Исто доколку некој знае некоја друга програма, слободно да ми препорача. Сакам да постигнам ваков резултат Спојлер: Посакуван резултат од тонирани стегнати мускули. Во никој случај не го посакувам ова Спојлер: х Дали доколку вежбам со Caroline Garvin ќе добијам такви мускулести нозе или затегнати? Сакам искуство од @do-re-mi доколку може... инаку би вежбала со тегови од 1,5 или 2 кг, па се надевам нема да добијам таков резултат.
За да добиеш мускулести нозе како втората слика треба најмалку 20,30+кг да креваш и тоа сериозно и долго време. Од програми погодни за дома и со мали тежини можеш и како првата слика, ама зависи тоа од повеќе фактори. Инаку Каролин и јас ја препорачувам. Ама општо за вежбање, каков резултат ќе има кај ТЕБЕ тоа никој не може да ти каже освен ти сама.
Не можеш и да сакаш. Треба да вежбаш со стварно сериозни тежини повеќе од неколку години за вакви нозе. Под сериозни тежини мислам над 50-60-100, зависи која вежба. Од друга страна, тегови од 1 и 2 кила многу брзо ќе ти станат недоволни за било каков резултат. Премалку е да било што.
@-црноока- ако одбереш програма од Гирван и до сега не си вежбала нејзини видеа, ти препорачувам да почнеш од Beginner Epic, чисто колку да се запознаеш со нејзиниот стил на вежбање и да си прецениш дали ти одговара. Само 5 дена се и секое видео е околу 30 минути. Ако ти се допадне и решиш да продолжиш, следно одговори си на две прашања: колку време дневно можеш да одделиш за вежбање и колку време (во однос на програма) би задржала мотивација за вежбање. Ако мислиш дека можеш да издржиш десет недели фокусирана на една програма, одбери некоја од Epic, Epic ll или Epic lll (секое видео во просек е по 45 мин + загревање и cool down). Epic Heat е исто 10 недели, но видеата се по пола саат и е малку повеќе ориентирана на кардио. Epic Endgame, повторно 10 недели, е хибрид од 1, 2 и 3 со по 100 rep finishers на крај. Ако сакаш нешто пократко, тоа се Iron и Fuel (6 недели; се вежба 5 дена неделно, 1 ден активен одмор со јога или пешачење и седмиот е без вежбање). Во Fuel секој 5 - ти ден е HIIT/кардио. Во Iron ги нема. Другиве што си ги набројала се многу кратки, еднонеделни и сами по себе не гледам како би биле ефективни. Мислам дека се дизајнирани за периоди кога си помеѓу две програми. Некаде имам прочитано дека Beastmode series се личен фаворит на Керолајн. Тоа е двонеделна програма и вклучува HIIT. Кој сака нека повели. Баш периодов проучував што следно да одберам за мене, затоа ги знам деталиве. Ја одбрав Iron. Таман би требало да ја завршам пред католички Божиќ. Fuel не ја вежбав по распоред т.е многу ја развлеков од повеќе причини и пак бев задоволна од резултатите. Згрешив што тогаш убаво не ги проучив програмите и се фатив за најтешката (зборови на луѓе што вежбале и други од нејзините програми). Имав вежбано и претходно нејзини видеа (на почетокот кога го почна каналот имаше и такви, самостојни видеа, неповрзани во програма) но не е исто. Ако сакаш наврати се, пишував мислење за секој ден од Fuel. Имаше денови кога правев и некои измени во вежбите за да можам да издржам до крај, ама имаше и денови кои со задоволство ги вежбав. Затоа, пак ќе кажам, прво Beginner Epic, па потоа кој кај ќе се пронајде. За естетика не можам да гарантирам. Секое искуство е индивидуално и зависи од очекувања, посветеност и инвестирано време. Во врска со тежините, Ајронмен е во право. Ако можеш да си дозволиш, инвестирај во малку поголеми тегови. Ако не, побарај идеи на нет за импровизирани тегови. Има некои варијанти со песок/цемент. Ако имаш други прашања, тука сум. @andrejko82 те прочитав и тебе, само да одморам малку, ќе пишам.
Прв пат ја гледам таа Каролин, а јас баш вакви видеа сакам да гледам само што не сум сигурна дали се резултатите еднакви како од теретана да си вежбала и какво е твоето искуство и промена на изглед од овие вежби, дали имаш некој мускул или не многу? И дали ги повторуваш програмите или само една серија правиш, да завршиш со епик и пак да го почниш одново? И дали ќе постигнам еднаков резултат со тег од 5кг или малку е ?
