Јас денес започнав со трета недела од 8 неделна програма за трчање 5к. Се водам според апликацијата Runna, и баш ми годи темпото. Само што се правам паметна и скокам денови кога треба да има истегање и лесен тренинг по делови од тело. Исто така денес скокав на јаже- за почеток само 500 скока како целта ми беше 1000 видов дека мускулите ќе ми откажат. Не ми е целта да не можам да одам утре. Пред ова поминав еднонеделна програма за стомачни од Esragram на youtube. Исто започнав и со двонеделна програма за јога/пилатес на youtube од Madeleine Abeid, за жал не ја завршив.
Вчера направив 600 скока. Се опоравував од тие 500 па јас мислам добри два -три дена, ме болеа нозете. И само 2000 чекори- дома бев цел ден ама телефонот не беше со мене константно. Можеби е попаметно да си носам саат. Денес 700 скока на јаже. Целта ми се 1000. Секако ги правам со паузи, ама се подобрувам. Првиот ден едвај можев 10 да сврзам без да ми се замота јажето. Денес успевав по 20-30 in a row. После си вежбав со тегчиња горен ден од тело/раце според сликава овде. Само јас одев со 15-12-10-8 повторувања- 4 серии. Да почнам со 12 ми се виде малку. Иако едноставни вежбите баш добро ми дојде. После тоа имав 40 мин трчање според Runna аpp. И денес направени 10 120 чекори-нешто повеќе иако целта ми е да имам 10 000 дневно сакам да накачам на 12 000. Инаку преку самсунг апликацијата има како глобален челинџ - за цел месец треба да направиш 200 000 чекори што воопшто не е неизводливо па ете тоа ќе ми е мотивација. Само што не ми е јасно почнува од денес 01.09. а некои имаат веќе изодено 222 000 чекори. Wtf?
Се смени сезоната се смени и мудот мора малку повеќе да се спортува за да ја одстраниме депресијата. Поздрав дечки само ведро и работете на себе
Заборавив на темава. Сабајле пешки до Средно Водно, околу 8км испешачени. Па вечерта ова. Најбрзо истрчани 5км досега
Се доведов во ред, од вежбање до правилна исхрана ама без калориски дефицит ми стагнира работата. Земав и протеини Dymatize за прв пат и презадоволен сум од нив за разлика од optimum nutrition. Апдејт:се мерев сега одма намалувам обем на стомак и килажа на вага само од еден ден, дефинитивно идам и втор ден
Било кој од Скопје кој се срами да иде сам а му треба друштво нека пише, ќе му бидам подршка и стимул