Хаај Мислам дека прв пат пишувам во темава, ама ве следам редовно. Активно вежбам веќе 3 години во теретана и бидејќи вежбам на различни справи и за многу вежби всушност не знам и како се викаат, никогаш не сум се вклучила во дискусија. Е сега за тие 3 години сум имала и подолги паузи, посебно кога сум била во сесија, ама секогаш се враќам и се трудам да бидам активна колку-толку. Секогаш почнувам околу 10 мин пешачење на лента и загревање со некои лесни вежби, па продолжувам со одредена мускулна група. За денес имам нозе и задник. Сакав само да се пријавам во темата и да ве поздравам. Останете вака мотивирани и активни. Се ближи лето.
Ден 6: Иако вчера планирав уште едно видео од 20 минути, утрово сфатив дека повеќе од доволни се овие 40 мин. + дополнителни десетина минути јога (истегнување) на крај. Уште еден добар ден. Спојлер Попладневната сесија од вчера:
Денес повежбав 20-ина минути свои вежби за истегнување и овие вежби за стомачни: Немав многу време за да извежбам повеќе, ама не сакав да се случи и ич да не вежбам денес.
Ден за активен одмор, па одбрав јога за мобилност: У-жи-вав. Со причина во насловот стои advanced. На моменти сериозен предизвик за core strenght но, пријатно се изненадив од себе. Издржав до крај и без забушување. Некој сигурно ќе замери и но, одбирам и охрабрувам одбележување на малите победи секој ден отколку програмирана (од општеството) скромност.
Уште еден ден од предизвикот ми остана. Не многу тешко, со мои измени, ме нервира шо секој ден беше фул боди, немаше време да ми пододморат мускулчињата. Сега ќе смислам нешто мое за наредните две недели. Вчера: Денес:
Ден 7: Околу 13 - та мин. има еден многу сладок момент. Инаку, омилени ми се glutes деновите, ама овој некако просечно т.е ептен стандардни вежби. Не дека се неефикасни, напротив и плус во добар редослед, само очекував поинтерсени варијации. Спојлер Мантра е, не мотивација :
Најдобрата Sydney!!! Во мај славам една година константно вежбање со нејзините програми и имам феноменални резултати.( затетегнато тело и стомачни и по две родени деца) Девојката е врв, на секој ја препорачувам. Мислам дека цел живот ке вежбам со неа имам мотовација повеќе од било кога. Исто да напоменам дека од кога почнав да вежбам, цела исхрана ми е базирана на протеини, јх во умерени количини. Се надевам помогнав на некого
Хај Најпрво, да се извинам, читајќи ве бомбардирав со лајкови вие што почесто сте пишувале на последните неколку страни Едит, еве добив и означување @do-re-mi уште од ноември ти кажав дека ќе дојдам ама, еве ме конечно спремна и послободна. Со вас ако не се натерам да вежбам 5 пати неделно, со никој нема. Одлична екипа сте собрани Скоро 4 години редовно вежбам, во просек околу 3 пати неделно 1 час најразлични интензивни тренинзи - тежински, кардио, пилатес, тотал боди. Извесно време осеќам дека ми се малку ама не можев да се организирам за повеќе. Се надевам дека успешно ќе вметнам тренинзи во уште два други денови, еве за почеток нека се 20-30 минути со средно јак интензитет, па оттаму ќе прилагодувам. Не ги следам многу девојкиве на Youtube ама одлични идеи ми давате, тоа е тоа што би вежбала и јас. За почеток денес го одбрав овој на Памела, користев ластици и комбинација на кетлбел 8 кг со 2 тегови од 5 кг. Одличен тренинг, уфф баш ме предизвика и ме испоти
Готово. И' се запнав на Лили, за ништо не ја менувам. Досадно малку денес: Колку ме мрзи после вежбање, а треба генералка на собава. Шо се мора - не е лесно. Утре ден без обврски, па и пауза од вежбањето мислам е редно, ќе прошетам малку.
Вчера толку бев изморена, ама си реков ајде барем 10 минутки нешто лабаво, па извежбав повеќе отколку планирано. Секогаш е така. А кога ве читам тука ме мотивирате да пробам да сменам и да извежбам некои од вашите видеа, тоа ќе ми биде како еден предизвик за во иднина
Која апликација е ова? Не памтам кпга сум користела заден пат апликација за вежбање затоа што обично вежбам по програми. Ама бидејќи бев позитивна оставив, и еве уште малку па месец дена како немам ништо вежбано. Што препорачувате за почеток? Јас немам сила ама буквално, се чувствувам како да сум препешачила 20км толку ме болат нозете и постојано имам тахикардии.
@Giovanna Добредојде во нашето друштво, сакаме нови вежбачи овде. @simoncelicius За почеток не се оптеретувај многу, почни пилатес, јога или пешачење. Ај јас да пријавам активност од последниве три дена. Вторникот, мојот фитнес ден се состоеше од грб, стомак и кардио. Започнав со бавни вежби за стомачни, па продолжив со планк и вежби за грб и на крај завршив со кардио и некои вежби со висок интензитет. Средата беше ден за нозе и задник. Околу 30 минути вежби и на крај истегнување. За денес пешачење Утре ќе биде ден за одмор.
Уште неопоравена нај нај, ама ме фати мерак за трчање. Денес вторпат неделава наизменично минута трчање со бавно темпо, минута ипол одење, 8 пати вака. Дури уште денес ми изгледаше полесно од првиот ден
Пост корона јас имав тахикардии, исто ми беше страв да вежбам заради тоа. Почнав со обични вежби за истегнување, нешто лабаво, па како што ти спомнаа членките јога, пешачење, па полека како ќе ти се враќа силата ќе зголемуваш интензитет со вежбите, сама ќе осетиш кога ќе треба. Јас дури мислам како почнав со физичка активност така ми ги снема тахикардиите.
FitOn е супер апликација, обично ја отворам кога немам инспирација што да вежбам па си бирам по филтрите. Многу добро е организирана, една од ретките на која сум се задржала подолго.