Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    Wow женска :o секоја чест.

    Не бе малце е. :D Моеш и до кај 60.000 чекори, шо ќе ти фали. :D

    Вака коа те глеам срам ми е. :|

    А само трчаш, пешачиш и на планина идеш или и вежби други правиш? Вака со трчањево сигурно има резултати добри, ајде пофали се. :D Знаеш шо ме интересира највише мене. Стомак убав дали се праи? :$
     
    На Касија и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Си вежбам и со тежини дома и денес као требаше за цело тело ама нозеве ги потепав цел ден и реков ај батали. Сабота ми е стандард за долго пешачење и трчање, а другото ако имам сила.
    За стомак кај мене нема нешто ефект, барем не сум приметила, ама на нозе машала има. Листовите особено, почнаа на муда да ми личат од позади.:rofl:
     
    На SV1911, Касија, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    12.985
    Пол:
    Женски
    ;( Како бе нема ефект? Мислев со трчање највеќе би се топело таму.

    :rofl::rofl::rofl: за листовите очекувано, ја па и вака иам листови ама можам да замислам па вака коа трчаш редовно како се формираат. Ти атлета ќе се напраиш ептен. :inlove:
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.198
    Кај мене почна струкот повеќе да доаѓа до израз од трчањето. Затоа листовите имаат уште многу за да личат на муда како кај @Munchmallow20 :D
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    IMG_20240629_220002.jpg
    Неделава требаше да ми биде тајм аут за да фатам појако од понеделник ама шудапраам, ми се трча. И да видам до кај сум што сум.
    Бај да уеј...имам да се пофалам оти ова темпо (6:20-6:30мин/км) ми е офишали лесно темпо. Претходно за исто време трчав иста дистанца АМА нозете ме болеа веќе после пола, се мачев со дишењето, а сега немам гајле.
    Идемо напред:rock:
     
    На SV1911, Касија, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    7.918
    Пол:
    Женски
    Вчера: 6 км. брзо пешачење
    35 минути тренинг за цело тело од платформа на Милана.

    Денес: 8 км. пешачење.
     
    На SV1911 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Вчера поминав 9 км на точак.
    Потоа вежбав дома 45-50 минути: се задржав на стомачни, грбни вежби и на вежби за кукови.
    После тоа направив една лабава прошетка од околу 2 км.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    кои вежби за грб ги правиш? Барав на јутјуб конкретно за грб не најдов ништо соодветно
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Машки
    Ако одиш во теретана има доста вежби од справи па се до сајли и тегови.
    За дома најефикасно е да се креваш на вратило ама со дланките нанадвор и на што пошироко да се држиш т.е растојанието на рацете, за да те мава на грбот повеќе отколку на бицепс. Исто и стандардната, ќе легниш на гради скроз право, рацете позади ќе ги вкрстиш или на врат ќе ги ставиш и ќе се креваш отсечно со поголем интезитет.
     
    На marchi-cool и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Денес:

    8 км на точак
    1ч вежби дома-90's aerobic
    Бидејќи денес подолго го шетав кучето, т.е. тоа мене ме шеташе, нозеве ги осетив уморни, па трчање и скокови во место не правев многу (обично бар 15 минути правам).
     
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Еве дел од видеата кои сум ги користела:


    Обавезно склекови (јас правам женски, на колена), planks, варијации на овие две ..
    Последниве години не правам на вратило, иако имам дома зошто не ми е соодветна висината. Направено е повисоко според висината на син ми.
    Искрено, никогаш не сум се дигала на вратилото, не можев, дури ни кога имав кондиција и мускули, кога бев помлада. После заради калцификат во рамото ми рекоа да не го оптеретувам со тежината на телото многу тоа рамо, така да не ризикувам..

    Некои вежби со мали тегчиња исто ангажираат мускули од грбот, посебно од рамениот појас, така да и такви видеа користам.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Жено ти си машина ! Не си застаната прај одмор преку еден ден :D
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    :D
    А да, правам одмор обавезно!:nod:
    Во вторник вежбав, па среда не вежбав и вчера вежбав. Денес пак нема да вежбам. Викенодов се надевам сабота или недела ќе вежбам пак.
    Вакво вежбање по саат, саат и нешто, успевам максимум 3 пати неделно, а некогаш само двапати. Мислам дека е доволно.

