1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    :hai:
    2/7, интересно, задоволна сум.
    Screenshot_20220315-205316_YouTube.jpg

    Ова е предизвикот ќе го објавам за да не пишам секој ден, а можи ќе му се најди на некој. Си ју за 5 дена. :inlove:

    Screenshot_20220315-210002_Drive.jpg
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, Cosmic Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Сепак ја почнав HR12WEEK 2.0. :D Ќе видам до кај ќе терам.:?: Може ќе ја завршам, може ќе ми здосади и ќе почнам друго. :emo:

    Вчера:
    Screenshot_20220314-095225.jpg

    Утрово:

    Screenshot_20220315-081746.jpg
    :hai:
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, Reina.Gitana и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Денес



    + кардио 20мин.

    Јас од овој месец почнав во теретана, затоа што дома немав ни мотивација, ни континуитет во вежбањето.
    Имам цел, да се вратам во форма како што си бев претходно. Сакам да ослабам околку 3-4кг мах, но знам дека со интензивно вежбање ќе ослабам и повеќе, затоа ќе треба и добро да се хранам. За овој месец почнав лабаво, целта ми е да вежбам 3 пати неделно, цело тело, вежби кои траат по 30 мин плус вметнувам кардио, за да го навикнам телото step by step и да не му правам стрес. Многу повеќе внимавам и на исхраната откако почнав да вежбам, скрос исклучив благо и грицки, некогаш кога ќе ме фане криза за благо, земам темно чоколадо, а претходно после секој оброк јадев нешто благо :(. Проблем ми е единствено кога сум на факс, па ќе земам бело пециво, геврече со јогурт за појадок, немам идеја што би појадувала а тоа да не е овошје, овошјето не ми годи на гладно.
    Тоа ми е планот за овој месец, а за следниот имам друг план, но ќе пишам тогаш.
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, Reina.Gitana и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе, а особено за самоконтролата со благото! Мене тоа ми е најголем порок. И истиот проблем го имам за јадењето на работа. Премногу често сум принудена да земам бело пециво за јадење ако не подготвам од дома. А овошје не ме држи веќе наутро, ми треба енергија.. Само со претходна подготовка, или одвечер или наутро. Затоа кога можам од дома подготвувам оброк што може во ташна да се смести. Правам домашен интегрален леб па од него земам за на работа. Обично правам сендвич или со путер од кикирики, банана и цимет или солен сендвич со малку путер, свежа салата марула, краставица, маслинки и кашкавал на пример.
    Купив специјално за оваа намена од Алфи многу ефтини и ептен мали пластични кутивчиња со добро капаче (за да не протекува), за чија пудинг за еднаш во кој додавам овошје. Или имам од децата една кутија за храна, како коцка со средна големина е, и со прегради за различни храни и одвнатре е закачено на капакот лажиче и вилушка (двострано на една рачка) и го користам за да носам парчиња од храна, бил каква што сум ја планирала. Само за неа обично носам поголема ташна или ранец, инаку во мала ташна не ја собира.
    Мачно е ама се исплати на крајот..
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Особено внимание посветувам на храната, што и како јадам, но во последно време признавам дека малку забушавав, особено со благото знаев да претерам. Јас благото го консумирам затоа што ми дава енергија и концентрација, на некој начин ме прави зависна од него. Не ми е проблем воопшто да исклучам било кој продукт од исхраната, ако сметам дека така треба. Не купувам воопшто, ни грицки, ни благо, а со тоа значи дека не сум во план да јадам. Дома моите купуваат и благо и грицки, не можам да им забранам, но кога ќе си ставам во глава дека нема тоа да јадам, не посегнувам по нив воопшто и секогаш бирам здрава опција, како замена. Имам дома оризови галети со тиква и ленено семе, имаат убав вкус, па некогаш знам да каснам од нив, ептен ако ме фати стрвост.
    За носење и јас си спремам сендвичи со интегрално лепче, ама некогаш станувам мн рано, немам време и така, не иде секогаш по план.
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    @blueeparadise @Ugly Duckling кога правите вежби за стомачните мускули треба да внимавате на поставеноста на карлицата. Карлицата треба да биде поставена како позиција бр. 3 од сликата.
    upload_2022-3-18_12-59-4.png
    Кога не е во таа положба многу повеќе се оптеретува кичмата и вежбите немаат ефект. Истото важи и за чучњеви, glute bridge, hip thrust и сл.
    Кога правите стомачни погледот треба да ви биде насочен нагоре. Обично кога се трудиме да се кренеме што е можно повисоко при правење стомачни со погледот (а со тоа и глава и врат) се влечеме кон напред и потоа имаме болки каде што не треба.
    Следен пат кога ќе вежбате, прво наместете ја карлицата како на сликата (грбот треба да биде целосно залепен за подот), а потоа вежбите правете ги полека и не се трудете веднаш да се кренете многу високо за да можете да почувствувате разлика. Ќе забележите колку повеќе ви се активираат мускулите на овој начин.
    Не знам дали добро објаснив. :^)
    Имаше видеа каде што ова е супер објаснето. Ќе ги постирам ако ги најдам.
    Инаку јас како падобранец во темава си барам мотивација. Никогаш претходно не ми било олку тешко да се натерам да вежбам. :worried:
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, Reina.Gitana и 6 други им се допаѓа ова.
  7. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Јас претходните неколку дена се фокусирав на кардио (трчање, зумба и пешачење), за денес ова:
    30 sec crabwalks
    30sec squat with core twist
    30 sec squat hold
    2x12 sumo squats
    2x12 dead lifts
    2x12 single leg deadlift
    2x12 standing kick backs
    2x12 side raises
    2x15 donkey kicks pulses
    2x15 fire hidrants
    2x15 bridges
    3x30sec vaccuums
     
