Вчера ја завршив последната недела од првиот месец од Insanitylyometric Cardio Ciruit па после неколкуминутен одмор продолжив со Bum-Bum. Па уште и: -100 crunches -100 vertical crunches -1 min. High Plank -1 min. Low plank -30 push-ups -30 diamond push-ups -некои пилатес вежби за стомак,глутеуси и нозе Се на се, вежбав околу 135 минути. Солидно нели? Е сега ме интересира. Денес не планирам да правам ден за одмор(како што ми е п распоред) него веднаш да си почнам со recovery week. Ги имс ли некои правено,досадни се и ненапорни, за да знам дали да закашам неколку и некои други вежби?
day 3 od level 3 - done Инаку во програмата од 30 дена на Џилиан има комбинирано 3 минути сила,2 минути кардио и 1 минута стомачни по 3 круга.
Секој ден вежбам но денес ми дојде и ме боли стомак, а ептен ептен ми се вежба неможам да издржам така да седам цел ден, дај кажете некои полесни вежби
*10 мин. вежби за раце со топка па со тегчиња *15 мин. вежби за нозе *15 мин. вежби за страничните стомачни со топка *20 мин. вежби за стомак (повеќето за долниот дел) *10 мин. вежби за заден дел *4 серии склекови досега на овој тренинг најмногу сум се испотила, тежок беше, ама јас сакам такви тешки вежби.
Не ви пишав на темава оти скоро исто си е-Инсенити. Скоро при крај сум со прв месец и несакам да продолжам, многу ослабев. И онака бев чачкалка сега пак уште повеќе. Пишав за да ми кажете некои вежби кои би можела да ги правам а да не ме ослабнат толку многу како овие, оти сепак се многу кардио и многу ослабнав. Ќе продолжам и со кардио ама со послаб интензитет.
Другарка ми мила денес ме носи на еден час вежбање во теретана на женски справи. Така тоа е денес мојот фитнес ден. И плус пешачење, супер е времево.
Xepp, не си ми јасна, зашто си почнала со Инсенити која е програма претежно за слабеење значи делува главно како кардио и за дефиниција, наместо да почнеш со тренинг за обликување и затегнување но и благо зголемување на мускулите во димензии и форма што тебе ти одговараат, очигледно тоа повеќе ти треба. Вака фино што си физички активна ама си направила контра ефект
Ако веќе сакаш да вежбаш по програма(мене лично тоа повеќе ме мотивира кога некој тип/типка од мониторот ме бодрат) пробај со Brazil Butt Lift или P90X или дома варијации на тема стомак, задник, нозе раце, имаш мал милион вежби на интернет. Концентрирај е на плиометрички вежби,калинетика, пилатес вежби или дриги функционални вежби. Имаш техники на изведување на хрватскиот фитнес сајт http://www.fitness.com.hr/, разгледај го целиот, стварно добра фитнес заедница имаат Хрвативе, башка момците на форумот секогаш помагаат со совети.
Xerr пробај ја P90X повеќе е за дефиниција отколку слабеење , и не мора по ред да си одиш јас си ги бирам што ми се вежба И јас почнав со Insanity ама се разочарав не сакав да губам килограми па се префрлив на п90 пробај ... Посебно имам желба за јогата ,не ги правам сите вежби оти некои многу ми се тешки Инаку и јас сум тука , ама да не ви пишувам секој ден имиња на видеата Ама ве читкам редовно .
Јас вчера Св. Валентин си го прославив со миленикот мој-фитнесот. Се дружевме заедно, се гушкавме, испробувавме нови пози, се потевме, маста си ја извадивме што би се рекло, дури 140 минути. И тоа: -прва недела од Recovery Week од Insanity-Core Cardio and Balance -па малку ми беше и додадов и Cardio Abs -и пак малку ми беше и ја направив и Bum-Bum од Brazil Butt Lift -и сеуште ми беше малку па направив и : -100 crunches -100 vertical crunches -15 push ups -15 diamond push ups -1 min.high plank -1 min. low plank -и некои вежби за грб,нозе и стомак А чувството ОРГАЗМИЧНО после вежбање! Ме пукаа ендорфини,серотонин и допамин ко да сум јадела чоколадо истовремено сексајќи се! Мотивации:
И јас сум тука,постојано ве пратам и баш се радувам што сите се движиме кон посакуваната цел Јас почнав да вртам по саат време на орбитрек , правам вежби за нозе,раце,задник и посебен акцент ставам на стомакот.Кога имам повеќе време гледам и по еден до два часа да пешачам и едвај чекам времево да затопли па да почнам и со возење ролери Спојлер
Ослабната сум 4 кг. се примеќа на панталони ова она мф мф мф срееќааааа , да гледаш како се менуваш мило ми е што успеав до некаде ама не се откажувам !! Спојлер последна мотивација за денеска и одам да повежбам
Денес посабајлечки, како старите добри времиња кога едвај чекав викенд да дојде за да идам што порано у теретана 1 саат кардио третман и тежински тренинг глутеус и стомак. Спојлер
Вчера бев преморена па да реферирам сега: -Recovery Week од Insanity-Core Cardio and Balance -Cardio Abs,Insanity -Abs Ripper од P90X -Bum-Bum од Brazil Butt Lift Се занесов со програмиве, ама ми годат,што да кажам друго. Се на се околу 2 часа здраво бежбање(со пауза за лимонада и цигара помеѓу ) Вечерва на мени пак нешто слично.
Back on duty ...се надевам дека овој пат ќе продолжам како претходно, со истото темпо, без паузи како оваа (цели 3 месеци - не ги ни рачунам тие неколку пати што сум повежбала,. бидејки е без континуитет) Денес: - 31 мин. или 11км Орбитрек - 1х50 pile squats - 1х10 од 5-6 различни вежби за раце/гради/грб со stretching band Ете така
Завршен и 5тиот ден од левел 3 Уште 5 дена и ке завршам со програмата од 30 дена па после сум во потрага на некоја нова.Најважно нема откажување