    Сум пробувала да вежбам 20-30 мин. 4-5 пати неделно, ама не ми одговара. Прво не ми дозволуваат обврските секој ден да вежбам, второ кога го вежбам само дел од телото (да речеме еден ден раце и горен дел, друг ден нозе и долен дел) се осеќам како да не сум извежбала убаво, како да сум забушавала. Или како еден дел да ми е раздвижен па дури и преморен, а другиот дел од телото сеуште нераздвижен, занемарен. Навикната сум да правам по мин. 45 минути вежби, за цело тело, 2-3 пати неделно. Кога бев помлада вежбав 5 пати неделно по 1 ч или 45 мин, заради проблеми со сколиоза и ми е прејдено во навика.

    Истотака не можам да вежбам наутро (I'm not a morning person :D). Најдобро ми е меѓу 5 и 9 ч да вежбам, откако ќе го сварам ручекот, зошто тогаш имам повеќе енергија. Исто не можам и доцна навечер да вежбам, ме расонува. Вчера тука утнав, вежбав кон 10 ч и после се мачев да заспијам.

    Точакот го користам и во деновите на одмор зошто ми е превоз за на работа во топлите месеци и зошто ортопед ми препорача да возам точак без отпор заради подобра циркулација во коленото и успорување на артритичните промени.

    Нон-стоп кажувам дека само кога се движам, кога редовно спортувам тогаш ништо не ме боли. Ниту рбет, ниту колено, ниту нозе...
    Не ми е проблем и да се препотам и да е жешко и да малку ми се воспалат мускулите наредниот ден.

    Само недвижењето ми е проблем.
    Кога не вежбам, се почнува да ме боли :D
     
    На marchi-cool и Realist1 им се допаѓа ова.
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Neznam zosto ama me krade 300m sekoj pat :D. Inace nedelno IMG_1828.jpeg
     
    Последна измена: 7 јули 2024
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Ако се работи за апликацијата Strava, пресметката на вкупно поминатите километри/метри не би требало да ги намалува, сите се бројат, без разлика што не се обоени со иста боја на мапата.
    Можеби знаеш, од пред некоја година ја надоградија за да не ги покажува на мапата првите и последните метри за јавноста и другите корисници, а за тебе ги покажува ама се во друга боја. Тоа е за заштита на твојата приватност и за твоја безбедност. За да не може некој да дознае каде живееш, работиш, да ти ги следи навиките и да го злоупотреби тоа или да те демне.
    На пр. ако вртиш кругче и стартот и целта ти се исти, баш вака ќе ти покаже на мапата - со почетниот/последниот дел во друга боја.
    Најдобро е да не ги објавуваш мапите со скриншот, зошто вака ја објавуваш целосно рутата, како што ти ја покажува на твојот личен профил.
     
    На simoncelicius, SV1911 и Realist1 им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    IMG_20240709_140200.jpg
    Јас стагнирам малце со трчањево.
    Ама ништо не ми смета како жешко време.
    Сабајле пред 8 излегов и веќе беше 25+ степени(facepalm). И џабе, морам побавно да трчам инаку вријам.
    Инаку си земав елек/ранец за трчање (hydration vest) од Али и преубав е за тие пари:inlove:
    Деновиве ќе трчам со него негде поуџум малце.
     
    Последна измена: 9 јули 2024
    На SV1911, marchi-cool и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Yo, џесте?
    Да ве поздравам :D
    IMG_20240720_212114.jpg
    IMG_20240720_212128.jpg
     
    На SV1911, marchi-cool, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Немерно скрин космик, ako има маж нека дојде ко ќе му ја летнам уште толку :D
    IMG_0036.jpeg
     
    На simoncelicius и marchi-cool им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Машки
    Сношти грб и бицепс.
    Вежби нема да пишувам, ги имам пишувано порано.

    1.45мин.

    Понеделник продолжуваме со раце.