    На SexyDarling, Reina.Gitana, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Супер објасни! :clap:
     
    На Aztec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Јас вчера пак 1 ч. вежбав, комбинацијата на вежби што си ја правев и претходно. Кардио + вежбите за сите регии по ред. Овојпат ми беше полесно кардиото ваљда зошто сум стекнала кондиција.
    Единствено запнав на вежбите од серијата со kick back- ме фатија грчеви во долниот дел од нозете и стапалата и тоа во таа нога што не ја зафрлав во моментот.
    Бидејќи и претходно сум имала вакви ситуации јасно ми е дека е недостаток на магнезиум најверојатно во прашање. Ми се случуваше низ годините кога вежбав редовно и понапорно. А и не пиев претходниов период магнезиум ич, па телото сега си бара..

    Да ве потсетам:

    Ако вежбате редовно мора да пиете редовно и магнезиум за да немате грчеви на мускули. Активни жени може дневно да пијат и по 400 мг.
     
    На SexyDarling, sunshinebabe, Reina.Gitana и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Утрово мртво кревање (deadlift).

    И, малку кардио - кик бокс.
     
    На SexyDarling, Cosmic Girl, Reina.Gitana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Денес



    + кардио 20 мин, но со поголем интензитет.
     
    На SexyDarling, Cosmic Girl, The Saturdays и 4 други им се допаѓа ова.
  12. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Вежбам во домашни услови
    Но имам проблем со килажа,јас сакам да накачам бар 3-4кг но никако не успевам
    Втор пат се обидувам со здраво хранење и истото ми се случува губам во килограми,незнам каде грешам
    Иначе и така не јадам многу но знам во денот и нешто благо да каснам и некој чипс да апнам и пак неможам да се поправам, кога почнувам да се држам до здраво јадење губам уште толку на тежина
    Секој совет ми е добредојден како да накачам на тежина,а да немам проблем со стомакот
     
    На SexyDarling и The Saturdays им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    25.311
    Пол:
    Женски
    @Guns N` Roses @Cosmic Girl земајте варен ѓеврек кога сте на факс и/или на работа , најмалку адитиви има .

