Од утрово: Моето нешто (столче- табуретче) е 40 см и ептен ми е погодено за hip thrusts. За да не го буткам наназад со движењето при вежбање, го поставувам до ѕид, а јас сум на спротивната страна. Кој знае дали убаво објаснив. Значи не на сред соба, туку покрај ѕид. Разгледај по дома, немаш нешто приближно на таа висина (35-40) и да е доволно цврсто за да ти биде потпора? Штом кај тебе функционира - супер но, лично сум противник на споредување со други во однос на изглед, особено со инфлуенсерки на YT оти не секогаш изгледаат ко што се претставуваат (тука пред сè алудирам на потполникте за задник што некои ги носат при снимање). А, ако веќе се споредувам тоа е во однос на издржливост, сила, посветеност т.е такави луѓе ме инспирираат и јас да напредувам. Неретко тоа се и мажи. Подисциплинирани се за вежбање. Прво - не замараш , второ - тука сме и да научиме нешто ново, затоа секогаш пишувај и прашувај кога имаш недоумици. Заедно ќе бараме одговори и мотивација. И јас сум за повеќе дискусија. Да не биде темава само за прикачување слики и видеа. Инаку, сите ве читам, гледам што сте вежбале и колку време, понекогаш отварам некое видео, а кога е описно се обидувам да си ги визуелизирам вежбите што сте ги напишале и потоа следи . Нема лајкови на лепе очи Неретко на инста ми излегуваат вакви reels и навистина е Така и децата развиваат интерес и желба за вежбање т.е физичка активност.
Денешниот workout 2x20 per leg Kickbacks 2x20 per leg Straight side lift 2x20 per leg Side lift pulses 2x20 per leg Straight leg lift x20 per leg Outer thigh lift x20 per leg Fire hydrants x35 Glute bridges
Ден 20 : Аууу и покрај подолгото истегнување, ова уште го осеќам во трапезоидниот мускул. Се надевам утре нема да боли. Попладне ќе дополнам и со пола саат јога. Еве за што зборував вчера: Кога ми се троши време на YT, ваков тип на видеа ме мотивираат и инспирираат. Интересно е што Наташа го завршила и Ironman (спојлер), што само по себе е за наклон, a во едно друго видео со една олимпијка изгледа толку неспретно ко прав почетник. Ова само ми го потврдува убедувањето дека сите сме на различно ниво на физичка спремност и единствената споредба треба да ни биде со нашата вчерашна верзија. Спојлер: Ironman
Јас за денес исто како во понеделникот 2×20 crab walks 2x15 clamshelves 2x10 bulgarian split squat 2x15 squats with a pulse 2x15 deadlifts 2x15 hipthrusts 2x15 firehydrants 2x15 donkey kicks pulses 2x15 bridges 30 squats 25 pushups 25 crunches А вторникот и средата пешачење + 30 crunches 40 jumping jacks 40 mountain climbers 35 squats and side squats 15 deadlifts 20 pushups
Вчера: 11line 2 пати. Денес сите по два пати: 9 од 14 дена по мојот план, а веќе месец како вежбам активно после огромната пауза. Ќе видам дали ќе мислам пак сама нешто или ќе барам готова програма. Сакала јас или не, ќе мора да вметнам и HIIT.
Крај на програмата : Супер тренинг како за крај, само прекратко е вклученото време за cool down, па дополнив со уште едно видео. Викендов одмарам од вежбање (не и од шетање ), а од понеделник нова програма.
Ај честито за успешно завршена програма! И воедно среќен нов почеток! Инаку точно е тоа дека најдобар пример за децата да вежбаат сме прво ние самите. Моите од мали нозе ме гледаат и знаат дека е добро. Едно време кога беше помал син ми и јога вежбаше со мене секој ден (дури и во јога клуб еднаш дојде со мене, си извежба како искусен, сите го пофалија ). Сега се тинејџери и машкото и женското вежбаат фитнес во домашни услови. За роденден им поклонувавме тегови, топки, подлоги, траки, понекоја справа набавивме. Шипки над вратите им ставивме. Се имаат, само треба да се користи редовно. Немаме којзнае каков и којзнае колкав простор за вежбање и правиме некогаш временска организација, ама ако се има воља изводливо е. Деновиве дома сме ко некој фитнес клуб, со сета опрема и вежбање. Стално некој вежба, на моја голема радост Мислам дека маж ми ќе мора да ни се приклучи кај и да е, само тој не вежба. Вчера ни вика -Аман што сторивте .
@Cosmic Girl , претпоставував дека имаш тодлери по дома. Важно стекнале убава рутина и навика. Браво и за тебе како позитивен пример за децата.
Chest x2, од кои еднаш со тежина, еднаш без. Одамна немам меме најдено за вежбање, да се посмеам. Едит: најдов.
Mislam deka denes napraviv 1 pat nesto korisno za sebe, uplativ teretana za 3 meseci. Od ponedelnik pocnuvam so personalni treninzi i se custvuvam srekjno vozbudeno, no osekjam i strav bidejki mi e prv trening vo zivotot. Sekoj vas sovet za pocetnici mi e dobredojden momentalno decki )
Вчера ги извежбав сите видеа за долен дел шо ги комбинирав изминатите две недели: бути памп, инер тајс, хип дипс и хиит + струкче 5мин. Денес требаше сите за горен дел, ама решив да прескокнам за од утре понеделнички да почнам нова програма. Инаку ќе требаше утре пауза, па вторник ново, а мојот мозок не функционира така. Значи недела:
Вчера вежбав цел час, а можда и повеќе беше, не мерев Вежбав без видеа на јутуб, без дополнителна опрема и со пуштена однапред спремена музичка листа (заради темпото): 5-10 мин загревање 20 мин кардио (трчање во место со комбинација на вежби за раце, hop back and forth, left and right, jumping jacks, cross jumping jacks, high knee run, twist jumps, hop knee to elbow..) Останатите 30 до 40 мин вежби за грб, стомак, нозе, задник, core, истегнување, се по ред . Многу се за сите да ги набројувам..
Талент. Грешна програма вежбав. Слични имиња, а и Лили малку конфузна е во објавите. Шо е тука е, ќе продолжам со ова шо го почнав. Да, пак Лили. Погодени ми се вежбите и интензитетот па не менвам засега сепак. Еве: х2 и од ова видео нема спас, ама убо ми е не се жалам.