Измерени 7,75 км на телефон, плус довде-донде низ дома + пат од кај мене од зграда на 10 минути појди и дојди, заокружувам на 8 км испешачени. Плус вежбички(после долгата пазуа, и ова е доволно, утре со дупло повеќе) 2х30 пати стомачни вежби-8 минути 1х20 пати вежби за нозе со спуштање на испружени нозе без да ја допра земјата и пак горе и пак долу до 30 цм над подот и пак горе- 2 мин. 2х20 пати вежби за нозе со смена на нозете нз како да ја објасна-2 мин. 2х15 пати со раширени нозе и ги доближува и оддалечува значи легната положба, цело тело мирува, само нозете се во крената положба и странично раширување- 2 мин. 1х20 пати вежби за стомак нешто слично како стомачни само со свиткани колена и раце прекрстени пред гради, значи кревање и спуштање- 2 мин. 1х20 чучњеви 2 мин и не можев повеќе, папсав. 18-20 минути толку се на се, ама пешачењето мене ме вади, во живот олку немам пешачено.
@ Lux Само да спомнам, ми кажале дека трчањето е добро за посилно топење на салото, а пешачењето има детоксфицирачко дејство на организмот, баш поради по умерените движења на мускулите. 8 километри ти е фантастична бројка!
Почеток 30 мин орбитрек. 10 мин на статичен велосипед. 3 серии по 10 пати за гради со шипка 20 кила и на уште две справи за гради исто толку серии. 3 серии по 10 пати грбни. 5 серии по 20 пати стомачни.
10 мин статичен велосипед вежби за нозе, раце, половина, грбни 40, 140 стомачни + уште 50 на другра справа за стомачни + 20 мин одење. Утре the same btw што јадете после вежбање, јас например сабајле јадам јајца и јогурт со ајвар па одам вежбам и потоа во школо. Обично по вежбање ништо неможам да јадам само испијам чоколадно млеко. Добро е така или..?
Јајцата и јогуртот се добри и хранливи, ајверот има никаква или многу мала хранлива вредност и со него ќе си навлечеш само повеќе леб во исхраната. Целосно непотребно, ако е бел леб. Црн, со цело зрно е подобро. Млеко е ок, но чоколадно млеко има доста шеќер во него. Заедно со бел леб ќе ти ги уназадуваат резултатите. Наместо да се буташ индустриски шеќер, пробај овошје. Не е толку задоволувачки, но и самата навика од таква храна е во голема мера психолошка. Јас со недели не сум пробал веќе ни крем банани, ни чоколадно млеко, ни ресани, ниш такво. Овошје тогаш кога има, и многу вода. Се надевам помогнав. Едит: Десет пати ја повторив цела рутина за стомачни. Ништо не мотивира како бес.
и денес кардио тренинг од 60 мин па стомаЧни и вежби за задник и нозе . Ги зголемив повторувањата на вежбиве , 6 серии по 30 повторувања . Времево ми е некако депресивно и ладно но не се откажувам , олку мотивирана не сум била до сега , блиску сум до целта морам да сум упорна ! Нема откажување , нема изговори !
Денес некако немав толку желба за вежбање, можеби дека имам воспаление Како и да е, се запнав и извежбав Тае Бо - Кардио 45 мин., но се случи некоја вежба да не ја правам до крај, важно извежбав - подобро отколку да се откажам
Денес не пешачев а ниту пак вежбав многу,ама добро е со оглед на тоа дека сум многу депре деновиве. 4x25-стомачни 1x10-склекови(ме цркнаа овие) 10min.-вежби за нозе од каналот на Victoria Secret на YouTube(многу ефикасни и изморувачки верувајте) 4x10-вежби на топка со тегчиња за раце 3x10-3 вида различни вежби за раце на справа 10min.-играње на музика
Денот ми запоЧна многу раааноооо брзо одење на лента 40 минути , орбитрејк 40 минути денес вежби за грб раце и стомаЧни , 6 серии по 30 повторувања .... прекрасно се Чувствувам !
Денес решив да не правам целосни рутини, туку си одвоив две вежби, повторно за стомачни и терав додека има душа во мене. Првата вежба легнат на грб и ги кревам нозете во воздух со мало напрегање на горниот дел од телото напред. 20 серии по 30 репетиции. Што остана во нозете и стомачните потрошив на 200 explosive in and outs. Кој го занима што е тоа, видете клипчето на 20-та секунда. Јас ги правев со по нагли движења. http://www.youtube.com/watch?v=5n3mbzcRHj8&feature=plcp Спојлер Спојлер И песната на утрото ми беше If you drop, get up and try it again.(uh huh) If you fall, get up and try it again. http://www.youtube.com/watch?v=erbxcO-rj58
2 дена не вежбав бев на гости ,ми идеше да пукнам еве денес си се вратив пак втората недела ја терам и не давам вака да испуштам пак
Уф какви болки имам во нозеве одам како преебана пајка Не требаше вчера толку чучеви наеднаш да правам затоа денеска пауза и следно е внедела трчање плус возење ролери
За ќотекс сум јас, вежбањево ќе го пролонгирам за од 1 Декември до 2 Февруари, зошто сметам дека треба уште да ослабам без вежбање па после да се затегнувам.(ептен ми е јак изговоров) Од завчера што вежбав изгледа се преоптеретив вчера цел ден ме болеа колковите и не можев ни една вежба да направам, сега ќе правам до први некои лесни вежби колку да набијам кондиција за да не ме боли ништо кога ќе вежбам поинтензивно. Значи нема да бидам без ич, ќе си подвежбувам ама по малку...
Вежбањето ке ти помогне да ослабнеш многу побрзо , нема да се набилдаш де , салцето со вежбање се топи
Вчера ми беше ден за одмор и колку што е добро за моите мускули да се одморат, толку е лошо за контролата со храна Денес се префрлив на нови вежби Тае Bo - Instant Abs, траат 50 мин. но издржав само 20, па секој ден ќе зголемувам по некоја минута бидејки се претешки, а кога ќе стигнам до крај официјално ќе си се прогласам за нинџа ... да не останам само на тие вежби, се качив на Орбитрек уште 20 мин. - целта е постигната, се топам потам како сладолед на 50 степени Спојлер
Денес имав само кардио тренинг , интензивно вртење на орбитрејк со менување на отпор наизмениЧно во времетрење од 90 минути ... Жива вода , мислам дека се стопив ... Се надевм утре ке има барем малку сонце , ми фали тренинг во природа , хм
@ Lux Твое тело, твое право каква програма за ослабнување/затегнување ќе му наметнеш, но да паузираш 3 месеци со тренинзи треба да си добила прострелна рана, не воспалени колкови. Реално гледано . Се надевам не си го добила првото. И после три месеци ако се оптеретиш, ќе има болка. Ако си наумила вонсериско тело, таа не ти бега, но такво тело те чека ако им покажеш среден прст на изговорите. Направи си поумерена програма, не некоја што ќе те покоси следниот ден. Но избегни подвежбување. Тоа е само кратенка до никакво вежбање после 10-ина дена. Денес направив 600 репетиции кревање на нозе + 200 explosive in and outs. Што сум јас, 10 пати појак од тебе? Далеку од тоа. Спојлер Спојлер Спојлер