вчера ден за одмор денес сабајлечки орбитрејк 90 минути стомачни 3х30 од сите чучњеви 3х30 вежби за задник и нозе 3х30 вечерва уште 40 мин орбитрејк , имав грижа на совест некако претерав со јадење морав да трошам Од 1 ви феб си ветив дека ке сум построга со јадење и со вежби уф морам да се средам
Денес еден час орбитрек. Вчера 40 мин на орбитрек и две тури куглање Се навлеков на куглањето, не се делам од тоа топките, или како ли се викаат
Јас си ја набив кичмата со стомачните, сама сум си крива не ставав подлога и многу мавав со кичмата на земја. И еве веќе 2/3 дена не правев. Денес пробав ама болката не се издржува. Успеав само 20мин орбитрек. Појадок, пуканки Ручек, 2 мали палачинки Вечера, јаболко Но сепак сум среќна што не се качувам над 65кг. успеав да се држам помеѓу 64 до 65....но сега желба ми е да падна под 64 и да варирам од 63 до 64....а последна цел 60 (дај боже за едно месец дена.
200 чучњеви 200 вежби за нозете и задникот во стоечка позиција со кревање на ногата наназад (по 200 за секоја нога) 200 вежби за нозете и задникот во стоечка позиција со кревање на ногата наназад во подсвиена положба (по 200 за секоја нога) И 2 литра вода
Најпрвин баскет игравме со дечките, потоа отидов во теретана. 20 мин на орбитрек 100 стомачни 150 вежби за нозете на лег меџик И да, вежбав со една патика бидејќи ми излезе едно ни ја незнам какво огромно на едната нога, ужасно боли! Ама ако. !!!!!
Да не мислевте ќе пропуштам денес Попладневен тежински тренинг грб и стомак плус вечерно 60 минутно кардио. Од утре трета недела на дефиниција. Уште само 6 недели
Редно време е веќе и јас да ви се придружам.Да ја провериме состојбата прво: Почетна тежина:68 кг Целна тежина:60 кг Рок:нешто повеќе од 2 месеци (најкасно до почетокот на април) Критични области:горниот дел од рацете, горниот дел од нозете и мало стомаче Денес почнав со вежбиве од Фемина - http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/3-вежби-за-брз-тренинг-дома 4х12 паралелно дигање на нозете (4 серии за едната и плус 4 за другата страна) 3х12 спуштање на раце 2х15 мостот на столче Толку за денес, касно почнав, а и не сакам уште одма да добијам воспаление (иако мислам дека веќе имам на мускулите на рацете) Наизменично ќе одам и на зумба, или од утре или од февруари (ова не зависи баш од мене) Околу храната, нема да замарам да пишувам што јадам, само ќе кажам дека не јадам ништо после 18 саат, се трудам да не јадам грицки, fast food и да не пијам газирани или обични купени сокови.Леб нешто посебно и не сакам, така да не ми е проблем да го избегнувам.Морам кафињата да ги намалам на само едно во денот, сепак млекото и шеќерот не се добри ако сакам да слабеам и треба да пијам повеќе вода.Најголем проблем имам со благото, никако не можам да се откажам, ама мислев да го заменувам со по една лажичка мед дневно Е тоа е тоа, посакајте ми среќа и да се дружиме и поддржуваме и понатаму
Денес одработен еден скоро full body workout 10x80 секунди планк 10x15 класични склекови 3x50 чучњеви 5x30 репетиции вежби за горни стомачни 5x30 репетиции за долни стомачни. За да не дојде до вакви моменти, девојки... Спојлер Да бидеме предупредени... Спојлер Само со посветеност... http://sphotos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 9593_n.jpg
Вчера беше ден за нозе. Стандард - истегнување, неколку склекови и грбни вежби (2 вида х 30). Потоа Outer thigh вежби, мноогу чучњеви (стандардни, расчекор, со скокање по секое..). Денес: - HIIT Cardio Workout (сабајлево, 13 минути и жива вода бев); - 8 min abs workout; - Flutter kicks 3x20; - 20 Склекови со благо спуштање и истовремено превиткување на коленото; Спојлер - Планк 50 секунди; - Грбни 5 вида х 30. Спојлер П.С: Од сега почнувам во документче да си пишувам што вежбам. Разгледувам многу видеа со слични вежби и на крај испаѓа да не знам што точно сум вежбала вчера. Sleep tight..
Како да ослабам а сепак да си јадам барем едно чоколадо неделно? На сред испитна сум, а ко ќе учам најбрзо слабеам, ама сепак ми треба чоколадо за концентрација и логика ...
Едно чоколадо неделно нема да ти прави проблем, ама дали навистина зборуваш за едно чоколадо неделно? Нема што толку да се толкува тука, прелистај ги претходите 5-6 страници и ископирај си вежбички од девојките. Ако се кризираш во испитна сесија и се буташ чоколади, нема тренинг што ќе те извлече.
Сакам да пробам на едно да се сведам иако не можам да издржам поќе од 4 дена без чоколадо и без месо . А за вежбички не можам, да прам ми се чини во испитна имам грижа на совест кога правам било која активност или размислувам за било што друго освен за учење.
Тоа е најголема грешка што ја правиме сите кои мислиме дека вежбањето ќе ни одземе време, снага или што и да е... многу добро те разбирам бидејки до пред некое време и јас си викав нема шанси да вежбам додека не завршам со факултетот, но само си наоѓав изговор и сфатив дека сум гила во заблуда. Еден час во денот нема ништо да ти смени во однос на загубено време, туку може само да придобиеш како на пример повеќе енергија, резултати од посакуваното и што е најважно ќе бидеш исполнета и задоволна од себе па така и сите останати обврски ќе ги правиш со задоволство... Во однос на чоколадите, доколку не вежбаш - ништо од резултати. Ако веќе си одлучила да не се активираш физички, тогаш скрати го чоколадото ама ептен на минимум, а ако вежбаш можеш да си дозволиш едно редче дневно, не е страшно
Добро утро дами и господа Мојот вчерашен ден посебно беше околу вежби за затегнување . Ама сабајлево некако просветлено си го започнав денот. За жал ми се деси нешто неочекувано, ми се сврти у глава и почнав потешко да дишам и решив да одморам. п.с. Ако знае некој нешто зашо вака нека ми каже, или ако имал некој вавко искуство. небитно, да оставиме лошата работа, битно не беше залудно потрошено утро, успеав од себе да извлечам 60 чучњеви (плус 15 си направив комбинација на една вежба, се андевам ке ја најдам на нет да ја споделам ако не ке ви ја објаснам отприлика, зашо си ја измислив ) 60 за Задник вежби, 10 склека (ама со пауза по 5, и секако не се спуштав мн до доле, уште ми треба сила, ама сепак задоволна сум ) И плус 2 plank една од 30 сек и др незнам колку беше искрено зашто тука ме докрајчи главата . Спојлер - Поздрав женски )) Don't lose hope. Do your best. You know you can
Вчера 50 мин орбитрек,150 стомачни,планк,чучњеви и вежби за нозе,раце и задник.Од денеска ќе паузирам поради оправдани(женски) причини и чим пројде тоа чудо,си продолжувам пак со вежбање.Вие останете и понатаму така мотивирани и НЕМА откажување додека не стигнеме до посакуваните резултати Спојлер Спојлер