Се надевам нема да те разочарам ама мое мислење е дека веќе доволно правиш. Повеќе од доволно. Претпоставувам дека уште си во процес на слабеење и внимаваш на исхраната. Плус, HR 12 WEEK 2.0 е прилично ориентирана на горен дел од телото и вклучува солидни вежби за раце и грб, па ако веќе одиш по планот, стварно не си прави дополнителен притисок. [Кажи ми, како стоиш со diаmond push ups? На почеток ми се темнеше од нив.] Прифати дека ова е процес. Ни Рим не бил изграден во еден ден. Како ќе губиш килограми ќе ги снема и "свадбарките". И тука и во други теми, многу пати е напишано дека не постои таргетирано слабеење (само стомак, само бедра или раце). Продолжи со вежбање, припазувај на калориски дефицит и ако не ти е преголемо оптоварување внимавај и на внес на протеини. А ако некогаш малку се опуштиш, голема работа. Важно заборави на самообвинување. Поштетно е чувството на вина после изедено парче торта отколку самиот шеќер и брашно во него. Во краен случај, постои и криолиполиза, позната во салоните за убавина како cool sculpting ама . Не сум запознаена со несакани ефекти. Па, не сум броела ама сакам да верувам дека сите мускули ми се на број. Sweetlove, ај те молам прочитај го уште еднаш постот што си го цитирала. Стварно се потрудив да одговорам прецизно и од сопствено искуство. Накратко, имам вежбано само една програма од Гирван, последната. Од утре почнувам втора. Задоволна сум од постигнатото иако не бркам изглед т.е не е примарната причина што вежбам. Вежбам со години, главно дома и сум пробала многу работи (почнувајќи од винјаса јога преку пилатес и barre до HIIT и основи на таеквондо, нема што нема нa YT ). Резултатите постигнати во теретана исто се условени од точно поставени цели, фокус и посветеност. Разликата е во поширокиот дијапазон на тежини и машини. Позери немаат резултати ни во теретана. Од друга страна, на нет може да се најдат искуства на луѓе што се задоволни од програмите на Керолајн. Какви резултати ќе имате од вежбање на било која програма, било во теретана или дома, зависи само од вас и тоа кои ви се целите, колку ќе се вложите во процесот, каква ви е исхраната, прехрамбените навики и ставот (да не речам мајндсетот). Easy - peasy.
Јас сакам да вежбам за мускулесто тело, за стомачни, за глутеус,за тонирани нозе, тонирани раце, баш како таа што е Каролин. Па ќе почнам од утре и ќе сакам да ги извежбам сите програми што постојат на нејзиниот профил. Сигурно после тоа ќе добијам изглед каков што замислувам. Иначе, за мускулите што те прашав мислев дека долго вежбаш од неа, па имаш резултати.
Ти благодарам на времето одвоено за мене...да уште сум во процес на слабеење и во калориски дефицит и знам дека треаба да сум повеќе трпелива и не дека па толку ми сметаат савдбаркиве. Всушност само се прашувам сама себе како сум можела до сега до толку да не се свестам дека треба да си посветувам внимание само за себе (ама не е доцна никогаш всушност) и да вложам во своето здравје. Со вежбањево се преродив, ептен убаво се чуствувам ама ете тие ми бодат очи ...и да горниот дел е ептен застапен во оваа програма и струкот ептен ми се истенчи, грбот почнува да ми се дефинира ама салцето на свадбарките тука ми е..нема врска продолжувам понатаму ..а и тие diаmond push ups најтешки ми се сеуште неможам најправилно и најточно да ги направм.. Ти благодарам уште еднаш
Дојде и тој понеделник . Ден 1 од Iron. Омилени ми се нејзините leg workouts. Те разбрав . Само се пошегував на моја сметка. Реков, видливи промени забележав само после една нејзина програма иако не се ни придржував до распоредот. Ама веќе имав основа од претходните програми што ги вежбав. Браво за ентузијазмот. Задржи го. Само имај на ум дека таа изгледа како што изгледа затоа што е професионален тренер и зад неа е повеќе од декада сериозно вежбање. Не се споредувај. Направи твој план и почни. Што и да одбереш од нејзе, обавезно загревај се пред вежбање и посвети некоја минута плус на cool down и растегнување. Корисно е и да ги читаш описите под секое видео. И таму дава корисна информација. За нивно усовршување почнав од најлесното (wall push ups), па countertop push ups, knee push ups и на крај на подлога. Далеку ми се од омилени ама веќе не ги мразам. Пробај вака. Почни на ѕид. Кога ќе можеш да правиш барем 3 × 10-12 повторувања, премини во кујна или било која друга површина за да се потпираш под сличен агол ко на втората слика, па на колена како на третата слика и на крај пробај целосен push up на под. Може да фати и неколку недели, ама мене ова ми помогна.
Ден 2: Кај сhest press, flyes и pullover вклучив и glute bridge/glute bridge hold за позабавно да ми е . А тек утре по распоред е glutes day . @Sweetlove_0312 браво.
Вчера со оглед на тоа дека имав смена од 12 саати успеав само да исполнам број на чекори. Апликацијата покажува 11.000 ама сигурна сум дека се некаде ококу 14-15 000 затоа што телефонот не е нон стоп со мене. Денес имам истрчано 4км како за почеток. Е сеа јас немам никаква ориентација па ако има поупатени нека ми кажат дали е тоа малку или сосема ок за почеток? Со тоа што гледав темпото да го прилагодам на дишењето, значи да можам нормално да зборувам. Време не мерев. Утре сакам нешто повеќе да истрчам од ова. После тоа направив 15 минути вежби за стомачните, и извежбав според Insanity max 30, 30 минути max out sweat. Трет ден од 7ма недела од програмата. И до вечер планирам да си ги исполнам тие 10 000 чекори. Ако можам 12 000 да стигнам би била презадоволна од денов.
Денес по распоред на програмата е active rest day, ама си го извежбав ден 4 за да можам шетам цел викенд.