1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Kade33

    Kade33 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Упорноста може да биде и контрапродуктивна, умереноста е клучна. Ако немаш стрес и нервози и ако си почесто надвор ќе ослабнеш полесно и да пешачиш само. Предуслов е топ здравје, витамин Д и Магнезиум над ниво. Мускулна маса ќе кренеш само ако ги оптеретуваш мускулите до цепање, ако зимаш анаболици и се убиваш со јаглехидрати. Рачунај дека по намалени 10% ќе си на стагнирање едно 3/4 месеци. Тогаш не треба да нагазиш туку да намалиш и да почекаш организмот да се адптира, да среди кожа итд. Користи масло од кантарион против стрии и брчки. И најважно од се е спиењето, мора да го зголемиш. Иам уште многу да кажувам, ама за почеток ова е доволно.
     
    На Outlook и Fraerce4 им се допаѓа ова.
  2. Kade33

    Kade33 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Упорноста може да биде и контрапродуктивна, умереноста е клучна. Ако немаш стрес и нервози и ако си почесто надвор ќе ослабнеш полесно и да пешачиш само. Предуслов е топ здравје, витамин Д и Магнезиум над ниво. Мускулна маса ќе кренеш само ако ги оптеретуваш мускулите до цепање, ако зимаш анаболици и се убиваш со јаглехидрати. Рачунај дека по намалени 10% ќе си на стагнирање едно 3/4 месеци. Тогаш не треба да нагазиш туку да намалиш и да почекаш организмот да се адптира, да среди кожа итд. Користи масло од кантарион против стрии и брчки. И најважно од се е спиењето, мора да го зголемиш. Иам уште многу да кажувам, ама за почеток ова е доволно.
     
  3. Babygirlll1

    Babygirlll1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo, nova sum vo teretana ama relativno dobro mi odi kako za pochetok samo imam edno prashanje i nikako ne mozham da sfatam zoshto na primer ako vezhbam sekoj den, koga se meram kachuvam kilogrami, a ako napravam pauza primer od 2-3 dena i potoa se izmeram namaleni mi se kilogramite(i toa drastichno po 2-3kg)?
    P.s. ist nachin na ishrana i za trening i za odmor
    Fala vi :)
     
    На TinK11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.407
    Допаѓања:
    105.641
    Пол:
    Женски
    Јас срам , не срам ќе си прашам :D
    За колку време доколку се вежба 2-3 пати неделно , може да се направи убаво тело со мускулчиња на раце нозе , стомак :D

    Одев на фитнес зимата ама прекинав зошто 2 пати се имав грипосано и престанав плус ќерка ми се откажа и не ми се одеше сама, ама еве од септември кога ќе залади ќе сакам пак да одам. А летово ќе сакам да вежбам по дома и да пешачам. Со исхрана внимавам, благо леб не јадам. Само нешто здраво направено.
    Сакам да го затегнам телово
     
  5. Kade33

    Kade33 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Мускулите врзуваат вода кога работат, потполно нормално. И термички се осеќа тоа, ако се откриваш ноќе а не си пред тоа, ќе знаеш. Напредок во теретана се мери во см не во кг. Батали вагата.
     
    На Fraerce4 и SV1911 им се допаѓа ова.
  6. Kade33

    Kade33 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Зависи од кај идеш, 10% маса би требало да изгубиш за 2/3 месеца. Ако ти е БМИто до 25, нема да биде многу тешко да го спуштиш до 20.
    Вежбањето на жалост е на 3 или 4 место, пред тоа се секако кујната, спиењето и спокојот.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.159
    Допаѓања:
    12.122
    Пол:
    Женски
    Зашо да го спушти до 20? Мускулна маса со бми има везе? У смисла, значи што помало бми = поголема мускулна маса? Тоа сакаш да го кажеш?

    @koritsaki зависи што вежбаш и како се храниш најпрво. Исхраната најбитна е, се сложувам за ова.
    И што сакаш да постигнеш.
    Секој ќе ти рече дека у теретана најдобри резултати би постигнала, факт е тоа.
    И дома би можела ок тело да направиш ама не како у теретана. Посебно па ако не се храниш соодветно, без внес на доволно протеини, ништо.
    За оформување и раст на мускули тежински тренинг ти треба секако во комбинација и со кардио.

