Aaaa денес сум за голема пофалба Спојлер и едно парче торта како не Сум извежбала дури цели 2 ипол часа. Фитнес, кардио и стомачен денс Спојлер Плус, во обем имам намалено и тоа ме мотивира да вежбам уште повеќе!
од денес го вклучувам и пливањето секоја недела по еден ден, денес ептен се релаксирав со пливање после толку време и кога си дојдов дома немав сила за ништо повеке. Изминатите денови стомачни,нозе,задник и грб.
Иако се ме боли продолжувам со вежбање *15 мин. кардио со тегчиња *15 мин. вежби за нозе + стомак *10 мин. вежби за грб и заден ден *30 мин. вежби за стомак + страничнити + долните стомачни Се трудам да давам се од себе, колку и да ме боли не престанувам и предизвик ми се тешките вежби, многу сум посреќна после тренинг кога тече пот од мене и се ме боли.
Мојот фитнес ден - повторно возење велосипед (околу 1 ипол час возење). Мотивации: освен слики, мислам дека може да дадам мотивација со зборови. Кога бев подебелка (иако не изгледав дебело, туку пополно, и многумина ми велат дека тогаш сум била најлична ), сакав да ослабам само околу 7-8 кг. Моите фамозни 7-8 кг. изгледаат смешно за некој кој сака да ослаби 15-20 кг., но секој со својата тежина. И 1 кг да е, сепак е предизвик. И 1-2 кг. да се здебелиш, одма ти пречат, ги чувствуваш, те стегаат фармерките. Почнав со трчање. На првиот ден одвај ја истрчав замислената маршута, не можев да земам воздух, цела се вцрвив. Ама трчав, не запирав, не се предавав. На вториот ден истрчав полесно. На третиот ден уште полесно. Потоа ја зголемив маршутата. И потоа трчав веќе и на подолги релации без проблем и без тешкотии. За многу брзо време, речиси за една недела одма ослабив 3-4 кг. Веднаш ја осетив разликата. Потоа другите кг. ги ослабив уште полесно. Се хранев здраво и умерено. Јадев се што сакам, но со мера. И заклучив дека битен е почетокот. Мора да бидеме издрржливи, цврсти на почетокот. Додека влезиме во *тек*, во *шема*... Резултатите набрзо ќе дојдат, а самите резултати се уште поголема мотивација. Нема поголема мотивација од сопствените резултати, од одразот во огледалото, од убавото чувство во нас !
Јас ко по навика пишувам за вчерашниот ден. Значи на менито имав: -recovery week,Insanity:Core Cardio and Balance -Insanity: Cardio Abs -P90X: Ab Ripper -Brazil Butt Lift:Tummmy Tuck -Brazil Butt Lift: Bum-Bum Прибидејќи ми е recovery week од Insanity решив да се посветам неделава малку на стомачните повеќе. Вежбав долго, околу 2 и пол-3 часа. Ама имам време и имам волја а и чувството потоа е priceless! That thing that money can't bye (regardless MasterCard). Мотивација:
Ајдеее еве ме и мене во темава Здраво на сите што секојдневно си вежбате и мотивирате се надевам нема брзо да ме снема со мислења јас чат-пат си вежбам во домашни услови на подлога али не сум пишувала во темава денес (јеее прво пишување ) 15 минутно истегнување 3 пати по 30 стомачни 2 пати по 15 склекови (женски, од коленце) 2 пати по 10 за низок стомак (ги кревам нозете а горниот дел од телото ми е фиксиран) Спојлер и не знам како е матиматиката не броев за бутните и г’зните вежби Спојлер се запотив беее...
Вчера точно 1 сааат се зафркавав со интернетов, ми се зезна нешто, па го ресетирав рутерот и слични глупости и дур се свестам дошло 11 саат вечерта. Потоа почнав со вежбање но само скратена верзија,само саат и околу дваесетина минути и тоа: -recovery week,Insanity:Core Cardio and Balance -Insanity: Cardio Abs -P90X: Ab Ripper Вечерва се надевам повеќе ќе вежбам. ма не се надевам-ветувам! И мотивации:
20 склека 50 стомачни Го почнав денот со спорт, а сега 30 мин зумба! Многу ми е јака зумбата, цело попладне ќе скокав, да немав толку за учење. Чувството на задоволство откако ќе се изнавежбаш и кога се сетиш колку само слабееш во моментот.
Бев на зумба 1 саат, плус пола саат фитнес.. Сабајле правев вежби : - 30 склека - 3х30 стомачни - 3х50 чучњеви - 2х30 планк
Еве ме и ја Денес као демек ќе одморев, нишо нема да праам ради напорен ден на работа и таман легнав да спијам и....станав Ми текна на неколку вежбички што ги праев минатото лето по дома и викам чеј да видам како идеа и испадна цел тренинг од 90 мин Денес цело тело пројдено со по 2-3 вежби со мали тежини (6-7 кг), и само глутеус (ко и секогаш) најизмалтретиран со повеќе од 7 вежби. Спојлер
Опаааа втор ден пишувам овде итс гуд филс гууууд денес направив: - 1 серија 30 стомачни и уште една серија 40 стомачни - 2 серии по 15 склекови - 2 серии од по 10 репетиции за трицепс со тежина од 2 кила - 3 серии со по 10 репетиции за бут Спојлер - 2 серии по 10 за низок стомак (кревање нозе исправени а горен дел на тело фиксиран хоризонтално) - 2 серии по 10 репетиции за внатрешен дел од нозе Спојлер Боли бе да му БИИИ****ИИИП Еве мотивации Спојлер Ej.....се читаме утре пак во темава :up:
Само што завешив со вечерново вежбање: -Insanity,recovery week day 4:Core Cardio and Balance -Insanity:Cardio Abs -P90X: Ab Ripper -Brazil Butt Lift:Bum-Bum -Brazil Butt Lift:Bum-Bum Rapido Се на се, 2 и пол часа вежбање. Исцрпена сум но презадоволна. Малку мотивација: BMW M3…………$53,000 Armani Leather Jacket…………$700 Rolex Watch…………$3,450 The Latspread…………priceless Myofibrillar Hypertrophy……….priceless Attraction of the opposite sex………priceless The Muscle Pump……………priceless The look on your ex-gf’s/bf's face after cutting season……..priceless There are a lot of things money CAN buy, for everything else there's FITNESS!
Eдно прашање за вас фитнес девојки може и сте спомнале тука ама ја не видов,сабајле случајно видов на алфа тв. еден тренер на прогамата инсенету има тука во ск?Пак ке кажам можеби вие веке знаете и сте коментирале подолу за ова,па ке ве замолам ако знаете каде имаат тренинзи да ме известите.Фала
Има тема за insanity прашај таму fitnes/insanity-workout-t12943/ овде си офф-топик. Ќе ве замолам да припазите малку на темава, супер е, активна е, не ја уништувајте со офф-топици само затоа што е најпосетувана од категорија Фитнес. Има теми речиси за се, поставувајте ги вашите прашања таму, барем и темите повеќе ќе се активираат. Многу често префрлам мислења од темава затоа што не им е местото тука. А ако нема тема за вашето прашање слободно можете да отворите нова.