Јас сум заборавила колку знае да биде предизвик Т25, иако е кратка. Денес почнав со кардио- и на неколку пати морав да направам пауза затоа што баш се задипав и добив срцебиење. По план ми е многу полесно да следам отколку вака рандом видеа да барам. Оваа после лежечки период е супер за да се почне.
Леле ме потсети дека пред едно 7-8 години Insanity ја вежбав. Е таму што скокање имаше А јас сеа Fuel едвај чекав да заврши иако таму кардиото е гола вода ко ке споредиш Он топик, денеска одново ја почнувам Epic beginner, ќе ја терам уште една недела
Здраво, јас веќе 4 месеци како откажав теретана и се претплатив на една платформа за почетници. Таму вежбите ми станаа веќе досадни па сакам да сменам. Ја следам Caroline Girvan некое време но има многу програми и не знам од која да почнам. Може ли некој што ги знае програмите да ми препорача нешто? @inception и мене ме фаќа око за epic beginner. Може ли да споделиш твое искуство?
Epic beginner е всушност вовед за нејзините Epic програми, не е за почетници иако така се вика. За мене е океј, имаш три дена нозе, раце, стомак, еден ден full body со тежини и еден ден HIIT. Првата недела ми беше океј, освен денот за раце, таму сум најслаба, асален склек не можам да направам, ама сеа вторава недела е каде каде подобро. Штом не си почетник не би требало да имаш проблем. Сега зависи што ти повеќе одговара да вежбаш. Јас почнав со Iron, класична програма со тежини, обично одат 4-5 вежби со по 2-3 серии. Колку што следам сите почнуваат со неа. Втора ја вежбав Fuel, таму имаш HIIT еден ден, ама и во другите денови има вметнато кардио. Тука имаш листа на сите од јутјуб, можеш да ѕирнеш која би одговарала највеќе
Ти благодарам. Ќе почнам со Epic Beginner три пати неделно. Fuel ми е премногу кардио, нејќам да ги оптоварувам колената.
@Munchmallow20 која ти е апликацијава? Јас денес почнав со пешачење, многу паднав кондициски, боледувањево тешко ми паѓа
Денес 1ч10 мин вежбање во домашни услови. Имав повеќе непотрошена енергија денес и малку понапорно вежби направив. Дури и малку прошетав и направив 10-15 минути танцување За утре се мислам помалку интензивни вежби да правам, ќе видам како ќе се осеќам после денес.
Си го читам ова сега и се смеам и со офкам зошто ми се воспалени мускулите на нозете уште од тогаш Вчера не вежбав ништо, ама не зошто не сакав, туку зошто домашните обврски не ми дозволија. Имав само една прошетката како рекреација. (чистењето и стоењето во кујна не ги рачунам како ништо друго освен замор) Денес планирам пак истите вежби како од завчера, само со фокус на стомак и грб.
Здраво сакам да ве прашам во врска со колаген Дали користите колаген како суплемент И кој колаген да се користи бидејки ги има многу
Вчера извежбав 1.15 мин во домашни услови. Вежбав цело тело ама малку повеќе направив вежби за стомак и грб. Со оглед на тоа дека вежбам дома, просторно ограничена и во време кога сите мора да се дома и се нешто им треба од мене, стварно го сметам за успех тоа што не само успеав да вежбам, туку и да одржам темпо и континуитет. Па и расположение Сериозно.. се повеќе мислам дека ќе морам да почнам да одам во теретана од овие причини.
Еве јас да кажам дека неделава извежбав 3 пати, иако целта мј беше барем 3 пати цела недела сигурно ке бидат 4. Вежбам фул боди по 30мин. Се надевам ке ме држи оваа мотивација
Вчера цело тело. Денес буткање: Kettlebell deadlift, squats & shoulder press, leg press, lunges, step ups, bench press ама на топка . Простете не знам ни една од вежбиве како е на македонски . Месецов некако го изгуравме со 3-4 пати неделно вежбање. 3 пати гледам да е теретана, 4 не успевам, па ако можам 1 ден правам дома вежби.