    Ама неколку месеци сигурно може и година, пак ќе речам во зависност од тоа што сакаш да постигнеш.
     
    На SV1911 и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. Kade33

    Kade33 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Она напиша дека сака „тело со мускулчиња на раце нозе , стомак„. Ја под тоа разбирам дефиниција, а дефиниција се појавува кај мажи под 25 кај жени под 21, плус минус малце толеранција.
    Мускулна маса со БМИ нема везе, ама мислам и дека не се бара маса туку дифиниција, атлетски излглед.
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.407
    Допаѓања:
    105.641
    Пол:
    Женски
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Машки
    За да ставиш мускул, треба да имаш и маса. Мускулите работат на гориво, бидејќи постојано ги трошиме (не мора да е вежбање, може и физичка работа да е) бараат да бидат регенирани т.е обновени, бидејќи при секое наше кревање па и мафтање, ние нив ги повредуваме и ги оштетуваме. Кога ќе ги оштетиме т.е искиниме муслулните влакна, телото започнува процес на самообновување. Кога мускулните влакна заздравуваат тогаш тие и најмногу растат. Бидејќи сме ги истрошиле резервите во мускулите со кревањето тежини и сме потрошиле калории, после тренинг мора да јадеме и да доволен имаме внес на сите макронутриенти а највеќе протеин. После тренинг, најбрзо нешто што се транспортира до мускулните резервоари се јаглехидратите и протеините, затоа по завршување на тренинг се јадат и земаат протеини и јгх за да отпочне полесно процесот на регенерација, закрепнување и растење. Слаба личност мора да биди постојано во калориски суфицит така што ќе јади се, ќе е на bulk за да става маса (само да нее dirty bulk со junk food) бидејќи така ќе се складира и сало. Крупна личност мора да биди повеќе на калориски дефицит и се поголем внес на протеини и масти а помал на јаглехидрати, оваа личност е во фаза на слабеење/дефинирање или cutting.

    За раст на мускулната маса најважен е внесот на правилна исхрана, вода, спиење т.е сон и одмор и правилно вежбање. Без овие клучни работи, нема раст на мускулна маса бидејќи хормоните нема да се движат во правилен правец.

    За резултати никој не може да предвиди кога ќе се појават, но со редовен и интезивен тренинг (4-5дена) и 1 до 1ипол саат вежбање, правилна исхрана и доволен сон, после првиот месец кон месец ипол, на рацете веќе ќе се оцртува нешто. За поголем резултат, после 6ти месец. Исто важи и за другите мускулни групи, како нозе, гради, грб.

    Е за стомакот е малце потешко. Стомакот е еден голем резервоар кој најмногу сета вишок енергија се складира тука, најлесно особено кај мажите а кај жените во колковите, бутови, нозе, итн. Кога е човек на маса, треба да јаде се, така што покрај муслул ќе има процент на сало. За да се има стомачни, треба многу внимавање на исхраната, минимален внес на јаглехидрати, многу вода и течности, кардио и интезивни вежби за стомак. Процесот на дефинирање т.е cut е многу потежок од bulk, бидејќи тука си во калориски дефицит а го трошиш телото. Затоа на cut или дефиниција, покрај намалувањето на масти, знае да опадне и мускулната маса ради калорискиот дефицит. Затоа највеќето вежбачи велат дека масата е мама, бидејќи нема опаѓање на мускулна маса, се изгледа големо и моќно за разлика од дефиницијата каде слабееш, е сега се има и сало, но нее страшно ако нее во голем процент.

    Индекс на телесна маса или БМИ нее исто кај човек што е физички активен и не активен. Кога се вежба теретана вагата е не битна толку, бидејќи мускулот тежи повеќе и сега некој ќе се мери ќе речи леле не сум во хелти бми, мора да ослабам, а со секое слабеење ќе го топиш и мускулот. Најдобро е огледалото што ќе каже кога си физички активен. Пример на човек кој нее активен 80кг му се многу оти тие се чисто сало, но на активен човек тие 80кг му се малце, бидејќи во нив тежи и мускулот.
     
