1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @Оленка* , (fingers) (fingers) (fingers) . Браво за ентузијазмот, само без форсирање. Не разбрав од сликата, сите видеа* се вежби или само првите три од листата? Според насловите претпоставувам дека е второво, па времетраењето е таман за почеток. (y) Со други зборови: slow and steady wins the race. Вежбање и форсирање за брзи резултати, никогаш не е правилен избор.
    *го отворив последното од сликата и е само рецензија за програмата на Клои.(y)

    Утрово го вежбав вториот ден од Fuel и :sweat: :sweat: :sweat:. Вежбам со помали тежини од нејзе (2,5 кг 5 кг и 10 кг) ама ова ми беше предизвик. И после ден 1 се осеќав слично. Дефинитивно има поразличен концепт за креирање програми и од Сидни и од Хедер. Уште не сум на јасно со себе дали ми се допаѓа, ама ќе продолжам заради предизвикот.:D

    Screenshot_20220712-102220.jpg

    Мотивација/инспирација:

    Screenshot_20220712-112022.jpg

    @Ugly Duckling , лелеееее тоа нештото со еурокрем внатре :inlove: :inlove: :inlove:. Козињак ли е?
     
    На sunshinebabe, Ugly Duckling, Reina.Gitana и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Само slow and steady, инаку сум престрога кон себе.
    Намерно не ги кропнав тие три видеа со рецензиите, зашто сабајле за расонување јутуб ми го предложи првото од доле, и после три видеа бев доволно мотивирана да станам од кревет и да почнам да вежбам пред да почнам со работа. Почетокот го одложував околу пет недели.
    Уште сум скептик и не мислам дека некад ќе бидам девојка што станува саат-два порано за да си посвети време за self-care, ама си го ставам тоа за предизвик, да видам дали ќе се изненадам :D
     
    На Ugly Duckling и do-re-mi им се допаѓа ова.
  3. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
  4. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Денес не се прибрав дома и многу мрзоволно зедов да вежбам пред спиење. Почнав со Клои и предизвикот ама не ги можам вежбиве, веројатно правам нешто погрешно, ми предизвикаа желудочна киселина :$
    Да не биде залуден обидот, се префрлив на Лили.
    Според пресметките, денес имам примено 850 калории, изгорев 130 според паметниот часовник, така што нето 720 калории. Знам дека е малку но заборавив да појадувам навреме па ручекот ми беше повеќе како вечера.
    Оф топик: Имаме тема за брзи и здрави оброци со слики и рецепти? Последниов месец многу експериментирам со high protein/high fiber брзи и вкусни рецептчиња :wasntme:

    E5DCDFCE-54AC-4204-864E-EFD2ED640C91.jpeg
     
    На sunshinebabe, Ugly Duckling, Reina.Gitana и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Претходната недела немав ни "в" од вежбање, па затоа директно да преминам на фитнес извештајот од оваа недела.:wasntme: Три дена вежбање (вторник, четврток и сабота) и три дена пешачење (hollest)
    Screenshot_20220717-223401_YouTube.jpg
    Screenshot_20220717-223940_YouTube.jpg
    Screenshot_20220717-224950_YouTube.jpg
    Screenshot_20220717-225117_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220717-225126_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220717-225135_Samsung Health.jpg
     
    На sunshinebabe, do-re-mi, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Да пишам и јас. Ми фали темата, ама ништо ново, ништо интересно не се случуваше, горе-долу истите видеа од претходно.
    Сега имам план за 3 недели истото. Го почнав изминатата недела.
    Значи, изминатата недела и наредните две недели изгледаат вака:

    х1
    х2
    х2

    х2
    х1



    Ден 5 и 6 повторување на 1 и 2.
    Ден 7 пауза.
    Првата недела океј. Ќе го издвојам видеото gym style на Памела како одлично, исто и кардиото. Не знам зошто ја избегнував, не било толку тешко. :muscle: :rofl:
    Иии ќе пишам колку и дали воопшто го испочитував планот.

    Не ми стигнала ознаката, вчера читајќи видов. Да, козињак е. Јас еурокремче додавам да не ми е суво и оти си сакам благо. :$

    *30мин пишев и на крај ми вика помалку од 5 видеа требало да има. :@
     
    На Reina.Gitana, sunshinebabe, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    И јас малку ја подзаборавив темава. :tmi: Арно Пајче ме цитираше.:sun: Сметам дека правење прописен козињак само по себе си е фитнес категорија, а тек па на жешково. :sweat:. Алал. :inlove: Затоа @Ugly Duckling секој пат кога ќе спремаш козињак, подготовката влегува и во "мојот фитнес ден".:D

    Назад на темата. Утрово имав (буквално) craving за јога, па одбрав ова:

    Screenshot_20220719-120804.jpg

    Температурата во соба беше 30°С (утринска), па слободно ќе кажам дека беше hot yoga сесија.:D Ефектот беше тој.(lalala)

    Инаку, Fuel е многу ригидна програма, фокусот е на тежини, билдање сила и издржливост, па чувствувам потреба почесто да балансирам со јога и пилатес, а ми требаат и подолги интервали на истегнување после секое видео.

