Денес ја завршуваме неделава. Со загревање и истегнување околу 1,5 саат. Напорно ми беше денес, немав ич одмор деновиве.
Понеделникот кардио 40 мин трака и стомачни, денес дома (со тодлер не се вежба ). Kneeling hip thrust, single leg squat negatives, squats, squat jumps, lounges, lounges jumps, 4 серии од 10 до 12 повторувања, 1 час отприлика.
Заради повреда на коленото (не при вежбање) сега ќе морам да одмарам некоја недела. Ама пусто не ме држи место, од утре планирам да вежбам со тегчиња раце и за горна половина од тело. Па после кога ќе се опоравам да правам некои knee friendly вежби. Малер значи сум тежок, а фатам рутина нешто ме вади од неа. Претпоставувам тоа е и дел од животот, не сме роботи. Битно е да не се откажува човек
И јас секој ден во теретана и сега сум спречена 7 дена да отидам, дури четврток може да отидам. Ќе вежбам дома ама не е исто. Претходно само дома вежбав и можам да кажам дека три месеци вежбање дома е исто со три дена во теретана. Кардио ајде што не сакам ама и мислам дека не ми треба. Трчам до работа, од работа, носам деца, земам деца, до теретана одам пешки и се качувам по скали таму до 3ти кат. Пробав на лента чисто како да знам како оди и две минути и ми е страшно досадно. Па викам ајде на скали и тоа ем досадно ем почна да ми се врти во главата и тоа не ми е интересно. Многу често танцувам дома на латино музика отприлика по еден саат па само тоа е моето кардио кое доаѓа во предвид.
Две + недели се залегнав дома, ослабев 4 кила, преисцрпено се осеќав ама денес гледам не сум лоша Идемо даље