Краток рапорт за изминатите три дена . Ги завршив ден15, 16 и 17, но немав време за ништо дополнително: Понеделник: Вчера: Денес: Да бидам искрена почнува помалку да ми здосадува програмава, станува репетитивна. Јасно ми е дека секој тренер си има signature moves, јасно ми е и дека е невозможно да пополниш програма од 12 недели без ништо да се повторува, ама знам и дека ако уште некоја недела ме држи чувствово, можно е да ја прекинам. Друго решение е да дополнувам со други пократки видеа, за разнообразие, ама и за тоа не секогаш имам време. Општо гледано, ја сакам Хедер, добра е програмава, дури и ми се допаѓаат резултатите од изминативе недели, секој ден е ефективен тренинг, само монотонијава да не ме "сопне", затоа што по насловот веќе знам кои вежби ќе бидат отприлика тој ден. Од друга страна, од понеделникот и Caroline и Sydney почнаа со нови програми - Iron series и Momentum соодветно, па почна да ме фаќа и некој вид на FOMO, ко да пропуштам нешто поинтерсно. Капак на сè и мојата омилена Lindsey го најави нејзиниот Zero30 предизвик. Некој друг со слични маки?! Како да се commit на една програма а истовремено да пробам сè ново што ќе излезе на YT? Уште ова да споделам: Многу пократко е од видеата на Хуберман, а содржи интересно инфо.
Денес имав само 30 мин. за вежбање: @do-re-mi Последниов период и јас сум со Хедер, па можам да речам дека слични маки имаме. Имаш резултати да, ама цело време со едни исти вежби невозможно е да избегниш монотонија и досада. Не само со Хедер, туку со било која да вежбам мене лично после некое време знаат да ми станат досадни. Еве конкретно од Лили, Памела ги имам многу пати поминато истите вежби, па сега никако не можам да се натерам да вежбам според нивни програми. А секое сабајле кога ќе ми стигни известување од јутјуб за ново видео, нова програма одма добивам желба да пробам, значи многу сум нестрплива. Решение немам, но ќе терам уште една недела вака да ми помине и колоквиумска, па после тоа ќе почнам со некоја нова програма.
Почнав и јас денес нов 7 дневен. Ги вежбам старите од Лили, имам 4х7, значи спремна сум за 1 месец. Еве денес:
За денес Од денес почнувам со 4 пати неделно вежбање, од кои 2 пати нозе и 2 пати горен ден + кардио.
Да шкртнам некој збор, да не помислите се откажав после минатонеделното кукање. Уште ја терам HR12 2.0, поминав третина, па изгледа ќе терам до крај. Денес беше ден 21: Вчера: Минатата недела ги поминав ден 18 и 19 (четврток и петок), а викендот одмарав од вежбање.
Zenski zdravo. Pocnav da vezbam i denes vtor den posle vezbanjeto premnogu me bolat muskulite dolni na nogata odnosno listovite. Duri kako grch me fakja i nemozam da odam. Kazete sto da pravam izgleda mnogu go opteretiv. Posebno na levata noga...
Ништо, ќе одмараш и ќе ти помине.Можеш да се напиеш апче за болка. Затоа кога се почнува со вежбање се почнува полека, ништо повеќе не се добива ако нагло се преоптеретиш.Плус, не смееш да прескокнуваш истегнување на крај од тренингот.
Не прескокнувам ништо. Со инструктор работам ама изгледа многу запнав во моментот мислев дека можам ама сега катастрофа ми е...
Те сфаќам ама стварно нема потреба од прв ден толку напорно. И инструкторите претеруваат некогаш. Земи си ибупрофен.
Девојки со голем задник, мора овде да ве има Каде, како наоѓате фармерки? На шнајдер ги носите ли? Не сум носела со години и сега сакам да си купам. Имам 35см разлика помеѓу газот и струкот и сите фармерки ми зинуваат горе Не ме бришете, морам да си најдам фармерки
Прво, морам да признаам дека повеќе е ген отколку труд, тајната не знам која е. Вежбам можеби 8-9 години, преку еден ден, тој ден кога не вежбам најчесто пешачам. 58-62 кг имам сите тие години. Со 58 сум испиена во лицето и ребрата ми се бројат испрчени напред. Висока сум 165. Јадам како врапче што би рекол маж ми и протеините што ги пијам ме одржуваат во живот. Сама си барам вежби, експериментирам и гледам како ми реагира телото. Најважно е да си сконцентриран на мускулот што го вежбаш и не вежбаш колку да извежбаш. Чучњеви и мртво никогаш не сум престанала да правам останатите 5 вежби секогаш се различни. Вежби за стомак и струк дефинитивно најдобри што сум ги пробала се овие
Денес беше спонтан микс, колку да не е без ич и пак биднаа 35-40 минути со вклучени 3х20 hip thrusts и истегнување на крај. Во последното видео, откако сфатив дека ми е прелесно, менував вежби со малку потешки (sitting twists, raised leg circles, raised leg hold, crunch kicks и knee-to-elbows) или со други зборови го спазив само времетраењето. - - - - - - ^ Од вчера. Го оставам без преправки, во интегрално издание. Денес беше ден 22 од програмата: Се подновив со тегови и веднаш ми се освежи желбата за вежбање. @Angella7 фармерки купување само со проба. Не купувам ако не ми се допаѓа како стојат и на струк и на задник, особено фармерки со среден и висок струк. Можам да корегирам, ама кога веќе купувам нови, не ми се занимава се вишок работа. Се наоѓаат понекогаш добри кроеви. Лично, најчесто ми се погодувале во Манго, ама кроевите им зависат од сезона и трендови. Последнава година, никаде и ништо не бендисав па, за полесно, свртев повеќе на фустанчиња. Ако си ти на сликата, не ги проба фармерките пред да купиш? Во продавница ти се допадна како ти стојат? Разликата не е занемарлива. Врати ги, ако се нови и продолжи да бараш. Барај модел со средно висок или висок струк и со некој % еластан во составот. И не се откаживај после третиот пар што ќе го пробаш, а кога ќе си најдеш модел - купи 2- 3 пара, по можност, во разни бои.
Фармеркиве ми се од лани, не ми беа волку широки ама пак не се облечени ич. Фустани, хеланки и панталони со ликра, само тоа носам. Не знам колку пара пробав неделава. Или ми се вакви ко на сликата или не можам да одам од што ме стегаат во газот и препоните. Ама чим треба да се бара и пробува, ќе продолжам. Фала ти