Јас во петокот се изнавежбав толку многу шо мислам ќе ми трае 1 недела се шалам Вежбав 100 стомачни, 60 странични, вежби за грб, раце и задник и 3 серии склекови и напочетотк малце кардио за да се загрееме
Денес 10 мин кардио за загревање, неможев повеќе мускулите ми се воспалени од петокот ептен плус планк 5 мин, и вежбички за стомак и раце.
Слабо нешто темава не ни е активна, ајде активирајте се феминки, доста беа празници Јас денес 20 мин кардио, 5 мин планк, по 25 странични стомачни и 15 мин за задник каде што си вклучив 100 чучеви
1 час пешачење до парк и назад и 50 мин. џогирање. Не е толку тешко колку што мислев дека ќе биде. Ќе продолжам вака една надела и потоа ќе качам уште 10 мин.
Hello sexy mamas Денес официјално ги оставам празниците зад себе и продолжувам со вежбање. Моментална состојба + 3кг Програма: - 20 минути велосипед -Грб / Гради / Рамена / -стомачни -30 мин степер Исто така си поставувам и еден фитнес предизвик, овој на сликата, ама тоа ќе го правам наутро, освен во тренинзите года имам нозе и задник
Незнам кој пиша,но може да се ослабне само со вежбање.Секако дека ако вежба не значи дека може да јаде што сака и колку сака(со исклучоци).Иначе еве некои вежби,овие првиве да ги правиш секој ден сабајле и поручек ако можеш,ако не не Другарка ми ги кажа,и знам девојчиња кои имаат ослабнато бајаги со овие.Но не претерувај,на почеток полека,да кажам 15 мин. дневно,после неколку дена 20,25,еден саат... Ако неможеш да ги правиш овие од видеово,прави 10-15 сеkundi пауза меѓу секоја вежба но не повеќе и не со седење http://www.youtube.com/watch?v=PWEdJRRndkQ http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... ias-secret Но,дека имаш само 13 год. наместо вежби и диети,запиши се на некој спорт ако сакаш/можеш.Пливање,одбојка,ракомет...
Пред некое време налетав на вежбиве, девојчево има 10 год., а вежбиве се препорачуваат за девојчиња од 8 годишна возраст и повозрасни.. http://www.youtube.com/watch?v=aNgjuO80drQ Малку е annoying девојчево Практикувај ги вежбичкиве, не претерувај со благо и бел леб, немој да се ставаш на диета и ако си во можност (но и не мора бидејки може и во домашни услови да се постигне ист резултат, се е до желбата и мотивацијата) запиши се на нешто забавно но ефективно како на пример зумба..
Лукс мене периодов ни под дрво ни под камен не можеш да ме најдеш Не пишувам овде зошто не ни вежбам, не дека немам инспирација туку ја обновив врската со фрижидерот и моментално сме ептен во љубов. Првите резултати кои се појавија со вежбањето од месец и пол скоро и да ги снема, а на нивно место се наталожи салце од новогодишната трпеза. Ми е страв да се качам на вага, сестра ми по дома урла секој втор ден и вперува осудувачки погледи, а јас си лапкам - помалку или повеќе. Со завршувањето на оваа недела поминуваат точно 4 недели како паузирам, но за среќа завршуваат и сите изговори за невежбање па планирам да ве дружам од 14ти. Еве јавно ветувам дека ќе ме има барем 5 пати неделно овде.
150 склека со потвиткување на колена + 150 кревања на нозе. Ќе имам проблеми со кардио поради студеното време, бидејќи порано трчав, а дома немам справи. Тука ќе мора да се импровизира. Рѓосан сум малку, но почнувам повторно. Вашата совест се врати!
Знам дека не пишувам редовно, ама не ни вежбав редовно околу празнициве-што ми е голема грешка. Денес 20мин. орбитрек, до сега 60 стомачни и до вечер уште неколку ќе направам.
Јас повторно забушавав овие неколку дена за Божиќ .Како и да е од денес повторно си се враќам на вежбањето ,и веќе нема да забушавам . Денеска 40 минути пилатес + 60 чучњеви
Денес грб+стомак+кардио. ОД денес секојдневно во теретана. Ми почна (конечно) 8 неделната шема. Стискајте ми палци
Ајде и јас да се јавам на должност И нели како и сите што стагнираа деновиве од веќе познатата причина, така и јас, но за среќа немам промени во претходно добиените резултати , а премногу се изненадив од тоа колку добри резултати имам за само еден месец (го рачунам само ноември бидејки тогаш бев турбо) Денес: - 7-8 мин. загревање - 10 км. Орбитрек - 1х10 од вежбиве http://www.youtube.com/watch?v=pC4Q9dngtHQ
Како за прв ден , јас мислам добро е 10 мин орбитрек ( кај другарка бев , и на зафрканција извртев хех ) 35 стомачни 30 чучњеви 60 секунди планк 60 секунди wall sit
Вечерва 1 час аеробик + 45 мин. Тае Бо кардио. Денес мислам дека ми се собраа 4 часа вежбање. Никогаш не ми се случило досега. Се осеќам прекрасно и моќно. Утре ќе го зачинам џогирањето со трчање по скали. Заминувам дома за 20 дена и би сакала подрастични резултати да добијам. Веќе 2 недели сум на здрава исхрана, без ништо пржено, почнувам да се навикнувам и баш ми се допаѓа. Се разбира една вечер си дозволив малку благо, но како и да е, не планирам да се откажам од мали нездрави задоволства засекогаш, само ќе ги внесувам умерено. Поздрав
Се враќам и јас заедно со мојата совест 40 минути на орбитрек, ни малку ни многу. ЕлеМентал, мило ми е што си тука. И поради тебе, и поради мене. Поради тебе, затоа што добро е што се враќаш во форма. Поради мене, затоа што никој не успеал да ме мотивира да вежбам како ти. Нема повеќе изговори. Особено не вечниот „немав време“, реченица која ја користам повеќе и од „немам што да облечам“ Ме насмеа ова:
Дечки ја ви се придружувам у клубот. Дефинитивно Арно ама ке гледам да работам само на стомакот и тој дел а воедно и зацврстување на мускулите на целото тело. Мене искрено и не ми е целта да ослабнам, си се сакам ваква ко шо сум, едино да се зацврстам и да скинам дел од мешето ... Како и да е ке се дружиме