Го завршив предизвикот од Лили, некој ден повторив, некој одмарав, викендов одмарам, хаос. Понеделник ќе почнам нов. Немам време да пишам, ама вежбаааам! За друго дојдов. Денес Лили има објавено слика на Инста со исповед за стареењето, дека нема самодоверба и дека во последно време не и' се допаѓа како изгледа. Од друга страна јас ја гледам како Бог, би сакала да сум барем малку како неа. Поентата ми е дека тоа како нè гледаат другите, а како сами е различно. Треба да научиме да си се сакаме (јас ). Вежбањето да е начин на кој му возвраќаш на телото за се' што прави за тебе, а не да вежбаме затоа што не си го сакаме. Не сакам да се гледам многу во огледало, пред некој ден "згрешив" и детално се изгледав, па малку се разочарав. Добро ми дојде објавата на Лили, иако не е баш мотивирачка, ама не можи да сме совршени.
Вчера возење точак околу 16тина км (ова грубо пресметано). Ама немам слика, така да ќе мора да верувате на мојот збор. Денес:
Продолжувам со Хедер и оваа недела, но ќе комбинирам и со вежби од други. Денес се вратив на моите омилени и најефективни вежби за стомачни и половина.
Девојки кај сте? Да не ве прозивам по ред... И редовните и помалку редовните. Продолжувам со HR12 week, ама малку полабаво од зададениот распоред. Осврт на изминатите 5 дена: правев некои комбинации и пермутации во програмата, поточно во петок го вежбав ден 25 (имав сила и желба за total body), иако по распоред следуваше ден 23, саботата и неделата беа денови за одмор (средување двор ), а вчера се шеташе на сонце (некои десетина километри и 14.000 чекори). Денес ги комбинирав ден 23 и 26 (горен дел) . Значи да сумирам, од претходната недела ми остана ден 24 (HIIT Cardio) и ќе гледам деновиве да го вметнам со нешто друго. Утре продолжувам со ден 27. Петок: Вчера: Денес: Првото видео е недовршено оти ги скокнав 5 те минути cool down и одјавата. Ми беше нелогично да губам моментум кога знаев дека продолжувам со следното. Мала фалинка на програмава ми е што е за нијанса повеќе ориентирана на горен дел, барем од тоа што јас би сакала, ама од друга страна е добро затоа што ме вади од комфор зона. Пред програмиве одбирав да вежбам или долен дел и core или цело тело и сметав дека е доволно за рацеве и грбот. Е - да, ама - не. Пајче, верувам и Лили и било кој од нас сме повеќе склони кон самокритика кога сме во некој down период. Сите гледаме низ призма на моменталната емотивна состојба. Ама добро е кога е минливо, а не нешто посериозно. А колку години има Лили па веќе зборува за стареење? Не ја следам, ама претпоставувам меѓу 27 и 32.
Почнав и по скали да трчам постепено, не се форсира многу.. Сакам да ве прашам одкако стартовавате со вежбање за колку време ги имавте првичните резултати?
Мене рацете ми „пораснаа“ со правење вежби за трицепс, со ребраста прачка, на рамна клупа, и потоа, вежби на разбој, двапати неделно! Визуелниот момент на големината на мускулот, главно не доаѓа од зголемување на бицепсот. Ова го дознав на потешкиот начин, по години вежбање. Така добиваш издолжени мускули. Секако, ќе продолжиш да вежбаш и бицепс, за „шпицест“ бицепс препорачувам полукружни движења со тегови, додека си наведнат/стоиш под агол. Правилните вежби се поважни од килажата. Се разбира, не заборавај чисти протеини по вежбање. И ова е од искуство, и навистина функционира. Не е никаква филозофија, само напор и храна.
Конкретно тој предизвик го завршив, сега терам нов ама да исто од Лили Сабри. Горе-долу истите вежби ги врти.