    Од последниот пат кога пишав, вежбав само уште два дена од програмата (ден 3 и 4) и два дена подолги прошетки од околу 14,5К и 13,5 К (чекори).

    Четврток и петок:

    Screenshot_20220714-103053.jpg Screenshot_20220715-103350.jpg

    @Оленка* како оди кај тебе? :wasntme: Не ни се губи пак.
     
    На Reina.Gitana, sunshinebabe, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    :inlove:
    Јас деновиве претерав со јаглехидрати, во четвртокот ја вежбав Лили, петок-одмор, сабота-јога, недела-принуден одмор, понеделникот и вчера точак.
    Инаку не знам дали се пофалив, за скоро две недели сум -2кг :party: Од прошла недела до сега си стојам во место, ама знам дека е заради исхраната.
    Во меѓувреме барам програма што е knee friendly а сепак е за обликување на цело тело. Се размислувам да купам програма од Steve Zim ама ич не ми се даваат пари. Знае некој таква? :wasntme:
     
    На Reina.Gitana, sunshinebabe, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Точакот ти е одлична вежба за колената, доколку е на рамно возењето и без многу напор. И пливањето е добро, доколку имаш услови за тоа.

    Јас обично кога сакам да вежбам а да ги поштедам колената одам на видеата на growingannanas или на Pamela Reif на YT па можеш да избереш без скокање или баш knee friendly вежби.

    Што знам за програми, јас никогаш не сум купила таков програм.
    Повеќето инструктори на YT имаат месечни планови со предлог видеа за секој ден и тоа е бесплатно. Така вежбаат и еве тука некои од членките. Јас вака вежбав јога пред години, и многу ми се допадна.
     
    На Reina.Gitana, do-re-mi, sunshinebabe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Да, возам на рамно и без голем напор, обично на средните брзини го подесувам.
    Ќе ги ѕирнам овие што ми ги препорача, фала ти!
    За програмите на јт знам, ги разгледував ама сите не ми одговараат баш. И не само оние што се скокачки, дел од нив можам да ги правам со варијации, туку и вежбите од типот на knee-elbow plank, кај што цела тежина ќе падне на една страна ми се проблем.
     
    На do-re-mi, sunshinebabe и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  11. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Знаете што? Го качив Водно! :muscle:

    За денес на репертоар ќе бидат денс вежбичките од Памела, ми се чинат интересни, па ќе ги терам викендов тие, и така 8)
     
    На Bananki023, Reina.Gitana, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  12. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    :hai:

    Периодов ептен буквално си ја сфатив поговорката што ја постирав погоре.:D

    Од последниот пост наваму, вежбав само три дена :tmi: (четврток, понеделник и утрово). Температурите почнаа постепено да паѓаат, па се надевам ќе се вратам на 4 - 5 тренинзи неделно.

    Значи, четврток и понеделник, соодветно:

    Screenshot_20220721-125552.jpg Screenshot_20220725-120047.jpg

    Денес:

    Screenshot_20220727-111720.jpg

    Четири од вежбите на подлога (FLYES, DIAMOND PRESS, SKULLCRUSHERS и SHOULDER CRUSHER) ги правев со вклучени glute bridge и glute bridge hold, наизменично за екстра поени. :rofl: Плус денес немав многу време за дополнително истегнување, па се надевам утре нема многу да офкам.:smirk: Во спротивно, ќе биде ден за јога.:D

    Ај сеа, да не прозивам по ред, пишете и другите нешто. 8-|
     
    На Cosmic Girl, Оленка*, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    Жешко, тешко. :sweat:
    Почнав навечер кон 9 да вежбам.
    Немам многу шо да ви кажам.
    Претходната недела испочитуван планот 95%, со то шо само едно видео сменав во друг ден. Оваа недела продолжувам исто.
    Денес ден 3. :D

    Да ве поздравам само. :toivo:
     
    На Оленка*, sunshinebabe, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам овде иако слабо вежбав денојве.:lol: 2 дена вежбање и 2 дена кратки пешачења, можеби ќе имав повеќе физичка активност да не ме спречеше сончаница. :doh:
    Screenshot_20220624-172157_YouTube.jpg
    Screenshot_20220702-162931_YouTube.jpg
    Screenshot_20220727-183255_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220727-183259_Samsung Health.jpg

    Се читаме поредовно во август. :hai::sun:
     
