Се цитирам оти не дава да се редактирам. Како и да е, како што си реков дека сакам да го зацврстам стомакот секој ден дополнително ќе работам кардио абс од инсанити иако не ми е во програма. Ама ако повеќе на никој не би му штетело
^Херр и јас работам секогаш Cardio Abs или Bum-Bum + основната програма. А инаку дали можеш да станеш депресивна-НЕ, дури напротив, при вежбањето се ослободуваат ендорфини,серотонин,допамин што заедно во спрега резултира со речиси оргазмично чувство на задоволство и среќа. Барем мене така ми делува...И мене ме пукаат кризи ако не сум вежбана, еве вчера ми беше денот планиран за одмор и искрено, цупкав цело време во место, ја дрмусав ногата што би се рекло, некако не ми беше целосен и заокружен денот без вежбање. Затоа мислам и да го скокам денот за одмор, ако ме држат мускуливе и зглобовиве... Инаку да реферирам за денов: Insanity-Plyometric Cardio Circuit + Brazil Butt Lift-Bum Bum
Добро утро девојки Денес 50 минутен кардио третман на Орбитрек Елит и подоцна попладневен тежински тренинг гради бицепс и стомак.
Пола саат Орбитрек, 100 чучњеви, 150 стомачни, 50 за долни стомачни, планирав да трчам ама времево ме престигна. Ако ми притекне после уште нешто да вежбам, ќе дополнам. Спојлер
Денес се посветив повеќе на стомачните најпрво загревање со елипричниот степер 200 горни стомачни (со тег, на топка, на земја) 150 долни стомачни и околу 100 squats, си реков што и да вежбам секој ден мора да ги правам :up: Инаку сите до еден сте ми мотивација за да вежбам и да се трудам повеќе! Тенкс
За денеска, my work is done.. - Саат и 15 минути трчање - 40 минути зумба (од јутјуб) - 15 минути вежби за зацрвстување
Денес 3 ден.Еве го планот: 1.Hot body warm up (загревање) 2.Get your sexy back (кардио вежба) 3.Mountain climber (кардио вежба, со тегчиња) 4.Sexy butt and arm combo (за раце и бутини, со тегчиња) 5.Sexy sensational shoulders (за рамена, со тегчиња) 6.Flat sexy abs (за стомачни) Некако немав многу енергија така да си прескокнував по некоја вежба (тоа се само неколку секунди пауза ама сепак...). И ме боли половината од првиот ден,неможам да се наведнам, да се тегнам,со маки си ги правам вежбиве...сега ќе одам да се измасирам за утре да можам поубаво да ги правам вежбите. нема баш некоја фитнес мотивација,но ми се допадна.
сабајле орбитрејк 1 саат вечерва повторно орбитрејк еден саат чучњеви 3х30 , вежби за задник и нозе 3х30 стомачни 3х30 од сите добар тренинг денес
Не сум задоволна од тренингот денес, ама боље ишта, него ништа. Плус ако додадме домашно усисување(смукање со правосмукалка) нешто плус согорени калории - 1 час орбитрек(30 мин. напред + 30 мин. назад + додека вртев малку со теговите повежбав) - 50 стомачни - скромни верувале или не 6 чучњеви и се откажав, следно вежбање 100 ќе бидат. - 2х10 + 1х10 вежби за нозе. и толку.
15 кардио да се загрееме малце вежби за раце со топка вежби за стомак и вежби за страничните мускули вежби за нозе и на крај склекови 3 серии и да морам да кажам дека имам напредок во обемот, значи спојлерите ми се намалени и стомакот ама треба уште да се работи на случај па продолжуваме
Денес и вчера ги вежбав истите вежби. 30 мин пешачење со брзо одење 30 мин кардио 30 мин вежби * стомачни - Спојлер 50 вакви , 50 вакви , 50 вакви * за нозе - Спојлер 2х50 вакви , 2х25 вакви , 2х25 вакви *30 склекови *60 чучњеви - со клечење и расчекор *3х50 вежби за половината Moтивација:
Наместо по 15 минути на ден вежби за зацврстување на ножињата и задникот почнав по 2-пати во денот да вежбам по 15 мин. А за мотивацијата најчесто си викам : Зошто да јадеш од досада па потоа да се чувствуваш прејадено,лошо, подобро вежбај и чувстувај се убаво после вежбањето.
100 стомачни на справата од која најмногу се плашев Спојлер 10 склека 20 squats со тегови со споени нозе, а потоа по 20 со едната нога. па 20 со другата (разчекор) 2км истрчани Спојлер
И сеа така си учам нели нема време за вежбање Пиххх самата се лажам . Ако имам време да ви пишувам тука имам време и да се размрдам малку , па речено сторено Си пуштив Legs and Back од П90Х и се изнавежбав , вежбите за грб ги рипнав де , ама нозите оф леле мајко
Ништо посебно, имав денес полиметрик кардио дури и ушите ми се испотија Инаку утре имам рест, ама не верувам дека ќе издржам без ни малку да вежбам така да ќе си се префрлам на стомачниве А да ве прашам, оти вчера плус правев вежби за стомачни и денес ме болеше стомакот долу па на два пати морав да прекинам со вежбиве оти мислев дека ќе се онесвестам од болка. Ме болело и порано вака, ама ова беше... Еве некои мотивации Кои не верувам дека многу ќе ве мотивираат, се е до желбата вие да сакате да бидете по згодни, по здрави, по фит во иднина Еве ваков стомак сакам, мојов и не е многу млитав ами надуван е Еве ако сликите ве мотивираат овде имате еден куп такви http://fitness-to-live.tumblr.com/page/5
Ме немаше едно време.. Пуста желба за стомачни, ама после имав мачнини и болки. Е сега имам добра мотивација, и почнувам од почеток. Отидов на вежбање јас.
Што се мора - се мора Од утре ви се придружувам и јас. Спојлер И тоа благодарение на вас, немате појма колку влијаете како мотивација И ајдее момци и девојки, на лето наплажа со стомачни сите Спојлер .. И задница богами..
- Трчав околу 4-5 км - правев стомачни 5х50 - зумба 30 мин - Вртев на Орбитрек -30 мин - вежби со пилатес топка.