    На Mumoftwo30, Andzi4., zemzela91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Женски
    Прв пат започнувам да вежбам во теретана, може да ми дадете совети? Целта ми е да се стегнам и да намалам 3кг. Имам 53кг, висока сум 163cm. Барем 3 пати неделно планирам и да трчам по 5км минимум
     
  12. Kade33

    Kade33 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    38
    Ја да сум на твое место би почнал прво само теретана. Кардио или трчање може(не мора) негативно да се одрази на топењето масти. Зависи од гените. Со вториот месец би почнал и кардио и тоа умерено, ради кортизолот кој би го блокирал топењето масти, ама пак зависи индивидуално. Ќе видиш само како ќе реагираш. Кардиото е супер за здравјето, ама не секогаш најдобро за обликување тело. Пошто ти се последните 3кг, телото ќе сака да ги задржи. Али има финти и за тоа.
    Со храната исто не би идел радикално, само МАЛО намалување јаглехидрати, до 200 ккал. Друго се исто. И најважното е спиењето, плус 30/60мин, како знаеш и умееш.
    Немој само да те демотивира палењето на мускулите, помунува за 3/4 дена. Прочитај неколку страни наназад, ќе најдеш уште некои информации. Со среќа.
     
    На penelope10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Никако рутина да фатам, само со паузи сум

    За денес 30 минути тотал боди тренинг, од платформата на Милана

    @Munchmallow20 кои програми на Јака ги вежбаше и како си задоволна?

    Јас ги имав пилатес и stretching, видов кај Јасна пак се на попуст цело лето, сакам да купам некоја.
     
  14. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    3.105
    Пол:
    Машки
    Утрински
    IMG_1545.jpeg
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    19.767
    Пол:
    Женски
    Леле видов дека си ме тагнала и демек ќе одговорев и заборавив(facepalm)(facepalm)
    Инаку ја земав Total body, баш тоа време ѝ беше на попуст.
    Програмчето е океј само е некако ептен за почетници зашто вежбите се лесни и не ми беа доволно да речам, да се избежбам убаво. Али тоа за мене.
    Би земала следен пат некоја друга можда.


    Инаку за денес: трчање - 8 минути загревање па 5х200 метри спринтови (ако се рачуна спринт моево јер душа вадев ама пак сум бавна :rofl:) па 1 км трчање лесно како кулдаун.
    И тренинг дома за долен дел.
     
    На SV1911, Mrs. right и Касија им се допаѓа ова.
  16. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Вчера: 6 км брзо пешачење
    Денес: 30 мин. Total body тренинг од Милана

    Не е многу, ама нареден период повеќе:D

    Мотивација: здравје и мои слики од претходно:D да си ги залепам на фрижидер треба(facepalm)

    @Mrs. right Девојче до каде си, не те гледам тука?
     
    На marchi-cool, SV1911 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.159
    Допаѓања:
    12.122
    Пол:
    Женски
    Хахахаха, сеа знаеш шо праам? На орбитрек само, 30 минути и после стомачни, чучњеви, некој склек и евентуално burpees. Дур не ослабам 8 кила вака ќе терам. :D После посаглам здравје. :$
    И пешачење али на горештиниве, нема шанси. :sweat: Мене и сеа ова време ми е претопло.
     
    На SV1911 и Касија им се допаѓа ова.
  18. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right и тоа е нешто:D ајде ќе биде повеќе, само дисциплина, а пешачење само после 19: 30 :sweat:
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    19.767
    Пол:
    Женски
    Сабајлево
    IMG_20240622_210145.jpg


    Па вечер
    Picsart_24-06-22_20-59-53-160.jpg

    И све на све за денес IMG_20240622_211013.jpg
    За крај истегање долен дел
    Доста е @Mrs. right :D??
     
    На Mrs. right, Касија и marchi-cool им се допаѓа ова.
  20. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Вчера: 6 км. брзо пешачење

    Денес: 35 минути тренинг за цело тело од Милана
    30 минути истегнување на Јака

    Уште да најдам време во ист ден и тренинг и пешачење да имам, добро ќе е.
     
    На marchi-cool, Munchmallow20 и Mrs. right им се допаѓа ова.