    Пред 8 години , ослабев многу , без нешто посебно вежбање ( освен што ја открив и хеликобактер пилори , и почнав процес на лекување на истата ) . Пешачење многу ( од еден крај на градот до другиот крај на градот , околу 3 км има сигурно , секој ден ) и училишен оброк кој се состоеше од варен ѓеврек и јогуртче од малите . Знаев и по нешто shit да каснам , ама ретко , еднаш во месец па и ни еднаш . Процесот на слабеење траеше долго , но бидејќи ниту вежбав некои вежби , ниту пак се изгладнував максимално . Јадев нормален оброк ( две тенки кришки бел леб за ручек , вечера гледав да избегнувам , но кога осеќав глад , јадев една тенка кришка бел леб , со било што ) . Мислам дека да вежбав , ќе имав поголем ефект за 2 години . Меѓутоа , забременив , па и мојот процес на слабеење " отиде по ѓаволите " .

    Сега , после цели 8 години , се обидувам да се вратам во нормала . Свесна сум дека тоа ќе потрае , но не ми се брза . Овој пат ќе вметнам и фитнес вежбање , како и домашен фитнес . Секако и ќе си ја испитам бактеријата ( одамна не сум ја проверила , за ќотек сум :@ ) , ем ќе видам до каде ми е , ем ќе си знам дали ме подувала или сум се поправила до толку да нема назад (facepalm) .
     
    На SexyDarling, Cosmic Girl, The Saturdays и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. malasimba

    malasimba Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Јас летово имав 47 кг, а сакав да дојдам до 51-52 мојата идеална тежина зашто сум 160цм. Со вежбање 5 пати неделно, дома со тежини, зголемување на оброците протеини поише со секој оброк, зголемен внес на јх од ориз компир овес и сл, масти од путер од кикирики, авокадо и сл, исто така шејкови со дозерка протеин, банана, млеко( има доста калории) успеав да ја постигнам целта.. Сега варирам 51-52 зависи во кој дел од денот се мерам.Треба упорност само
     
    На SexyDarling, Cosmic Girl, The Saturdays и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Денес



    + 15 мин кардио + пешачење.
     
    На SexyDarling, Cosmic Girl, The Saturdays и 3 други им се допаѓа ова.
  16. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Продолжувам со Хедер. :D Вежбав ден 3, 4 и 5 во четврток, петок и утрово, соодветно. Унилатералните од петокот си го земаа данокот :sweat: и затоа наместо вчера, денес вежбав ден 5. Од утре почнувам втора недела.

    Четврток:
    Screenshot_20220317-100501.jpg
    Петок:
    Screenshot_20220318-094028.jpg
    Сабајлево:
    Screenshot_20220320-073858.jpg
     
    На SexyDarling, Cosmic Girl, The Saturdays и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    :hai: Здраво друштво, ви фалев? :$
    После 2 недели "принудена" пауза се враќам овде и се надевам пак редовно ќе ве дружам.:D 2-3 дена сега пешачење, па од вторник планирам да се вратам и на вежбите. :muscle:

    Денес пешачење, скромни 6 км (hollest)
    Screenshot_20220319-180730_Samsung Health.jpg
     
    На SexyDarling, do-re-mi, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Вчера лагано, како за недела - имав 30 мин пешачење до парк, па 30 минути вежби (претежно стоечки) во парк на сонце и воздух.
    Абе мислам батериите си ги наполнив! :sun:
    Значи времето вчера ме послужи за вежбање на отворено, идеално беше.
     
    На SexyDarling, do-re-mi, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Денес пешачев 5км по угорници (hollest)
     
    На do-re-mi, Cosmic Girl, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    И јас за денес пешачење (hollest)
    Screenshot_20220319-214216_Samsung Health.jpg
     
    На SexyDarling, do-re-mi, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.