беше ова
Денешниов ден почна со: + 10 минути (општо) загревање и истегнување. А, при крај, пред истегнувањето, вметнав и три варијации на glute bridge x 40. Прв ден од серијата Activate на Sydney. Трае 21 ден. Новата цел оваа година ми е да тренирам и доследност, зашто досега ниедна програма не сум завршила иако вежбам редовно со години. Секако, ќе дополнувам со други кратки видеа, кога ќе ми дозволува времето и расположението, за да избегнам монотонија и ќорсокак. Ако ја завршам, следна во план ми е HR12, која веќе е во тек. Засега ми фаќа око. Не ја следев темата изминатиот месец. Се надевам сите сте тука и продолжувате со активност. Кога ќе имам време, ќе пролистам некоја страна наназад.
Е, така... малку ве бомбардирав со лајкови, ама ќе простите. Сепак сметам дека секој што вложува во себе, во своето здравје заслужува поддржка, па било тоа и минорна, во форма на лајк. @Reina.Gitana се надевам и јас на активна дружба во периодот што следи. @Cosmic Girl со тебе сме ептен на иста фрекфенција. Кога те читам, ко мислите да си ги читам. Дури и слично се изразуваме. Верувај, вчера кога пишав, те немав прочитано погоре, а иста терминологија. Синоќа ми се отвори краток слот и наместо да пуштам серија, ова вежбав: Попладне ќе рапортирам за денешниот тренинг.