1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    @Касија од вчера видеово ама не пишав тука. :D
    Денес односно у саботата не вежбав зашо цел ден ама буквално цел ден струја немавме дома, ми се исклучи и телефон и лаптоп, дома жешко прежешко уште до вежбање ми беше ...:sweat:
    Со исхраната уште сум катастрофа, немам коментар више значи, се срамам од сама себе.:x
    Ајде ќе биде подобро, се надевам.:)

    @Polyincognito мотивацииве што ги ставаш се тооооп ама реални ли се? Мислам, какви тела ОМГ, можам да сањам само за такво тело.:(
    Ако се реални, свака им част на типките, многу откажување и 100% да си посветен треба за такви фасцинантни резултати.
    Не може само со рекреативно вежбање да се постигне ова.
     
    На sunshinebabe, Polyincognito и Касија им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Оди у Славеј, земи стегач за колено.
     
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Mrs. right Зошто да не се реални? :D Некому таква му е генетиката, некој со вежбање и балансирана исхрана доаѓа до такво тело. Значи секако е возможно.

    За мене лично, ниту е откажување од нешто, ниту гледам на вежбањето како под казна да сум :D Тоа си преминува во начин на живот.
    Клучот е во самодисциплината и самоконтролата. Јас пример, таква сум од дете.

    Односно, многу зависи од карактерот на човекот. И да не е таков, може да стане, ако посака :ninja:

    И не вели така. Денес почнуваш, а уште предвреме велиш може да сонуваш за така и така. Каков е тој начин на размислување? Ајде малку порешително и цврсто (hollest)

    За 1 година човек може да достигне неверојатна трансформација. Предизвикај се себеси да станеш најдобрата верзија од себе :*:
     
    Последна измена: 23 јули 2023
    На sunshinebabe, Касија и Mrs. right им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Ама не, вежбав скоро 2 години редовно онака у домашни услови, баш редовно без да пропуштам тренинг и ослабев 30 и некое кило. Добро ова 30 и некое не беше само во периодот коа почнав да вежбам туку пред тоа, симнав 20 па пак качување 9 кила па дури коа се свестив дека качив 9 кг почнав истовремено со диета и физичка активност, а претходно не сум вежбала уопште ништо(тие 20 ги ослабев ради здравствен проблем, се стопив преку ноќ буквално, ни диета ни нишо:worried:), тоа беше пред 3 години, а со вежбање прв пат у мој живот почнав 2021 година.
    Па со помош на диетата и вежбите не само тие 9 него уште 12 ги симнав и веќе дојдов на онаа нормална килажа и секако комплетна физичка трансформација на која горда сум многу.:$

    И терав што терав така убаво после пак почнав да зафркавам со исхраната и прекинав и со вежбање, имав и некои обврски периодот па некако се опуштив и никако да искочам целосно од комфорт зоната и да го фатам редот кој го имав, притоа вратив 6 или 7 зависи, дека вагата варира.

    Сеа дури се враќам лека полека па ќе видиме до кај ќе стигнам и дали ќе има напредок, да мрднам од мртва точка што се вели.

    Абе да ама за таков совршен изглед и извајано тело стварно треба многу да вложиш и дисциплина преголема да имаш, не е така лесно тоа ама да, ако се сака може и да се успее, не викам не.:)

    Ќе видиме хаха, ај има време сеа да почнам јако па догодина може ќе се изненадам, којзнае.:wasntme:
     
    На marchi-cool, sunshinebabe, Касија и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Mrs. right Браво за претходните успеси! Значи и самата знаеш дека нема нешто невозможно :muscle:

    За последните 6 кг, мој совет би ти било тоа да го постигнеш преку внесување на подобри навики во секојдневието, наместо со некоја краткорочна диета.

    Па така, трајните навики и плус редовен тренинг не само што би ти помогнале за слабеењето, туку и после да си продолжиш во одржувањето. И така најлесно нема пак да се соочуваш со враќање на килограмите и слични главоболки :D

    You can do it :muscle:
     
    На sunshinebabe, Mrs. right и Касија им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Фала ти на поддршката, ми значи ептен.:l:
    Сакав кето ама не сум за кето за жал ради хормоните, страв ми e, а баш сакав да пробам...
     
