Спојлер Отварам форум и прво тука пишувам. Денот го почнав со малку пилатес како загревање и ден 8 од Activate: Првпат вежбав со smart watch и малку ме дефокусираше со повремените предупредувања за пулсот (во еден момент и 169bpm ), па повеќе мислев на тоа и морав да намалувам со темпо и на крај испадна повеќе дистракција отколку тракер. Сепак ми се допадна ден 8, првата серија на клупа ја правев во варијантите без, останатото дословно ко што е во видеото. Единствена замерка ми е прекраткото истегнување, па морав да дополнам со нешто плус. 619 kcal за денешниов тренинг. Не планирам да се фиксирам многу на бројки но, помагаат да добијам некоја претстава за фитнес нивото. Ветувам прв и последен пат ве замарам со статистики.
Неделава ја завршувам со ден 9 и затоа дополнив со пола саат истегнување на цело тело и вежби за мобилност: До понеделник.
Вчерашното шетање испадна да е trekking (има збор на македонски?), па ме умори малку. Еве денес. Не ги осетив некако вежбите, не ми беше тука паметот. Вежбав на сонце, убо печеше и сега ми се спие.
Од денес: Спојлер Некако при крајот се изморив, на последното видео паузирав неколку пати по пола минутка, ама подобро така и да завршам комплетно отколку да се откажам. Мислам дека утре ќе треба да ги мачкам мускулите на нозете со нешто
Не сакав да бидам 6.666-то мислење во темава, ама ве нема цел ден, па еве сум. Ден 10 дополнет со уште две кратки видеа за горен дел и стомачни. Загревање и истегнување, се подразбираат.
Здраво женски Викендов не пишував ама и не забушавав Саботата ја поминав на планина, цел ден скијање. Се вратив изморена, конечно си легнав порано и се изнаспав како човек. Денес си го разлистав тефтерот и решив да извежбам еден тренинг што секогаш добро ме размрдува. Комбинација на разни чучњеви, со варијација на пленкови и скокчиња. Може да се вежба со или без реквизити, да се намали број на повторувања. јас вежбав со ластик и комбинација од тегови 2х3кг и 2х5кг. - Класични чучњеви х 30 - пулсирање х 30 - Single leg sliding deadlift х 20 на десна нога х 20 на лева нога - Bear plank со скок назад х 30 - Sumo squats х 30 - пулсирање х 30 - Bulgarian split squats х 20 на десна нога х 20 на лева нога - Frog squat jump х 30 - Plie squats х 30 - пулсирање х 30 - Single leg arabesque deadlifts х 20 - Half-burpees х 30 - Класичен glute bridge х 30 + 100 пулс - Glute bridge со нозе на прсти х 30 + 100 пулс - Wide stance glute bridge х 30 + 100 пулс - Wide stance glute bridge со нозе на прсти х 30 + 100 пулс - Single leg glute bridge х 30 + 100 пулс лева па десна
@Giovanna многу ми се бендиса твојот денешен тренинг, па дури добив идеја и желба да го пробам некогаш, само што јас би била приморана да ги одбегнам чучњевите со нивните варијации и да ги заменам со knee- friendly вежби. Продолжи да пишуваш овде, а посебно пишувај ни почесто вака кога ќе вежбаш од твоите комбинации на тренинзи. Од саботата пешачење Денес понеделнички, вежби за стомак и малку кардио:
Јас кога вежбам нозе и задник (како денес), вклучувам некои од вежбите на @Giovanna, како: Deadlift 4x10 Sumo squats 4×10 Bulgarian splitsquats 4× 10 една нога + две вежби на справите, не знам име ( едната 4×10, другата 3×8 една нога) Целиот тренинг со 15 минути кардио и кратко загревање ми траеше еден час, можеби плус 5-10 минути, затоа вежбите на @Giovanna многу ми се видоа. Ме интересира колку време ти траеше тренингот? Инаку ми се допадна и мене многу.
