20тина минути денес, уште со короната се расправам ама имав сила малце па извежбав - лоша идеја. Таман почнав да гледам резултати, не сакав да престанам.
Побрзо опоравување! Не се форсирај, лагано за почеток. Ќе има време и за потешки вежби. Почитувај си го телото и не го пероптеретувај повеќе од тоа што може.
Јас денес: овие за активација - lunge kickback(30sec) - leg circles (30 sec) - hip bridge w/ pulse (30 sec) - elevated clamshell (30 sec) - fire hydrants (30 sec) - bouncing lunges (30 sec) - bouncing squats (30 sec) и два пати овие вежби 1. Deadlifts x 12 reps 2. Single leg deadlift x 12 reps 3. Standing kickbacks 12 4. Side raises 12 5. Crab walks 20 reps 6. Clamshells 12 reps 7. Jump squats 1 0 reps 8. Squat w/ double bounce x 15 reps 9. Lunge w/ double bounce x 12 reps (each leg) 10. Arm circles 20 11. Jumping Jacks 35 12. 30sec vacuums
Пајче, чекор по чекор, ќе ти се врати силата. Вчера немав многу време на располагање, па вежбав само ден 6: Денес додадов и плус дваесетина минути за внатрешни бедра: Порано избегнував Табата по секоја цена но, со програмиве на Сидни и Хедер почна и да ми се допаѓа. Утре ќе се одмара.
Денес главен фокус на задник и нозе. Прв сет вежби - glute activation. Втор сет вежби аnkle weights ги заменив со ластик. + пешачење
Во петокот имав време само за основното, ден 9: Утрово: Дел од вежбите од ден 10 ги правев во модифицираните, low impact варијанти , а после второто видео дополнив со уште десетина минути јога за истегнување. А сега следи работна акција во двор.
Почнав официјално. Пак брзо се уморив и вртоглавица ама полека ќе биди. Згрешив, мислев дека ќе е половина час испадна скоро цел. Пак ќе следам програма од Лили, 7 дена.
@Ugly Duckling Тука сме, тука Вчера за вежбање пробав нешто кое не е баш типично за мене, HIIT во комбинација со пилатес. Ефикасен кардио тренинг од една страна и зголемување на флексибилноста и еластичноста од друга страна. Ова обезбедува фокус на целото тело. Добри се овие видеа кога немаш идеја што да вежбаш, ама сакаш убаво да се размрдаш. Денес кратко пешачење
Денес: 10 серии по 20 склекови 10 серии по 30 чучњеви И толку имаше време. Мораше на работа да се оди...
Леле, неделава некако го изгубив редот од претходно. Понеделник не можев да вежбам, вторник - да, вчера - не и денес сепак одделив саат време. Вторник: Денес: Малку беше killer HIIT , па и 20 минути бедра. Луда глава. Туку, се надевам барем уште два дена неделава да успеам да вежбам, за да не изостанувам премногу со распоредот на програмата. Ако не, здравје. Ќе надоместам понатаму. Важно, не се откажувам.
За денес тренингот го почнав со едни од моите омилени вежби за задник со сопствена тежина. Продолжив со таргетирање на core и рамнотежа преку стоечки вежби и финиширав со завршен фокус на стомачни и задник.
Здраво на сите, малку ме снема и мене.. Спремам еден стручен испит што ми треба за на работа и некако непланирано дојде и пријавувањето и се, и немам време ниту да спијам, а пак време и сила за вежбање ич, едвај стојам на нозе, преморена сум, последен пат минатата недела успеав 10тина минути пилатес и тоа беше тоа. Ама верувајте дека ве мислам цело време, се вклучив тука само за да ве исчитам во темава, само нека помине периодов и ќе се дружиме повеќе.. Вежбајте и за мене ако не успеам јас периодов да најдам време!