Спојлер: Недела Покрај она што веќе го напишав погоре, попладнето во недела го испробав* и ова: Вклучително со чекорите од видеово стигнав до 10 К за тој ден. *)кога почнував со вежбање дома, почнав точно со ваков тип на видеа - walking (тогаш беа помалку, сега ги има во изобилие, на многу канали) и ги препорачувам на секој што сака од некаде да почне со физичка активност, а нема никакво претходно искуство, ниту пак кондиција за повеќе. Со време и посветеност следува и напредок... Спојлер: Вчера Утрово: Кратка јога сесија наместо стандардно загревање, ден 14 и плус уште некоја јога поза на крај како дополнително истегнување.
30 wide glute bridges with dumbbell 15 fire hydrants 15 straight fire hydrants 15 donkey kicks 15 clamshells with dumbbell 12 lying hip abduction with dumbbell 30s sumo squat 10 sumo squat with dumbbell 10 squat 20 standing leg raises 40s abductor squat 12 ins and outs 12 quadruped hip circles 30s glute bridge with abduction 30s side shuffle 30s side lunges 30s squat abduction lift +
Здраво дечки се надевам не ме заборавивте Јас иако не вежбам (поради повреда на ногата) редовно ве пратам Ве гушкам сите
@sunshinebabe Ти не си личност која може така лесно да се заборави. Со помин нека е, побрзо оздравување. Јас за денес пешачење
Едвај некако, периодов се чувствувам изморено и си легнувам многу рано, ама денес се мотивирав и извежбав колку-толку. Нареден пат повеќе
Во неделата последен пат извежбав еден саат аеробик. Од тогаш, за жал, освен пешачење 1 час денес, немам друга активност да пријавам. Со двете деца деновиве сум по лекари, едното болно, другото за контроли редовни и речиси и да немам време и сила за себе .
Standing abs колку за загревање, ама буквално загревање оти ми студеше. Waist x2 пати. Прилично напорно, добар тренинг денес конечнооо сум задоволна. Инаку Лили има нов предизвик, трае 6 недели, сакам да се обидам. Позитивна страна ми е шо 6 недели нема да се замарам, друг ќе има испланирано за мене, а и верувам во неа, не се сомневам дека на крајот ќе има добар резултат. Е сега негативно ми е шо сепак 6 се многу да се држам само до едно, сакам јас да си менвам, а и многу се фокусирани на кардио. Гласно си размислувам, не ми замервајте.
Ова беше првиот ден од програмата што го извежбав само поради континуитет. Има ли нешто подосадно од bicep curls?! Е, па тука ги има многу. Предизвикот беше да не го исклучам видеото пред да завршам. (pun intended ). Утре е нов ден. HIIT strong workout ветува повеќе. @Cosmic Girl има и такви периоди. Побрзо оздравување на малото.
Денес во теретана грб и бицепс: Warm up 1. Face pulls - sets4x12 - weight 20/26kg 2. Cable bicep curls - sets4x12,10,10,8 - weight 14,20,26kg 3. Dumbbell chest fly - sets 3x12 - weight 6kg 4. Dumbbell row - sets 3x12 - weight 5kg од страна 5. Lateral pull down - sets 4x15,12,10,10 - weight 26 kg Stretch
Повторно морав да паузирам цела недела, но, еве ме назад. Сега немам можност за теретана, ќе гледам да останам активна со домашни алтернативи. Вчера го искористив сончевото време за пешачење и леко трчање. Програмата покажа 7км и 455 калории. Потоа дома вежбав: squats 4x15 lunges 4x10 на нога bridges 4x15 donkey kicks 4x10 на нога За денес направив некои вежби за стомак: crunches 4x15 toe taps 4x10 на нога leg raises 4x10 heel touches 4x10 на страна и единствената вежба за раце без тегови што ја знам triceps dip 4x15 Речиси никогаш не вежбам дома без реквизити и сум како изгубена. Појма немам што да вежбам и како да се организирам.
Малку јога за загревање, ден 16 од Activate и 10 мин истегнување: Околу 39 -та мин., пред cool down,го стопирав видеото и вметнав серија неколку од glute bridge варијации со ластик (стандарден glute bridge x40, glute bridge pulses x40, glute bridge with abduction x40, single leg glute bridge ( L ) x20, single leg glute bridge ( L ) pulses x20, single leg glute bridge (R) x20 и single leg glute bridge (R) pulses x20.