Баш ми е мило девојки дека ви се допаѓа тренингот, стварно е ефективен и многу лесно се модифицира и може да се надградува. Чекам коментари ако некој реши да го извежба Инаку @Reina.Gitana за повреда ли станува збор? Јас пред неколку години се истрескав, директно на двете колена паднав и ми требаше време да се вратам со сите движења во функција. И ден денешен ми е проблем кога треба да клекнам и да правам вежби од таа позиција, ама го решавам со превиткување на простирката на неколку слоеви за да ми биде помеко. Инаку заменски вежби за нозе правев со ластици, свингови, пилатес топка и некои варијации на чучњеви што не удираат толку на колена. @Ambitious не мерев баш време овој пат, ама од прилика 50-55 минути ми треба за ова со се загревање и истегнување. Загревање правам минимум 5-7 минути, стандардно за сите зглобови, плус и правам малку кардио загревање за да се спремам за скокчињата. Чучнувањата у пулсовите ги правам со брзо темпо, не ми е проблем кај нив да одржам форма и брзина, ама на тие што се на една нога и бараат баланс ги правам со поспоро темпо за да не ја изгубам формата. Помеѓу вежбите во групата како што се поделени имам по 15 секунди пауза, а помеѓу две групи вежби правам минута до две пауза, не повеќе. Истиов тренинг некогаш го правам со плус уште една група на вежби и знам дека тогаш преминувам еден саат тренинг, ама искрено со сегашниов план што го имам за 5 тренинзи неделно, мислам дека ми е вишок и затоа го скратив. Инаку за овие вежби зборувам. - Чучњеви со споени колена х 30 - пулсирање х 30 - Lunges х 20 на десна нога х 20 на лева нога - Jumping spider plank х 30
@Giovanna Во теретана вежбам со 15-20 кг, вежбите ги правам со споро темпо и со сигурност имам повеќе од 15 сек пауза. Најверојатно затоа и ми одземаат многу повеќе време. На следниот домашен тренинг задолжително ќе ги пробам вежбите. Најпрво без тежина да видам како ќе ми оди. За денес имам горен дел, грб, рамо и трицепс. Се читаме за повеќе детали после тренинг.
Браво девојки за тренинзите! Стварно сте ми мотивација! Ми се плаче што последниве денови не вежбав, заради мигрените што ме мачат. Пробав еднаш двапати викеднов, си реков ајде не си прави изговори ама не биле празни изговори. Не иде со сила да го тераш телото кога не може. На движење и на веднење ме болеше главата ко со чекан да ме маваат. Ни рипкање, ни напор. Се сведе се на лесни и бавни вежби за истегнување на рбетот, колку да си олеснам со главоболката. Се надевам дека за ден два ќе сум подобра
@Giovanna Да, пред повеќе од година и пол имав проблем со левото колено. Подолг период имав и болки и правев вежби за опоравување, па ми требаше повеќе од 8 месеци за конечно да се опоравам. И ден-денес не практикувам вежби како чучњеви, исчекори и не правам подолги паузи од вежбање зошто знам дека пак можам да имам мака. Почесто возам точак, пешачење, а пред да вежбам за нозе и задник имам подолго загревање и типичните вежби ги имам заменето со: glute bridge, banded lateral walk, walk squats, donkey kicks, fire hydrant, lying leg curl, single leg deadlift и како вежби со low impact можам да кажам дека ми одговараат за моето колено. За денес:
Денес ништо спектакуларно ама да се пријавам оти претходниот пат ко престанав да пишам тука престанав и да вежбам.
И јас денес морав понежно: Спојлер: + Пред спиење Веќе утре очекувам да можам да продолжам со Activate.
Здравоо, јас се вратив после 1 месец и повеќе. Правев планк и разни верзии од него по 1 мин ама бев болна малку па немав баш енергија и после продолжив да одмарам. Се вратив официјално, за денес ова
Денешните обврски налагаа утрински тренинг и бидна ден11: Со програмава забележувам дека почнаа и да ми се допаѓаат суперсетовите, за кои порано имав голем отпор и ги избегнував. @Cosmic Girl , подобро си деновиве?
Фала на прашање! Секој ден малку подобро и еве утрово првпат без главоболка станав и уште немам аналгетик земено. Има надеж за денов значи! Пу, пу, пу, да не се подречам само па да ме фати подоцна... Ќе пијам апче и ќе фурам, више пукнав! Вечер планирам фул тренинг. Ќе пишам што сум вежбала. Баш ќе видам дали паузата си го земала данокот, или не...