    На Касија, sunshinebabe и Polyincognito им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Сани≈деј: 1 час трчање по скали + 1 час тежински вежби

    Вчера беше ден за одмор, ама пак имаше шетање, пливање :inlove:

    Инспирејшн: Затегнат грб :*:
    Screenshot_20230723-170502_Instagram.jpg
    Јас живеам да носам парчиња со отворен грб :makeup: Мислам дека немам нормално цело парче во плакарот :D
     
    На Касија и Mrs. right им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    A сериозно трчаш 1 саат по скали?
    Не си у зграда ваљда нели?:D
     
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Кратко ама слатко. Би вежбала и две видеа по 30 тина минути, уште малку да се вратам во форма и да зголемам кондиција, сепак уште е рано.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Mrs. right Имам кондиција, не живеам во зграда :)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Мандеј: 1 час трчање по скали + 1 час вежби ( тежински + Клои) :*:

    Mood of my day: :music:
    Screenshot_20230724-174500_Instagram.jpg
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Вторник: 40 минути трчање по скали + 1 час вежби (Клои + тежински) :*:

    My daily dose of inspo :~:
    Screenshot_20230725-201941_Instagram.jpg
     
    Последна измена: 25 јули 2023
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Четврток: 1 час трчање по скали + 1 час вежби (тежински + Клои)

    Inspo of my day (wfh)
    Screenshot_20230727-193428_Instagram.jpg
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Фрајдеј: 1 час трчање по скали + 1 час вежби (тежински + Клои)

    Mood of my day (hollest)
    Screenshot_20230728-184537_Instagram.jpg
     
    На elenaklasik, Mrs. right, zemzela91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Од понеделникот. Добив па малце паузирав некој ден, само изговори и изговори.:doh:

    Од денес сабајле и онака станата сум уште од 3 ипол па немаше што да се праи, па да се искористи времето продуктивно.

    @Касија те нема? Не си умна ни ти нешо а?:?:
    Само @Polyincognito е за пофалба.:clap: :muscle:
     
    На Polyincognito и Касија им се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Девојки, мотивација сте!!!:muscle:
    Немав влезено во темава ама сега знам дека секој ден ќе доаѓам затоа што и тоа како ми фали мотивација. Породена сум пред 8м, одма после пораѓај се вратив на старата килажа, но телото не е исто, си бара затегнување и тонирање, а јас секој ден се канам да почнам да вежбам и никако тоа да го направам.
    Сега сум решена, а и темава ми е ептен од помош8)
     
    На marchi-cool, Polyincognito, Касија и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Ајде почнувај веднаш! Колку поише одложуваш толку потешко ќе ти биде, си знам по мене. Многу е тешко да пресечеш и да решиш дека редно е да почнеш после боза станува се, одлуката е најтешкиот дел и треба храброст и сила за да ја донесеш, не е баш лесно тоа, а мотивација биди си самата ти, замисли колку добро ќе се чувствуваш и ќе изгледаш после неколку месеци ако се придржуваш и редовно вежбаш. Ако си вежбала порано па си постигнала резултати, нека те мотивира тоа за да почнеш сега пак.
     
    На elenaklasik, Polyincognito, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Даа, не сум умна ич:DЦела недела немам вежбано, си имам и јас изговори:D не се чувствував добро, па сега сум во циклус, нареднава недела на одмор заминувам и ништо од моето вежбање и бидување ракета до лета :rofl: После одмор ветувам ќе ве дружам тука редовно, нема изговори:D
     
    На Polyincognito и Mrs. right им се допаѓа ова.
  19. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Да, вежбав порано ама сега сум со бебе (знам дека не е оправдување) кое го гледаме сами со маж ми без помош и некогаш знае да биде напорно и уморот ме совладува, а пак од друга страна знам дека ќе сум посреќна и поисполнета ако почнам да вежбам и ако гледам резултати:)
     
    На Polyincognito и Mrs. right им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.128
    Пол:
    Женски
    Ај бе заеби вежбање, уживај си, да си жива и здрава. :D И не е само ради летото па да се стегнеме тогаш, тоа ко со сила ми е некако, да внимаваме треба преку цела година, да се вежба и пази континуирано.
    Шо фајде ако преку лето и пред лето демек се придржуваш до програма, а после скроз се опуштиш, не е тоа тоа.:shake:
    Ја викам, или идам до крај и не попуштам или ич не се нафаќам, не можам така само периодично.
    Затоа и чудно ми дојде што ја имав изгубено мотивацијата месециве уназад, како само коа ќе ми текне и у 3-4 сабајле вежбав, преку зима и у ладно, кај шо не грееме па вежбав и не се откажував, а после што стана не знам.:(

    Ајде после одмор со нови сили кон нови победи.(fingers)
     
    На elenaklasik и Касија им се допаѓа ова.