^ И јас исто како WildCherry, сакам да го затегнам телото а особено нозете па еве планирам овие денови да почнам. Ќе пишувам и јас секој ден кога ќе почнам I promise!
Вчера немаше шанси да пишам. Бев преморена. Вежбав со девојките од Pump it up саат време. Мислев лесно ќе биде, немав сила уште во првите 20 минутки од видеото ама издржав до крај. Денес зумба кардио 40 минути и 50 чучњеви ( кои едвај ги направив имам воспаление на мускули ).
здраво на сите , еве ме и мена назад со нови сили во новата година најпрво срекна нова година на сите драго ми е што ве гледам сите тука повторно активни и здраво елементал драго ми е што си пак со нас . Оваа година помотивирана не можам ни да бидам премногу причини за подобар изглед ,,, една и многу за мене важна ... .......ме запроси мојот дечко и да да феминки свадба на лето ,,,, чочеци и тресенки значи се мора да си биде на место Бидејки едно 10 дена не вежбав и се прејадував со празнична храна и добро вино денес почнав со скромни 40 мин орбитрејк па здравје од утре повеке Поздрав до сите
Здраво феминки, еве ме и мене после 4 дена пауза Но, денес мислам дека надокнадив за изгубените денови: елиптичен степер 2 км со постепено зголемување на левелот 120 чучњеви 40 стомачни (горни) со 5кг тег на градите 120 стомачни (долни)
КОНЕЧНО! Мајко ти ги сакам специјалитетите, ама од денес едно големо НЕ од мене. Многу ми е подобро после овој тренинг, не ме гриже толку совеста, како досега . 110 стомачни 30 подигања тегови за рацете 55 подигања тегови за нозете 15на минути на орбитрек 1.5 км пешачење Мислев ќе биде послабо, бидејќи доста бев на пауза, ама задоволна сум.
Ефектот што сакам да го постигнам околу задникот и нозете, нешо ко на сликава, ама за нијанса послаби .. И околу стомакот барем до овој степен да го доведам А мојот фитнес ден од сабајле започнат со 5 мин вежби за растегнување 10мин стомачни со ваква вежба 30 чучњеви со 30 вакви вежби (нз како се викаат па еве да доловам ) плус на крај вежба ко за склекови, ама пошто сум уште почетник ја оравам само со тоа што се задржувам максимално у таа положба и колку можам само се спуштам надоле. Ова е мојот ден денес, а мислам дека истото ке го повторам и вечерва. Ипак несакам да се форсирам. нека биде се постепено но сигурно Поздрав дечки
Еве и јас да се јавам, после толку време... Си вежбам јас редовно , а иве читам редовно ...ама, периодов немав некако желба за пишување Ново кај мене е што комплетно ја сменив целата програма за вежби за задник и нозе. Со тек на време, телото се навикнува на дадените вежби кои постојано се повторуваат и едноставно повеќе не реагира на истите...без разлика дали го менувате интензитетот на тежината или на повторувачките серии. Ете, тоа ми се случи мене...ПОследниве година дена, едноставно стагнирав,без видливи промени... Последниве две недели воведов нов режим и комплетно нови, поинтензивни вежби, заедно со тренерот. Неверојатна работа е телово наше!Кој би помислил дека јас, после толку години вежбање, така страшно ќе се препотам и следниот ден секое мускулче на задников ќе ме боли??? Сега сум многу помотивирана и новиве вежби ми се секојдневен предизвик И да, сфатив една работа - разноразниве, таканаречени светски звезди не се будали што најмуваат личен тренер! Моментот кога вежбаш по свое, макар и во теретана,па си викаш чек сега ова ќе правам, па после она....е небо и земја со моментот кога имаш некој до тебе и ти вика - дигај повисоко, уште, уште повисоко, ајде уште една серија! До пред некое време бев прилично своеглава...и си мислев дека после толку време , се си знам во врска со теретанава, а да бидам искрена и тренериве изгледа така си мислеа и си терав јас.... Новово човече во теретанава, ме просветли! God bless you!
Денес слабо со вежбањево Само 100 стомачни. Ама сепак , подобро нешто отколку ништо. Ајде од утре се надевам повеќе
Еве ме и мене и јас вежбав денеска вежби за раце, стомачни со топка, вежби за страничните стомачни, вежби за нозе и задник и за крај склекови поминаа празниците така да нема веќе изговори
Доручек: чај и кекс велнес Ручек: чинија алпска супа Маренда: мандарина Вечера: 1 кифличка и јаболко (кифличката беше тазе направена неможев да не каснам една) 50 стомачни ама оправдано стомаков ме пукна од женски проблеми 15мин орбитрек па здравје од утре повеќе, лето е за 6 месеци
Вчера не ви пишев , но сепак си вежбав раце,стомак и нозе околу 1час, но поради пмс неможев да правам кардио. Денес успеав 27 мин вежби од Jillian , 20 мин кардио, по 10 мин стомак и задник и на крај 100 чучеви(утре сигурно ќе ми се воспалат мускулите), а најверојатно и ќе одмарам утре.
Еве ме, реков - почнав , е сега прашање е колку ќе бидам упорна Денес 2х30 стомачни 2х30 чучњеви 2х30 вежби за внатрешниот дел кај препоните ( со ширење и собирање на нозете) Е сега, мене главна цел ми се нозете поточно делот кај препоните гледам салце што треба да се стегне и исто така надворешниот дел на нозете. Секакви предлози од ваша страна се добредојдени!
Не вежбам вејке но кога вежбав правев само чучови. Најлесни се за правење а + само ми требаа за поцврст гз И да ви кажам најискрено имаше резултати. Мотивација ми беа Викторија Секретс
Денес рамо трицепс стомак и кардио. 2 и пол саати квалитетно тренирање. по 5 вежби и по 5 серии. Прв ден со менструален циклус плус на 0 јаглехидрати. Целта е побитна од се Утре ако ме нема да пишам тоа ќе е ради немање време. Имам нозе, стомак и кардио. Нозе 10 вежби, стомак 5 и кардио 40 мин. Поздрав девојки !!!