    На Cosmic Girl, Оленка*, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  15. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    :sun:

    Нескромно, ама денес се надминав сама себе со овој 20 минутен glute finisher. :sweat: :sweat: :sweat:

    Screenshot_20220729-122723.jpg

    Довршив со уште 5 мин истегнувње. И најверојатно, толку вежбање ќе биде за неделава. На страна шетањето што следи.:D

    :hai:
     
    На Cosmic Girl, Reina.Gitana, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    :hai:

    Лека полека, ќе си ја приватизирам темава ]:). Кај сте вежбачи? :?:

    Според број на прегледи јасно е дека има интерес за темава затоа што знам дека не сите hits се ботови, демначи и љубопитковци. Ако веќе си ги покажуваме "гаќите" што последно сме ги купиле, зошто да не споделиме и што сме вежбале во тек на денот. :DНема што да се изгуби. Може само да инспирирате и други да сменат нешто во своите навики. (hollest)

    #транспарентност (lalala)

    Screenshot_20220803-111119.jpg

    Booty видеото Е недовршено затоа што последните минути се cool down, па го скокнав оти секако планирав да продолжам со двете следни. После десетата минута има и еден "скриен" plank предизвик од 3 мин, па и тоа истерав.:D Велам "скриен" оти не го пишува во насловот, а јас не ги догледувам видеата кога бирам што ќе вежбам.:wasntme:

    Во Fuel ден 9 направив мали измени. Бугарските (лева и десна нога) од првиот circuit ги заменив со glute bridge chest fly и glute bridge skull crusher, frontal raise со kneeling squat frontal raise. Bulgarian lunges од вториот circuit ги заменив со side leg raises со тег од 5кг. Зошто? Од патриотски причини. :wasntme: Се шалам. Не сум се потрудила да си го погодам точниот расчекор во овој тип на lunge за да го избегнам непријатното чувство во колената, па ги избегнувам. Евентуално, ќе побарам pointers за правилна форма на YT, само уште не дошол тој светол ден.:angel:

    А сега оставам простор и некој друг на шкртне некој ред.:sun:
     
    На andrejko82, Cosmic Girl, Reina.Gitana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    Ама пред летото поќе гужва имаше на темата, се имате напраено убај сите. :rofl:

    И мене ми се допаѓаше кога дававме секој ден извештај, се мотивирав, а и учев по нешто ново. На луѓето во real life ни сакам ни можам секој ден да им досадвам шо сум вежбала, овде барем сите го имаме истиот интерес/хоби.
    Дури би сакала и да можиме да си напрајме убо муабетче, не само извештај.

    Претходната недела се држев до планот донекаде, само едниот ден го заменив со кардио, сама бев дома па можев да се наскокам ко чоек и еден ден пропуштив, лош пмс.
    Со оглед на то шо сум задоволна од претходно, ќе терам и наредните дена со истото. Денес се осеќам ко ден 2, па тоа ќе вежбам.
     
    На Reina.Gitana, Оленка* и do-re-mi им се допаѓа ова.
  18. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Август го почнав со пешачење и тоа пет дена со ред.(hollest) Ова за да фатам повторно ритам со вежбање после кратката пауза. :wasntme:
    Screenshot_20220806-134538_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220806-134546_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220806-134552_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220806-134558_Samsung Health.jpg
    Screenshot_20220806-134604_Samsung Health.jpg

    Вежбањето ќе има камбек дури од среда. Кога се има слава и три дена гости ќе се пречекват, цел распоред за вежбање ќе се пореметит.:lol:

    И да, ќе почнам пак да пишам овде секој ден и под ризик дека ќе сум досадна. :D Вака фитнес извештај за недела/две почна да ми губи смисла во темава.
     
    На Ugly Duckling, do-re-mi и Оленка* им се допаѓа ова.
  19. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    :hai:

    Од петокот:

    Screenshot_20220805-122621.jpg

    + пешачење (~17К чекори).

    20220807_183850.jpg

    Да нема збуни, бројот на потрошени калории го вклучува и утринскиот тренинг, не е само од пешачење.

    Во план беше да вежбам и утрово но, одбрав да си пуштам Мадагаскар 3 и да свртам една мини пита со сирење. :D

    Од утре, со нови сили. :muscle:
     
    На Reina.Gitana, Оленка* и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    Happy Monday,

    Во средата сум пишала последно, си терав по старо четвртокот и петокот, а викендот одмарав, психички ми требаше одмор. :bug:

    Од денес нов план, нема да го постирам цел за да можам да ви досадвам секој ден.
    Завршив за денес, ова беше на репертоар:




    Се читаме утре. :sun:
     
    На do-re-mi, Reina.Gitana и Оленка* им се допаѓа ова.