Малку каснам со неделниот фитнес извештај Вежбав 4 дена (вторник, среда, сабота и недела) редоследно: + 20 мин. скокање јаже + 20 мин. скокање јаже Петокот возење точак околу 20тина км (пак ова грубо пресметано). Ама немам слика, така да ќе мора да верувате на мојот збор. Од оваа недела вежбањето ќе следи во првиот јунски фитнес извештај деновиве.
Помалку замира темава. Знам дека вежбате, ама не ви се пишува, така? Стигнав до претпоследна недeла од HR12WEEK. Завчера, вчера и утрово: *) *) Во кардио делот, некои од вежбите ги правев во нивната модифицирана варијанта. Немав баш волја, па не се форсирав до max, ама стомачните прописно ги завршив. Од минатата недела (среда, четврток и петок): Нема грешка, тој беше редоследот. #49 и #24 уредно ќе си чекаат ред.
Да ве поздравам и јас, подобро е вежбање со друштво, за мотивација. Помина една недела, напраено се' според планот. Не е лошо, промената малку со Памела и исти видеа цело време беше добра. Ќе продолжам и наредната недела вака. Денес или вчера ( ) ден за одмор, ми требаше и физички и психички. Уште да научам да легнувам рано и да спијам повеќе од 3 часа. Најдов еден профил на YouTube, можеби го знаете, сепак да споделам. Има интересна содржина, корисни совети, критики на познатите тренери и инфлуенсери. За некои работи се согласувам, за други не. Во глобала не верувајте на се' безусловно. Јас се водам по то дека нешто е подобро од ништо оти ако навлезам толку детално како треба и шо треба, а шо не, ќе ми стани измачување и ќе се откажам. Во секој случај секоја информација е добредојдена. Еве. https://youtube.com/c/JustinaErcole Ако пречат монолозите, пишете ми.
... вторпат неделава. Четврток: Утрово: Пред cool down вметнав и 5 варијации на glute bridge x 40. Утре , и . Пајче, не ми е познат каналов, ама генерално, почнаа сериозно да ме нервираат т.н "do this, not that/you're not doing it right" канали од наводни инструктори. Велам "наводни" затоа што реално не знаме кој колку е обучен и спремен во областа, а секој може да се декларира како сака на платформа ко YT. Ко да имаат повеќе легитимитет од оние кои ги рецензираат (да не речам критикуваат), а најчесто во позадина целта им се кликови и трафик на грбот на поизвиканиве имиња на YT. Барем мене ми остави таков впечаток судејќи по добар дел од насловите на видеата. Така еден low profile инструктор и' се имаше закачено на Клои, а и Магнус (селебрти инструктор, меѓудругото работел со Гал Гадот во подготовките за Wonder Woman) извади видео со рецензија за Памела . Иако сè беше фино срочено, најде мала замерка дека немала на каналот доволно видеа за upper body со директна порака до неа да го контактира за помош и консултации. И така, со пОштовање, го отследив. Само Наташа и Аби (од тие што ги знам) ми се релевантни. @Ugly Duckling си кажав мислење, во никој случај не е личен напад упатен кон тебе само затоа што го посочи каналов. Еве гушка . Одам ручек да правам.
Во последно време слабо нешто ме има на форумов, па уште послабо овде да објавам. Продолжувам со Памела и истиот план за вежбање и овој месец. Ова кратка ретроспектива: Вторник, среда, четврток и сабота + пешачење Утре ќе има birthday party
@Reina.Gitana , како забавата? Тебе ти беше роденден? #nosy Еве сум, да не мислите се откажав на крај. Ни под разно. Додека не сум заборавила (направив дабл чек и во app) да пишам за минатата седмица. Во неделата (12-ти) изодев 20 К во несоодветни обувки - сандали , следните три дена лечев плускавци на стапалата , па од четврток си фатив ред (четврток, петок и сабота): Во недела биднаа малку над 10К, главно во патики . Поради обврски и мрза (главно мрза, како последица на високи температури), го развлеков крајот на програмава. Ќе биде. Уште 5 дена.
