1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Поминав и week 4.

    + истегање раце, рамена и грб.

    Вчера 15.000 чекори во цел ден:D
    Одење не ми е проблем ич, побавно со паузи. Ама истегање во некои пози и те како морам да пазам.

    Ми се трча бе;(
     
    Последна измена: 29 јули 2023
    На Касија, Polyincognito и Mrs. right им се допаѓа ова.
  2. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    И јас имам долгорочна цел во врска со вежбањето и исхраната, ништо од периодично активирање само, а после враќање на стари навики. Така да кога ќе се вратам ќе бидам редовна тука, надежно:D Ти да си продолжиш со вежбање и да бидеш умна:D
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Денес: 1 час трчање по скали + 1 час тежински вежби :*:

    My Saturday day fever: :sun::d:(hollest)
    Screenshot_20230729-183435_Instagram.jpg

    @Iris-1234 Јас совет што би ти дала е да не си даваш рокови. Во смисла, сега до Октомври и сл морам вака и вака.
    Дај си 1 година т.е следната година ова време. И додека да стаса следното лето, вежбањето и здравите навики веќе ќе ти се дел од животот :D

    Почни од денес со само 10 минути за тренинг. Така терај едно 2 недели, додека да стекнеш навика и рутина. Па после зголеми си на 20 итн.

    Практикувај самодисциплина и ќе бидне. You've got this! :muscle::hug:
     
    На marchi-cool, Mrs. right и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Фала за советите, мила.

    А кажи ми како се храниш? На пример што за доручек, а што за вечера? Ручекот ми е најчесто балансиран ама ич немам идеи за доручек и вечера.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Iris-1234 Јас не сум стручна за исхрана и морам да напоменам дека не слабеам. Односно, слаба сум, ама вежбам за да имам енергија, clear state of mind и бидејќи сум голем обожавател на мода и фенси долна облека :D


    Во однос на тоа како се хранам, јадам се. Не јадам киноа и оризови галети, туку домашно класично мени :D Речиси 90% е печено и разновидно.

    Денот обавезно ми почнува со затоплена вода со лимон. Па потоа си пијам милкшејк или парче домашен леб со плус овошје. Викенд ако станам подоцна, може и да го прескокнам.

    За ручек, пример, мусака, манџи, супи, месо (свинско, пилешко, риба), компир, ориз, тестенини, лазањи, пица, салати итн. Во зависност од ручекот, јадам и 1 или половина парче домашен месен леб.

    За вечера, претежно кисело млеко и парче леб со нешто намачкано (ако не сум јадела леб за ручек), варено јајце и авокадо, нешто наједноставно.

    Еве од денес:
    Појадок: Топла вода со лимон, па милкшејк со банана, путер од кикирики, какао и урми.

    Ручек: 1 полнета пиперка со мелено месо и салата.

    Вечера: Зачинети нудли со кисело млеко.

    Клучна, според мене, е самоконтролата. Јадам и благо, ама пример, пијам едно кафе дневно и уз него една чоколатка. Мене лично ми е доволно. Или ако има домашен десерт, колач/торта/слатки, исто едно парче со кафето.

    Јадам се, ама по една чинија, едно парче и таман ми е. И не пушам и не пијам алкохол никако.

    И секако да не заборавам пијам tons of water.

    Но, ако личноста мора да ослабне, треба прво да се создаде калориски дефицит. Односно, да внесува помалку и согорува повеќе преку вежбање.

    Значи ниту со јадење, ниту со вежбање не се чувствувам приморана, да се казнувам. Тоа мислам е најважно. Да си го создадеш како животен стил преку кој ќе си и среќен и здрав и секси и super star :D:*:

    И едно нешто што секогаш ми е во глава е поговорка од Сократ, мислам дека беше:
    "It is a shame for a man to grow old without seeing the beauty and strength of which his body is capable" :*:
     
    На Mrs. right, Iris-1234 и joy1 им се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Браво браво браво!!!:*::*::*:

    Јас немам за слабеење (ете можеби 2кг) ама после бременоста ми треба да се стегнам.
    Е сега околу јадењето, не сум голем јадач ама обожавам тесто во сексква форма и тоа ми е голем проблем. По благото не сум многу, можам со денови да не каснам и немсм проблем. Исто, не пијам вода ич, тоа ми е многу лоша навика што морам да ја сменам.

    Тенксссс а лот!:hug:
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Мандеј: 1 час трчање по скали + 1 час тежински вежби :*:

    Mood of my day: (hollest)
    Screenshot_20230731-214726_Instagram.jpg

    Quote of my (every) day: :*:
    Screenshot_20230731-220206_Instagram.jpg
     
    На elenaklasik, marchi-cool, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Вторнички: 1 час трчање по скали + 1 час тежински вежби :*:

    My Tuesday vibe: :sun:
    Screenshot_20230801-181245_Instagram.jpg
     
    На marchi-cool, elenaklasik, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    10.935
    Пол:
    Женски
    @Polyincognito браво на мотивацијата! :clap:
    Кај ги наоѓаш бе женскиве, сакам и јас како нив да бидам :D

    Ти се приклучувам на темава.
    Вежбам веќе четврта недела, не забележувам некои промени на телово, ама имам повеќе кондиција а и болките по вежбање повеќе ги издржувам.

