35 чучњеви,35 стомачни,300 скокови со јаже,10 склекови, по 10 1 минута планк,вежби за истегнување,и 10 минути вежбав од Insanity workout(day 2),за жал неможев повеќе од Insanity Мотивации: Спојлер
Незнам за вас ама мене се повеќе и повеќе ми се вежба и тренингот ми мине многу брзо *20 мин. кардио + вежби за раце со тегчиња *15 мин. вежби со топка за страничните стомачни *20 мин. вежби за стомак и за долниот дел од стомако со топка *10 мин. вежби за заден дел *7 серии склекови со топка Утре пак, одвај чекам Денеска мотивација ми е... Џенифер Никол Ли (фитнес инструкторка) порано била дебела а сега Спојлер
Денес вежбав пак Трет ден по ред Комбинациите на вежби се тие истите во претходните мислења што ги пишав само за некои правев по една серија помалце зошто од работа бев цркната денес и нозете ме откорнаа од болење. Стомачни си правев пак стандард по 30 во серија. За трицепс 3 серии по 10 репетиции Склекови 2 серии по 15. Чучњеви, г’зно-бутни и за внатрешните перничиња на нозе исто по 3 серии со 10-15 репетиции. и планк 2 по 30 сек. Така некако Ме болат листовите на нозете од стоење Туку читајте смешка:кога праев стомачни вчера главата не ја држев со разете позади, туку рацете ми беа на вкрстени и на гради. И од самото вежбање стомачни, нели главата и таа мора да се крева некако и ми се навежбале мускулите на вратот кои имаат функција на завлекување на глава нанапред. Знаете кои мускули ?!? Тие пред гркланот Некои стренохиоиден и омохиоиден мускули маме им тии***ииит Абре неможам глава да кренам Мислам се убивам за да си оформам бутчињава и овие перничина од внатрешна страна на нозе а тоа ја мускули на грклан тука ме болат....неможам глава да кренам Ова само на мене може да ми се деси..... Море ако....убаво ми е на телово дури и коа само се тегнам на подлога. На грбчето му е супер.
Временцево денес убаво за трчење, плус склекови,стомачни,чучневи x 50 + планк 3x60sec доаѓа лето уште неколку месеци па ке им покажам на тие што велеа и без вежбање може да се има убаво тело, мхм да, можеш без гз да помрднеш вакво тело да имаш
Па, 62 мин на орбитрек, 30 поминати км, 435 согорени калории, отпор 50. 50 чучњеви, вежби за задник , нозе и бутини. Напорно попладне. Стомачни започнувам после 5 ослабени кила. Сега изгубив 2. Уште 3 и започнувам со зацврстување. Како награда сокче од портокалче и туна во вода. То е, здрав живот.
Здраво женски,одамна не сум ви пишала,иако вежбам 5 пати неделно.Вежбам како и до сега по 60 мин. на орбитрек,стомачни,планк и вежби за нозе,раце и задник.Ја постигнав посакуваната килажа и сега се посветувам само на затегнување
Јас до минатат недела ги вежбав истите вежби,но сега сум во ,,тој период" и одмарам.Но сепак гледам да се хранам поздраво,да внесам повеќе овошје и зеленчук и вода секако. А при крајот на оваа недела или другата недела ќе почнам секако.Само се мислам дали да почнам вака Секој ден различно за сите мускули да ги акртивирам.Бидејки работата ми е да се стегнам Еве ова да го постигнам
Денес - НЕ! ме болат од изминатите денови мускулите но и листовите на нозете од стоење и одење ќе праам пауза денес па од утре пак
Еве и јас да ви се придружам. Вчера се извежбав убаво.... а уште поубаво се чувствував после тоа 30мин орбитрек со менување на отпор 20 склека 50 чучњеви 20 повторувања на вежби за странични стомачни мускули (секоја страна по 20) Доста е како за почеток.... вечерва планирам да вметнам плус уште некоја вежба. Инаку целта ми е да ослабам, нормално во комбинација со здрава исхрана. Па би сакала доколку има некој кој ја има мојава мака да ми препорача некои вежби . Поздрав девојки и дечки .... огромна мотивација сте ми :up:
еве сум и јас билдери ве читам секој ден и уште поќе мотивација добивам вчера:30 минути на точак,со поголема брзина и 25 минути на лента(комбинирано-првите 5 минути брзо одење,вторите 5 минути трчање,па пак одење,па трчање и така до 25 минути) и на крај 2 пати x 20 повторувања на справа за затегнување и подигање на задникот е сега друго ме интересира....за овие неподносливите спојлери шо вежби да прам?оти стомакот ми е доста намален,не е од вежбањето,оти вежбам само 2 недели,од пред то е,пошто многууу внимавав на јадењето...е сега спојлерите ми се чини како да не се мрднати и многу се нервирам,па зато ве прашвам за вежби за спојлерите. а и инструкторот ми рече само кардио најпрво пошто сакам скроз да го скинам стомакот,уствари да го стопам салото па после да преминам на стомачни и то е то...денес пак истото,со мала измена-ке ги зголемам минутите на точакот и на лентата
Денес ја завршив програмата од 30 дена на Џилиaн,утре ќе одмарам и во сабота планирам да ги почнам овие вежби http://www.youtube.com/watch?v=FTT4W8ygJ7w
Како што реков - такааа. Еден ден пауза е еден ден...и само еден ден Затоа денес пак си вежбав. 10-15 мин истегнување 20 склекови 2 серии по 40 стомачни (со завртување кон лево и десно колено со спротивниот лакт) 3 серии трицепс (по 10 во 3 серии) 30 чучњеви 30 г’зни (по 10 во 3 серии) 30 бутни (по 10 во 3 серии) 20 за внатрешни перничиња на нозе (по 10 во 2 серии) и си трчкав во место комбинирано, со замислено скокање на јаже пошто немам услови во собава да почнам да вртам вистинско јаже Cега веќе ништо не ме боли и можам постепено да наголемувам на серии и репетиции.
*10 мин. вежби за раце со тегчиња *10 мин. вежби за нозе со топка *40 мин. за сите мускули на стомакот (горни, станични и долни) *10 мин. вежби за заден дел *3 серии склекови
20 минути вежби за раце и граден кош 15 минути точак 15 минути лента 10 минути степер 5 минути вежбав на таа справата што изгледа како жаба што скока стомачни не броев колку ама доволно ми беа бидејќи сега ме боли во тој дел. Совет која справа е најдобра за задникот? Степерот, точакот и лентата имаат ли некое влијание за овој дел од телото? Сакам вакво г`зе!