Ај здраво. Пак нов почнав, денешниот ден супер, ако се сите вакви ќе го повторам 2-3 пати предизвикот. Еве линк од сите видеа, по две во ден редоследно, на петтиот истегнување. https://youtube.com/playlist?list=PLML5icWtMIfSX1c4YTneVTAqw6wMai0Zc
Ме снема ама се враќам. Открив супер пилатес вежби од кои ме болеа куковите два дена . Многу ефикасни се, пробајте. Овие во саботата ги правев: Денес овие: Деновиве ќе морам да намалам со скокање и трчање за да ми заздрави стапалото, па пилатесот ми е идеален.
Десет дена не сум пишала овде. Е, па многу работи се десија во меѓувреме, ама затоа малку вежбав. Едвај ја поминав пола од програмата. Денес вежбав ден 31, дополнето со малку glute work*: *стигнаа новите бикини, па појачувам темпо Од последниот пост, наваму, вежбав без измени, како што оди по ред програмата на 20-ти и 21-ви, па потоа дури на 25-ти и 26-ти: Ден 24 уште си го чека редот, не се осеќам многу ко за HIIT периодов.
За денес одбрав нешто off the record, т.е надвор од програмата што ја терам но, пак од Хедер. Пред два дена почна со мини (7 дневен) Fusion предизвик што вклучува barre и pilates па морав да го пробам. Два во еден: Викендов иако доста се шеташе, ќе го ставам во графата "одмор" оти беше лежерно и без водење статистики.
Ај да пријавам активност, да не мислите дека ме снема. Вежбав редовно после Велигденските празници, ама послабо бев на форумов. Вторникот: Средата: Четвртокот: + пешачење Саботата Вчера Од утре продолжувам со вежби
Денес вежбав 20 мин вежби за загревање и растегнување од глава до стапала, сите вежби стоечки. Потоа продолжив стомачни и горен дел од телото (со тегови) со Ана:
Денес првпат со тегови после ковид, со FitOn апликација. Кратко, ама реков да видам до кај ми е силата. Не беше лошо за три месеци невежбање. Дури после си реков требаше потешко да одберам ама ај да не брзам.
Ова од вчера. Првото видео вторпат го вежбам, ама знам дека за брзо време ќе ми стане нов омилен тренинг за стомачни. И денес чувствувам колку добро сум го извежбала. Денес главен фокус на задник и нозе. Ластикот ме дружеше во текот на целиот тренинг. Утре ќе биде ден за пешачење
Здраво девојки, со оглед на тоа што планирам и јас полека да почнувам со вежби барем 5 пати неделно, сакав да ве прашам овие поискусниве на темава, дневно исхранава како ви изгледа од прилика. Јас почнав со тоа прво исхраната да ја средувам, претежно јадам повеќе јајца, риба, од месо пилешко, печен црн телешки дроб без масло ( тоа дека е доста нутритивен, специјално го спремам, и секој ден јадам по една шака дека си го сечам на залачиња и си го замрзнувам, па таков го грицкам ). Лебот го исфрлив, за јаглехидрати конзумирам ориз, ладен варен компир понекогаш, тонус леб, волку сега вака на памет ми текнува. Си варам и зрнесто претходно накиснато во оцет и вода една вечер да отстои, црвен грав, леќа црвена и обична, наут. И секако со оброци од протеини и јаглехидрати обавезно идат влакна, сезонска салата, сега овој периот зелена салата, морковче, зелка такви некои работи... Од масти ладно цедено сончогледово, кикирики путер, ореви, бадеми, лешници понекогаш грицкам, како и жолчките од јајца. Вака океј изгледам ама ми фали само да се затегнам, па и да накачам на мускулна маса. Ама овде пишав за да ве прашам вие да ја споделите вашата исхрана и што ви помогнало, па за кратко се читаме овде и со споделување на тоа што вежбам дневно. Преместете го мислењево слободно во друга тема, овде навеќе пишав дека има девојки кои гледам се ептен посветени, па совет е секогаш добредојден, дури може да си отвориме и тема како што е Фемина Инстаграм. Или нешто во стил на мојот фитнес ден, да се споделува листа на тоа што се конзумира дневно.