Влажноста кај мене денес многу голема, мака мачев, ама ете направив една Петка и покрај 60 часовната работна недела.
Денес загревање цело тело, истегнување, вежби за долен дел од телото (low impact ) и стомачни вежби. На крај вежби за стапалата. Околу еден час вежбање, се на се.
Дечки, ми треба accountability buddy! Немам со кого да се мотивирам на дневна база, а сега ми е тој најкритичен период каде што не смеам да се откажам. Некој ако е за, нека каже за да си споделуваме резултати, колку сме извежбале тој ден, итн!
Добро да тоа секако дека не е лоша идеа, ќе споделувам и овде. Него мислев онака за секојдневно, да не ве отекувам и спамам овде секој божји ден
Mа само ти спамај па од инат дека ние не постираме ќе почнеме да вежбаме повеќе и ќе постираме па после спамачки клуб ќе отвориме. Знам, сам ќе се испратам немора да ме бркаш
Денеска во план рамо со нозе. Латерал наместо на клупа со стоење + вежба на сајли. И секако задно рамо. Нозе на шутерот и пресa. Арнолд прес не.
Ок дечки каснам малку со еден пост ама сега да надокнада, вчера истрчав 5 км, после тоа истегнав се, па направив шадол 3 рунди по 2 минути за накај да завршам со три серии склекови 30-20-10. Денеска некако се напнав и мавнав една 8 ца
Петок - гради со бицепс. Само без decline, dips, pullover, pushups. Обично вежбам гради во Понеделник и Четврток но сега вака испадна.
Да се пријавам овде Со вежбање сум во love/hate relatuonship. Редовно почнав да вежбам од Јанури оваа година, до сега отприлика 75 пати сум вежбала (+ некои што не сум ги броела). Последно вежбам iron series од Каролина, серијат е оѓин. Но, поради повреда со рака морам да намалам со физичка активност во горен дел. Во кој период од денот вежбате? Дали е подобро поручек или рано наутро пред работа? Не можам да пронајдам начин на вежбање и да се држам до него. Една недела пилатес, па после велисипедизам, на крај трчање, па јога, па со тегови. Не знам колку е добро. Но, кога чувствувам дека телото ми бара нешто полесно/потешко веднаш менувам. Од вчера, денес ќе видиме што ќе се вежба
Здраво! И јас сум во слична ситуација како и тебе. Од редовно вежбање на почетокот на годината, пролетта паднав и си ја повредив ногата, поточно двете нозе и тоа ме врати назад. Прво одење вежбав, па качување по скали, цело време со отоци, со болка, со маки... Ама еве сега сум веќе многу подобро. Мене ми помогна пливањето минатиот месец и лекарите ми го препорачаа. Сега можам и да вежбам, па дури и да потскокнувам и да трчам ама сепак внимателно и без многу запнување. Голем сетбек ми беше повредата како кондиционо, така и за тежината и за целокупното држење на телото. Првиот пат кога вежбав сега пред две недели ми се плачеше Со секое наредно вежбање сум малку подобра од претходно и тоа ми е најубавото чуство и најголемата мотивација. Битно е само еднаш кога ќе почнеш да продолжиш, да си редовна и да пробуваш секој нареден пат малку плус од себе да дадеш. Инаку јас вежбам аеробик ама комбинирам со вежби од се и сешто (од физикална, од пилатес, од јога, од денсинг) Јас не умеам да вежбам по 15 мин на пр. Зошто секогаш одвојувам време за загревање и за cool down и не сакам само една група мускули да ангажирам. Вежбам по 1ч до 1.15 мин и сега за сега вежбам 2-3 пати неделно. Сосема ми е доволно зошто ми се напорни вежбите и ми треба еден ден одмор после тоа. Вежбам дома, имам купено се што ми треба од реквизити. Инаку кој дел од денот вежбаш зависи и од типот на вежби што ги правиш, со која цел ги правиш и секако што ти преферираш. Мене вежбите ми се напорни и се повеќе од обично раздвижување и ми бараат енергија. На гладно никако немам доволно енергија. Вежбам после 2-3 часа од ручекот.