Абе на англиски сите вежби си имаат име, не знам дали на македонски ако ги објаснуваме ќе се разбереме И јас не успеав повеќе од три пати неделно. Ама и тоа е успех, па што. Важно е и да се одржи континуитет.
Денеска во план е грб со трицепс. Синоќа гради со бицепс а утре завршно нозе со рамо. Тренинг по 1.30мин до 2часа секој ден, 6 дена во неделата, одмор во недела само или празници. Треба да воведам уште еден ден во неделата одмор знам ама пошто вежбам различни мускулни групи затоа немам воведено, е сега телото дека се исцрпува да, треба одмор за регенерација.
Да, си треба одмор и секогаш сум го слушала своето тело што ми бара. Ако треба одмор, еден ден не вежбам. Секогаш ми била дилемата помеѓу некои средно долги тренинзи речиси секој ден во неделата ама за различни мускулни групи или цело тело и подолги тренинзи ама 3-4 пати неделно. На крај сепак ми се наметнуваше вториов начин, прво зошто имам толку многу други обврски на работа и дома што немам ниту време а ниту енергија за секој ден да вежбам и покрај желбата. Второ со ваквиот распоред ми нема логика вежбањето само групи мускули зошто испаѓа дека еднаш (преку сила двапати) неделно ќе ги вежбаш одредени групи мускули. Трето ако вежбам групи мускули по некој распоред, кога тогаш ми се судира тој распоред со мојата моментална состојба - на пр. дента кога треба да вежбам раце сум морала нешто да работам низ дома и рацете сум ги преморила... Затоа гледам да вежбам 3 -4 пати неделно и тоа цело тело од горе до доле. Прилагодувам број на повторувања или типови вежби зависно од денот и од тоа што сум вежбала претходниот пат, ама сепак сите групи мускули ги опфаќам. Тоа е и причината зошто никогаш не останав да вежбам во некоја фитнес група што работи на овој принцип. Плаќаш солидно за само два или три пати неделно да вежбаш. Така се поставени обично распоредите, во едниот ден се вежба горен дел од телото во другиот долниот. Третиот ден е обично нешто сосема вон шемата како истегнување или цело тело по малку. Деновите се фиксирани и не се флексибилни за да одиш во друг ден со друга група. Ако од објективни причини не стигнам ете еден од тие два дена да се појавам, тој дел од телото што бил на распоред ќе си одмара поприлично долго и ефектите од вежбањето ќе се слаби. Секако може дома да надокнадиш за пропуштеното, ама што е поентата да се плаќа тогаш?
Секако, во зависност од времето и обврските така се планира и распоредот. Јас имам време и обично на вечер одам во теретана, баш во тој дел од денот кога е најголема гужва во теретана. Плаќам месечно и ги користам сите можни денови, ми нема логика да уплатиш месечно а да одиш само 2-3 дена во неделата. Дека треба одмор, треба за регенерација ама ради распоредот на вежбање мускулни групи затоа и немам воведено уште еден ден одмор, се случило нареден ден да чувствувам замор ама нормална појава после се средува, ама тренингот ми е интезивен, со доста тежини, вака функционирам секојдневно 6 дена по 2 часа како што реков или 1.30. За сега не чувствувам потреба од уште еден ден одмор, па и тој еден ден ако го одмарам психички нема да ми е лесно ако не отидам, зошто теретанава е како зараза некоја која те привлекува, мораш да одиш, ако не отидам не ми е убаво а ако ќе е ден за одмор. А минимум 2 дена одмор треба за опоравок и закрепнување, али ајде само да се одело хаха..
Да, зараза е Кога бев помлада вежбав скоро секој ден. Кога ќе дојдеше времето за вежбање почнував да се потам ако не вежбам, како условен рефлекс. Сега не сум толку млада и слаба ама навиката да се вежба останала во трајна меморија. Има и повеќе од задоволство и чувство дека правиш нешто добро за себе кога вежбаш. Кога редовно спортувам ништо не ме боли, а престанам почнува нешто да "шкрипи" т.е. да боли- дали рамо, дали колено, дали рбет, кукови. Нема лекар што не ми рече редовно да се движам и да си спортувам, за сите здравствени проблеми, за се е корисно како што старее човек...така да ќе си продолжам да си вежбам колку можам.