Бев, вежбав ама малку ме нервира лигавиов дожд. Ќе појдам са ее напијам кафе као демек ќе одмарам и на крај пак ќе влезам и ќе извежбам.
Имам повреда па морам неделава кардио.Денес истерав 500 калории што на орбитрек, што на лента за трчање.
Како можам да го затегнам стомакот со помош на кревање тежина? конкретно ме интересираат вежби кои можам да ги применувам а да дадат резултат на стомакот.
Така знајш кога ќе направиш мускулна маса? Никош. Поарно и да не одиш ич да се разгибуваш. Овај спорт си бара нон стоп посветеност. Најмногу се опаѓа во овај, во ни еден друг, во фудбал ќе вратиш форма за брзо ама овде тешко. Добро, додуша ти немаш и мускулна маса, тоа е друго ако одиш за прошетување.
Денес Fuel ден 20. Не сум фан на кардио, некои од вежбите ги правев во поблага варијанта. Вторава половина од програмава е поинтензивна и има скокање повеќе што баш и не им одговара на моиве колена.
Гледам не сме многу активни на темава, па да ја активирам малку. Почнав со вежбање овој месец и тоа секој втор ден по 1ч. Засега во домашни услови, со реквизитите што ги имам. Не следам нечија програма, реков дека ќе почнам прво да вежбам како што сум навикната и како што си вежбав низ годините наназад. Кога ќе достигнам некое плато, тогаш ќе вклучам понапредни вежби од видеа. Обавезно загревање прво и тоа од глава до пети, па вежбите кои се во кратки серии и разновидни. Го вежбам секој дел од телото и не правам upper/lower body day. И кардио вклучувам 10-15 мин, зависи колку имам енергија тој ден.
Денес почнав со Beginner Epic после 20 дена пауза. Реално се осеќав без везе овие денови кога не вежбав, некако како само вежбањето да ми е дефокус од секојдневни обврски и разноразни глупости што ми се мотаат по глава.
Исто и мене ми е така дури и после помали паузи. Затоа сакам кога вежбам да се исклучам од се околу мене, ми има некој grounding ефект или психолошка терапија покрај физичката . Некогаш е тешко во домашни услови да се исклучиш, па почнав да размислувам дали да одам да вежбам во некој фитнес клуб.
Баш психолошка терапија, добро кажано. Јас немам време за фитнес клуб, најзгодно ми е дома. Е сега со две деца не е секој пат идеално, ама гледам да вежбам преку неделата додека големото е во градинка, малото додека спие.. комбинирам некако
Пошто е темно и преку недела не трчам толку, западнав у некоја комфор зона со 5-6 км последниве 2 месеци ама полека излегувам. До октомври ќе бидат ваљда 21 и тоа добри 21
Хај. Сакам и јас пак да де активирам со вежбање. Досега секогаш сум вежбала само во теретана, а сега сакам да почнам дома со некоја програма и да не бидат предолги, бидејќи го немам времето. Знам дека има повеќе онлајн тренери, што си имаат вежби и на YouTube, меѓутоа не знам од каде да почнам. Препорачате ми нечии вежби кои сте ги вежбале и сте задоволни.
Од Јутуб ѕирни ги Hasfit А баш за план има страна се вика Muscle and strength и има бесплатни планови и за дома и теретана и многу ми се свиѓа што за секоја вежба има линк со видео како се изведува и кои делови ги вежба.