    Колку време вежбаш?
    Што сакаш да постигнеш?

    Јас сакам поцврсто тело, поткренат и малку поголем задник, патем нејќам слабеење, бидејќи сум под 50 кила, и раце да потенцирам сакам, со теговите кои треба да ми стигнат а никако да ги добијам. Курирска работа :^)

    Денес ќе вежбам околу 19 часот. Ти во кој период вежбаш?
    За ручек јадев манџа со компири и месо, потоа зедов благо со путер од кикирики, и цело време си прикаснувам бидејќи сакам да зголемам неколку кила.
    Вежбам отприлика по 1 час.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    10.935
    Пол:
    Женски
    Полии ваков струк сакам!
    Давај идеи за вежби, насоки како како...
    Уф а и фармерките ѝ се типски ептен :l:
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Wed: 1 час трчање по скали + 1 час тежински вежби :*:

    Mood of my day: И мозокот ми е таму некаде во сини бикини :music:
    Screenshot_20230802-165811_Instagram.jpg

    @elenaklasik Welcome во најубавата тема :sun: Баш ми е мило кога ќе се придружи плус уште некој :D

    Инаку, не сум стручна да кажам, но мислам дека бидејќи веќе си слаба, резултати може од 8-та недела т.е после вториот/третиот месец да забележиш. Не е исто како кај луѓето кои прво слабеат вишок килограми.

    But, not to worry! Ти само продолжи да си вежбаш континуирано и времето и онака брзо лета. In no time, посакуваните резултати ќе се појават :muscle: За вежби, можеш било што од Јутјуб. На секој различно му одговара, па изборот си е личен :ninja:

    Јас не вежбам за никакви конкретни резултати. Слаба сум и изгледам како што сакам. Па вежбањето повеќе ми е за да ми е разбистрен умот и сакам да имам голема кондиција.

    Рецептот за успех мислам е you have to show up everyday. И за исхрана и за физичка активност :*:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik за да добиеш на маса т.е да изградиш мускул земај протеин. Можеш два пати дневно, наутро и навечер во деновите кога не вежбаш, и наутро и во период од 40 мин после тренинг во деновите кога вежбаш.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    12.126
    Пол:
    Женски
    Од неделата

    Од вторникот

    Од денес, поточно сега

     
    На Polyincognito, elenaklasik и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Четврток: 1 час трчање по скали + 1 час вежби (тежински + Клои)

    Mood of my day: Somewhere tropic / Затегнат грб :inlove:
    Screenshot_20230803-182304_Instagram.jpg
     
    На Cosmic Girl и elenaklasik им се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    10.935
    Пол:
    Женски
    Ооох сон грпче.
    Еј како изгледаат тие тежински што ги правиш?



    - Вежби (y) завршени.
    Се загревав 20 мин потоа правев пола час за задник исклучиво.
    До кога бе дечки да чекам први знаци на вежбите? Не сум стрплива, и вие сте такви? Ми е страв да не вежбам залудно

    Некако телово како да ми бара тежина сега.


    Ајде, има ли нови? :) :sun:
     
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @elenaklasik Не постои такво нешто како залудно вежбање. И плус вежбањето треба да си стане дел од секојдневието. Не го гледај само како обврска за одреден период, ако навистина сакаш да си ја оствариш целта :*:

    Промени си ја перцепцијата, trust the process и не чекај секој ден резултати. Многу полесно ќе ти биде :D

    Во однос на тежинските вежби, јас лично си вежбам со кетлбел (8 кг), пример видео:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    10.935
    Пол:
    Женски
    Од каде ти е набавено кетлбелчето? Засега со тего од четири кила би почнала.

    Целосно си во право, до перцепцијата е.
    Многу ми е убаво по вежбање, ослободува. И секако имам замисла за целта, но пред сѐ чувството што го дава е многу добро.
    Некогаш и како обврска го гледам, бидејќи сакам да си го завршам во денот, и покрај две мали деца, се случува и понапорно да е, но кога веќе влегов во ритам, не ми се прекинува. :)
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @elenaklasik Има во Polleo Sport, ама мислам има и по други продажни места каде општо се продава опрема.

    И да, оф скроз, започни си со мала тежина, па после кога ја совладаш и ќе ти здосади, може да пробаш со 6 кг, итн.

    Ќе биднат резултатите, не се секирај (fingers) Времето и онака пребрзо минува :D
    Најважно е се чувствуваш опуштено, не приморано и се ќе се среди :*:
     
    На Cosmic Girl и elenaklasik им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски

    Поминав и 5та недела + истегање рамена и грб.

    Деновиве пак имам некои болкички од десно па си викам арно што не се брзам.
    Ептен ми се приметува оти не ги користам мускуливе многу. Раце, задник нозе, све ми е ослабено. Ем више јадам све, а од 56 кг не мрдам. Некаде на 60-62 изгледав најидеално.
    Едвај чекам и Водно да го качувам со истата енергија како порано:l:
     
    На Cosmic Girl, marchi-cool, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    IMG_20230820_220853.jpg
    Морав за неделава да се пофалам:rofl:
    На одмор бев ама набив кондиција со одењево:muscle::D
     
    На elenaklasik, Cosmic Girl и Madam S им се допаѓа ова.