Пролетва ја вежбав и јас нејзината 12 week 2.0 програма. Солидна е. Добра е Хедер. Поткована е и е сертифициран тренер. Порано и професионално се натпреварувала. Ако повеќе ти одговара како стил, држи се до неа.
Јас случајно налетав на видео од хрватска блогерка Јелена Периќ која после бременоста успеала да си ја врати килажата со помош на вежби од Памела Реиф (како и да е презимето). И тоа ми беше поттик да почнам со нејзините програми. Најдов и група на фб каде споделуваат слики од пред и потоа и бев воодушевена. Стигнав до 22 недела. Ми беше интересен самиот концепт. Јас ја следев 45 mun sweaty програмата бидејќи како што видов даваше најдобри резултати. Иако на почеток ми беше супер,следиш видеа и сите се со интересен избор на музика па брзо поминува времето, меѓутоа од оваа гледна точка воопшто не сум задоволна. Затоа и престанав со 22 недела не продолжив понатаму. Програмата е супер ако немаш зацртано некој цел, да добиеш мускули или ослабете. Зборувам од свое искуство. Ниту добив некое обликување, ниту добив мускули ниту изгубив на килажа иако имаше и кардио денови. Буквално ништо. Мислам и самите вежби не ми беа напорни. После нив никогаш не почувствував да ме боли некое мускулче како што беше случај претходно. Она што ми беше разочарувачки е што за тие 22 недели буквално изгубив кондиција па така сега кога се вратив на некои од вежбите што сум ги правела претходно сфаќам колку само немам издржливост. Буквално се заморувам одма а не како да сум била активна секој ден 22 недели наназад. Не ме сфаќај погрешно, не сакам да бидам негативна према сето она што го прави Памела ама ете кај мене немаше никаков ефект (а реално 22 недели не се краток период да не добиеш никаков резултат). Можеби е програмот супер за тинејџерки, кои се во фаза на раст и развој, но не би ги препорачала на некој кој веќе има тренирано и сака да достигне поголеми резултати. До некаде и не ми е јасна цела таа фама околу фитнес инфлуенсеркава ако реално гледаме преслаба е па секако ќе и се познава секое мускулче на стомакот. И тоа е тоа. Добро осмислен маркетинг потег ваљда со бесплатните програми за да може да привлече купувачи за нејзните гранола барови и што уште и да продава. Но јас секако не би се вратила повторно на нејзините програми.
Мене тренинзите на Памела не ми легнаа некако и кратко траат, а не сакам сама да комбинирам сама вежбички што да вежбам за тренингот да трае подолго. На Хедер се супер, имаш видеа и за почетници и со тежини, без тежини буквално имаш секаков избор, можеш да избереш и некоја програма, ептен ми е погодена. За Гирван, не препорачувам да почнуваш со нејзе ако немаш вежбано подолго време, иако навидум вежбите изгледаат лесни.
@andrejko82 Јас најчесто вежбам по видеа од Памела и понекогаш комбинирам и со вежби од други. Мое мислење е дека има разновиден и креативен избор на вежби, музика и уште еден плус за мене се вежбите за задник и нозе за кои има варијанти на knee friendly. Имам и претходно спомнато дека јас лично сум многу задоволна со резултати од нејзини видеа. Конкретно ако коментирам за нејзиниот изглед, иако вежбам нејзини вежби и јас сметам дека е преслаба и никогаш не би преферирала да изгледам како неа. Хедер е исто така супер, а за мене дури и најкомплетна во однос на програмите за вежбање. Има секакви варијации на вежби со тежини, пилатес, табата, кардио, low-impact со вклучени загревања и истегнувања. Од неделава (пон, вторник, среда и денес):
Девојки фала ви многу на споделеното искуство. Јас не сум некоја вежбачка, последниве 2 години почнав со пилатес во сала па со Јасна од тринити он лине па сега Хедер...сега за сега ми е супер само сакав да слушнам ваше искуство и баш сум благодарна на споделеното. Откако ќе завршам со 12 2.0 на Хедер ќе пробам со Гирван да сменам да ми биде поинетересно... Убава вечер
Покрај 45-минутниот тренинг за задник и нозе кој веќе ми стана навика за вежбање, денес повеќе се фокусирав и на загревање и истегнување и таман се погоди 1 сат.
Јас денес иако станав рано имав мрзливо утро. Се развлекував и касно појадував ама затоа не пропуштив вежбање. Вчера завршив со втор ден од 6та недела од Insanity max 30, па денес ја имам фактички средата - Max out sweat. Ама пред ова имав 20 минути пилатес по ова видео: Па истегање на цело тело 10 минути И уште 10 минути за врат и рамена И на крај 30 минути од Insanity max 30 - max out sweat - 6та недела. И сум заборавила кога последен пат сум се истегала. Вообичаено имам 3,4 минути после овие 30 мин истегање ама тоа е она најосновното. Со овие пилатес и stretch видеава уствари видов колку сум нееластична. Ете тоа ќе ми е предизвик за во иднина да си вклучам повеќе истегање.
Утрово одбрав две од поновите видеа на Габриел и ме разочара колку реклами ставила во текот на секое видео. Не од оние 5 секунди реклама па имаш skip ad, туку од оние задолжителните video will play after ads. Во ред е да заработуваат од реклами на целиот вложен труд во секое видео (студио, снимање, едитирање) ама 5-6 реклами во тек на вежбање не сум видела кај никој друг. Од лани немав вежбано нејзини видеа ама добро се сеќавам дека првите (видеа) и' беа далеку поинтензивни. На крај додадов и по некој glute bridge (10 мин.) И од викендов: Следна недела се враќам на Гирван.
И утрово одбрав малку пилатес: На почеток, 5 минутното загревање од Керолајн. Веќе не го ни пуштам видеото, го научив напамет.
Хелоу. Се пријавувам за присутна и активна! Конечно се опоравив од боледувањето. За викенд пешачев по Водно како за почеток. Извежбав завчера еден час аеробик дома, без видеа, по помнење. Најмногу осетив воспаление во куковите, најверојатно тој дел од улеженост и уседеност ама и од слабо движење бил атрифиран. Денес сум во план пак да вежбам.
Добар ден вежбачки..тука сум, вежбам, стигнав до повеќе од пола со HR 12 2.0... Но имам една дилема па ваше мислење сакам. Имам проблем со рацете, всушност она "свадбарките" на рацете. Е сега кога бев подебела и не ги заблежував до толку, но сега дека струкот ми е намален и грбот исто така многу до израз ми доаѓаат рацете..е сега не ми се навежбани да ми бидат мускули, не се толку "растресени" ама се обемни-големи-дебели...вежбам со тегови според програмата 3 и 5кг. Што да направам? според вас треба повеќе тежина или помала тежина да се крева? или еве дајте ми предлог кои вежби само за тој дел од рацете!
Ја замолувам @do-re-mi и другите кои вежбаат со Caroline Garvin да ми помогнат да ја одберам вистинскат програма. Имам 7 кг вишок килограми, сакам да се затегнам во делот на стомакот и нозете. Имам кондиција бидејќи и онака вежбам. -Epic 1 -Epic 2 -Epic 3 -Fuel -Iron -Epic heat -Epic Endgame -Kettlebell series -Circuit -Complex series