@do-re-mi Да, јас бев славеничката. Одлична забава со јадење, пиење, музички плејлисти и многу, многу танцување. Ќе речев повелете на торта, но веќе се изеде, до вчера имаше. Ајде ќе надокнадиме некако Јас на ова време сега почнав да вежбам насабајле и можам да кажам дека ми се погоди супер опција за овој период и секако ми дава енергичен почеток на денот. Кога вака е топло најдобро вежбање ми е насабајле, го раздвижуваш целото тело, ја зголемуваш енергијата, се тушираш и после си како нова личност за да го започниш денот. Ова од вчера и денес:
Среќен роденден @Reina.Gitana А за вежбањето наутро, тоа кај мене се подразбира - и зиме и лете. Многу ретко вежбам попладне, а навечер па ич. Туку, како ми се насобраа HIIT и Табата во последнава недела . Морав да ги поделам. Од изминативе три дена: Последните три дена од програмата остануваат за следна недела.
Здраво на сите! После подолга пауза без фитнес почнувам денес пак. 15 минути загревање, 15 минути интензивно кардио со трчање во место и скокање и 30 минути вежби за цело тело со тегови на Ана. Многу, многу се испотив. Врнеа капки од мене уште 15 минути после вежбањето
@Cosmic Girl Welcome back Вчера кратко пешачење, викам кратко дека одев со несоодветни сандали. Денес неделното вежбање го започнав интензивно за зголемено викенд расположение и мотивација, па таргетирање на стомачните мускули и завршив со пилатес како порелаксиран и less sweaty начин за крај на тренингот.
Денес 15 минути загревање, 15 минути кардио, 10 минути стомачни и 10 минути glute bridges. Денес извозев и околу 12 км на точак. Качувањето по скали двапати до 8ми е башка Она што најмногу ми се допаѓа кога вежбам доследно и редовно е тоа што секој ден имам се повеќе физичка енергија, без разлика што сум поактивна. И тоа се осеќа и после само две три вежбања. А кога не вежбам и слабо се движам се осеќам поуморна и послаба, без разлика што би требало да сум поодморена.
Денес 10 минути загревање, 15 минути кардио, 15 минути stretching (осеќав потреба добро да се истегнам) и плус стомачни и нозе по 10 минути: На точак цел ден стандард
И месец јуни го завршив со редовна физичка активност. Ова од вторникот, средата и четвртокот и денес: + пешачење
Еве конечно време за темава. Ја довршив 12 неделната програма на Хедер. Може ми требаше некоја недела плус, но секако уште во старт имав решено да одам со мој ритам, без форсирање и притисоци. Спојлер Четврток: + десетминутна glute bridge серија. Петок: Вчера: Денес и утре одмарам од вежбање, а од вторник ќе почнам нешто ново, ама уште не сум решила што да биде. Изминатава недела имаше и неколку подолги прошетки (14,5 К најдолгата, останатите околу 10 К).
Накратко од изминатата недела: вежбав само три дена, од кои еден ден пилатес и друг - јога, а останатото беше пешачење. Осеќав потреба да одморам и од утре продолжувам со нова (веќе ја почнав), шестнеделна програма. Ја одбрав Fuel, нa Girvan. Сигурно ќе ми требаат 7-8 недели да ја завршам, ама пак не се брзам . Таман до септември сум покриена, да не се мислам секој ден што и како. Ако/кога ќе осетам потреба за нешто поразлично, ќе вметнувам во òд. 6-ти, 7-ми и 8-ми јули: *)Сега го приметив насловот на едно од јога видеата. Корисно е и без главоболка.
Hi, I’m back Не дека во претходниот обид многу долго ве дружев, ама ми се случи повреда. Од таа повреда си качив 4 кг и си ги стопив оние малку мускули што ги направив Сега сум мотивирана повеќе да стекнам рутина зашто знам дека можам. И така. Најдов двонеделен предизвик од Клои, ќе ги правам модифицираните вежби, зашто и онака ми е забрането вежбање со тежини и скокање (ама исто така ми е забрането и зголемување на телесна тежина) па сакам прво да се обидам да го поминам тој. Почнувам со 63, големо мешенце и почетни спојлери на грб. Све је почело овако: Wish me luck