http://www.youtube.com/watch?v=79YoLFS8Y-A&NR=1&feature=endscreen час ипол вежби пола саат стомачни 15 за задник 15 за нозе трчање во место пола саат
Не сум со сите дефинитивно hock: Ко некоја ненормална цел спрат се тресе а јас вртам ли вртам јаже у 2 пополноќ и ете денес дупол тренинг завршив пред 15мин вртење јаже па потоа стомачни.
Еве јас сега се припремам за овие: http://www.youtube.com/watch?v=CChCgxYsnAo http://www.youtube.com/watch?v=xjiYPwUg0gA ии уште оние 4 напредни вежби за затегнат стомак од Фемина... Вечер пак загревање со Рената,и нешто друго ќе најдеме Еве мотивации:
*10 мин. кардио за загревање *10 мин. вежби за нозе *10 мин. вежби за раце со тегчиња *30 мин. вежби за страничните стомачни *10 мин. за грб и заден дел *2 серии склекови многу вода и нормално повторно риба
Дами еве ме мене ) Реално ме фати мрза некако за пишување ама сакам да споделам Денес некако не беше баш она комплет ама сум задоволна од тоа што го направив Си почнав со загревање па пленк 3 х 40сек склекови 30тина чичнувања 100тина и за г’зето ама оние у стојачка положба 60 на едната и др . Спојлер Поздрав
И јас не пишувам секој ден,ем немам многу време ем да не ја напнувам темава со истите вежби секој ден.Континуирано вежбам по 4-5 пати неделно,со стандардните вежби и топ ми е.Дефинитивно се е ствар на навика,некако вежбањево под кожа ми влезе и сега веќе откажување нема Спојлер
Јас како втор новопечен почетник утрово се раздрмав штом се разбудив со малку зумба..Сега ми следат многу обврски,па ќе морам малку покасно од вообичаено да вежбам,ама планирам пак загрејување со Рената Шопек,нејзиниот латино фитнес,и после некои вежби за стомак...Ама онака ептен да се препотам...Ќе си искомбинирам од Фемина,Рената и Ана... Поздрав девојки,и ајде уште мотивации иако сум доволно мотивирана деновиве
Почнав и јас Сабалје бев на фитнес. Вежбав повеќе кардио, бидејќи прво сакам да намалам килажа па тек после да се стегнам. Вечерва ќе правам некои вежби дома, сама. А и да ви се пофалам инструкторот ми е многу убав , за него ќе одам, за да го гледам хахахаха тој ме мотивира
Вчера не напишав,ми беше ден 29: 1. Hot body warm-up (загревање) 2. 10 minute Booty Shaking Workout (половина) 3. Mountain Climber (кардио со тегчиња од 2.5кг) 4. Boxer Babe (кардио) 5. Butt like a Brazilian (задник со тегчиња од 2.5 кг) 6. Beautiful Booty (бутови) 7. Stretch, meditation and gratitude (истегнување,медитација) Толку убаво се испотив,што кога се наведнав капки ми паѓаа од челово Денеска ми е ден за одмор. Squats
Денес реков од Понеделник ќе почнам и така направив.Со недели ги разгледувам видеата кои одамна сум ги симнала,но никако не ми текнало да вежбам од нив.Е денес ми текна и едно убаво се испотив 1. 5 мин. истегнување 2. Boxer Babe(кардио) 10 мин. 3. Ballerina legs 10 мин. 4. Jump Burpees 15 такви Ќе вежбав и повеќе,но ме фати некој грч на стапалото на ногата и реков утре повеќе.За среќа подоцна ми испукна коската и не ме боли веќе Сепак повеќе сакам да ги активирам нозете,особено горниот дел,но со кардиото и последната вежба мислам дека го активирам и целото тело.Планкот,склекови,стомачни за друг пат ќе ги правам.Сакам да си ги организирам вежбите Инаку вие девојки внимавате на храната?Бидејки знам дека џабе е ако вежбаш,а примаш повеќе храна.Јас не планирам никаква диета,бидејки не гледам причина за тоа,но сепак пробувам да пијам повеќе вода и да се хранам по здраво
40 минути на орбитрек. Никако да ми тргне со базен, само главам на работа. Ама утре морам да одам, и на децата им ветив А ништо не ме опушта како базен
И јас не сум на диета,ама гледам колку што можам да одбегнувам пржени работи,и ги одбегнувам успешно,благо каснувам,не многу,си купувам црно чоколадо многу ми е вкусно и си го јадам тоа,добро успат и уште нешто ако ми се најде ,ама гледам колку што можам да се воздржам...пијам зелен чај,не пијам газирани пијалаци....и тестенини одбегнувам,ако веќе јадам од интегрално брашно гледам да се направени и то је то
Денес -Insanity Plyometric Cardio Circuit па продолжив со Cardio Recovery бидејќи ми е малку да ја работам втиорава сама утре како што ќе ми дојдеше по распоред. Па некако расположена и полна со адреналин и без усул продолжив и понатаму и направив околу 500-1000 варијации на crunches, sit ups, vertical crunches, планк и други, плус неколку(стотини повторувања за задник и нозе, Добро трошење,нема што-точно 2 саата.