Денес имам чудо енергија. Денот го почнав со лажица мед, јаболко, вода и утринско пешачење од 5км. Сега привршив со вежбање со тегови за раце, нозе, - 30 чучњеви обични - 60 чучњеви со 4кг тежина - планк - плус некои мои кардио вежби налик кик бокс во времетраење од половина час, уз мотивирачка музика :geek: Одмарам малку, па продолжвам барем половина час на орбитрек. Малку мотивација за женските
Ако се рачуна за 2 часовно пешачење во фитнес, нека ми се брои, од Понеделник почнувам со поголеи извештаи.
Прво 20 минути на орбитрек,па 4 серии по 10 за рацете,па 4 серии по 20 за грб,па 4 серии по 20 за нозе,па тегчиња.
Па едно 30тина минути brazil butt lift, потоа 15тина минути трчање во место и некои секојдневни вежби п.с На почеток сум, со тек на време и поинтензивно!
Од 6 до 7 часот бев на aerobic low impact. Првпат ми беше да идам на ова и некако не сум задоволна. Се извежбав ама без некој ентузијазам. Моите критични делови се стомакот и рацете, па повеќе сакам вежби за нив, за да ги ослабам и стегнам. Од 8 ипол до 9 ипол пак бев на аеробик. Правевме некои кардио вежби и плус вежби за затегнување и обликување. Добро беше. Мислам дека после секој нов час се враќам со се поголема енергија во мене. До 10 ноември ќе идам на часови пет дена неделно, а после имам во план ладниве месеци да вежбам по дома.
Денес и јас како времето. Ништо посебно со мојот фитнес ден. 40 мин орбитрек и 45 мин вежби за нозе и задник. Толку
Цела вечер врнеше и ништо од моите надежи дека ќе прекине барем дента. Indoor фитнес денес. Седум пати ја повторив рутината за стомачни и направив 150 склека. Севкупно околу саат време. Вежбите на шипка ќе почекаат ден без дожд и ветер. Имам и мала повреда или барем добро воспалени зглобови на рацете, така да ќе мора да барам алтернатива за вежбање гради и трицепс. Исцедив два лимона во 0,33л шише ладна вода и добро ме освежи. Овие денови ќе го направам и фит тестот на Insanity, си најдов и кој да ми го мери времето. Ќе известам и за тоа. http://sphotos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 3088_n.jpg
За фит тестот нема потреба никој да ти мери време одиш по видеото со нив заедно броиш колку ке направиш они ти кажуваат кога истекува времето и си запишуваш..
I have a confession to make. Не вежбав цели 5 дена, заедно со денешниот ден За ќотек сум, никогаш не сум направила ваква пауза, освен кога бев на одмор летово Си се правдав со обврските и немање време Ако се рачуна како фитнес пешачење по пола саат дневно, и минимум 10 пати одење по скали горе-долу додека сум на работа....кога ќе размислам, не се баш малку скали Тоа е, утре од работа правец теретана, па ако треба и последно да е
пешачење 5 километри -не дека сама туку дека морам 800 скока со јаже 30 чучеци и вежби за истегнување како за прв ден доста е
По вчерашниот тренинг за раменски дел и раце,денес повтортно интензивно кардио во комбинација со степер. Еве го и пикачу
По една кратка пауза од здравствени причини, денес официјално се враќам на турбо вежбање без прескокнување на тренинзи, па се приклучувам и на темава 30 мин. Тае бо - Basic 10 мин. (3км) Орбитрек ( со менување отпор и вртење наназад 3 мин.) за денес доста, а полека ќе зголемувам Спојлер И еден поздрав од Billy Blanks
денес , орбитрејк 60 минути потоа стомачни , вежби за задник , нозе / околу 30 минути Денес вежбав ептен со сила , некако не бев во форма , ама во глава си ги мотав сликите што ги постирате тука и извежбав до крај не се откажав! Време време време , за се треба време , па и за мускулчиња . поздрав !
Тука сум тука Брзо одење 45 минути брзо одење на трака и 20 минути трчање Планирав да трчам на кеј, ама времево ме зафркна. Вежби за стомак, нозе и грб. Добро потрошено време во теретана
хахах се изнасмеав за сликава инаку јас со грдни маки денес Cardio со Insanity , се ме боли еве за сите кои мака мачат со воспалени мускули
ААаааааа керата (Колозов) Ако се сеќаваш ние ја проширивме дефиницијата за фитнес, 5 дена белки не било без ич Ок, шала на страна, сработеното за денес Игнорирав болка во зглобовите, 150 склека. Три пати ја повторив рутината за стомачни, скоро до прегорување. 2x50 чучњеви, не ги правев до сега, ама од денес ми се стандардни. 40-ина минути кревање на шипка, додека не ми се исклучија плешките рамињата и трицепс. Pain is temporary. It may last for a minute or an hour or a day or even a year. But eventually it will subside and something else will take its place. If I quit however, it will last forever. Убаво кажано, но немојте од толку многу втори шанси да не искорстите ни една Спојлер И уште еден едит Спојлер
Уф,каков завршеток на неделава..Нозе и грб во комбинација со стомачни. Веќе сум на крај на 3тава недела во теретана,а прва од п90х и забележувам некои резултати,па дополнителна мотивација и баш не е на одмет Еве и малку креативност
Ете ме и мене Денес извежбав две од видеата што беа ставени на фемина од тоа како вежбале од викторија сикрет, едно за раце, а другото за нозе. После нив не можев да мрдам, мислев дека се полесни , ама ако мене и такви ми требаат. Не издржвав скроз како што вика, ама на пример ако тие викат да се напрат 3 серии по 60 секунди, јас правев 3 серии по 30-40 секунди, толку можев .. Утре ќе ги вежбам другите две. А вака според вас што вежбате подолг период, мислите дека сега за сега се доволни само овие да ги вежбам, за да се појават барем мали резултати, ете заедно со се исхрана за 1 месец да се симнат барем 3-4 килца ?
Не форсирај такви калкулации уште во старт. Што е следно, на секое две-три репетиции ќе се ѕиркаш пред огледало? Едноставно почни со вежбањето и пробај да го сватиш тоа како составен дел од твојот начин на живеење, не како некоја мачна должност која треба да се истрпи за да се стопи сало. Организмот ќе ти се разбуди и ќе се чувствуваш уште подобро од порано, месецот ќе летне многу брзо, а ако си редовна и одбегнеш во главно пржена храна, газирани сокови, не се буташ бел леб и индустриски шеќер, резултатите ќе станат очигледни. Ти моментално од мрза можеби и немаш направено некое поубаво истражување на нет за вежбички, туку ај на Фемина е, копи пејст, ќе го превземам тоа што се случува таму. Ам? Ѕирни го и ова http://www.youtube.com/watch?v=yhZLntHqz8w http://www.youtube.com/watch?v=DAqQpG7_XOg Разгледај им ги каналите, овие две имаат добри предлози, штом ти е за топење салце, види се што има cardio и HIIT во насловот, и прилагоди го интензитетот според твоите можности. Ако тие прават 30 секунди/репетиции од вежба, ти почни со 10-12 сек/реп. Mix it up Get creative За твоето тело се работи.