67кг уште 4 имам за кинење ајде ќе биди и то вчера се испотив ко свиња ама вредеше,дури потев на точакот се замислував во некое бикини и на плажа,како некоја риба да сум и се занесвам така на плажата вчера: 40 минути на точакот,левел 3,брзина 30 20 минути на орбитрек,левел 3,брзина 21 30 обични стомачни,и по 20 странични стомачни за спојлерите 2 пати по 20 повторувања на справата за подигнување на задникот шо мислите вие поискусните билдери?добра ми е шемата за слабеење и за кинење на проклетиот стомак?треба да исфрлам нешто или да додадам? we can do this билдери
*15 мин. загревање + вежби за нозе *15 мин. вежби за раце со тегчиња (веќе папсав, незнам со кои сили продолжив) *30 мин. вежби за сите мусклули на стомакот *2 серии склекови Резултат до сега многу стопено сало на стомакот + горните стомачни веќе се оформени
27.02 - 12360 чекори = 4,91км (207.7кал) - Акупедо + 11.021 чекори = 5,51км - Валкроид 28.02 - скромни 7933 чекори = 3,15км (133.3кал) - Акупедо + 7839 чекори = 3,92 км - Валкроид + 15 мин вежби со Џилијан.
Обожавам кога ви пишам тука. Еден вид на дневниче си водам. Инаку денес:1 сат пешачење утрово, некаде над 4 км. Средно темпо. Вежбање на орбитрек, 50 отпор, 62 мин, 450 согорени калории. 30 чучњеви. Неможев ништо повеќе. Го сакам ова чувство на исполнетост.
Денес си дозволив еден тост и чоколадо, тоа го правам само еднаш во неделата, ама пред 1час вежбав Insanity Fit Test, стомачни x90, вежби за раце и рамења и трчав 30мин. ... со тоа се тешам дека ги снемало тостот и чоколадото Сакам такви Arms and haands ->
Прв ден од циклус, а јас се утепав од вежбање. Ми ги смирува нервите. Денеска се сконцентрирав на стомачните, после редовниот 3 ден од втор месец од Insanity. -Insanity:Max Cardio Conditioning(не ми беже многу тешка ,ко за чудо, зашто се уплашив од темпото првите два дена од вториот месец) -Insanity:Cardio Abs -Brazil Butt Lift:Tummy tuck -P90X:Ab Ripper -и неколку од омилените Burpees,jump lunges,squats,push-ups & rope jumps.Ама само малку. Се на се, околу 2 и кусур часа вежбање, можеби 3. Толку од мене. Се одјавувам и папсувам.
Вчера вежбав околу 1ч и 30минути... * 40мин орбитрек (наизменичен отпор) * 6ти ден со Џилиен (Level 1) * вежби за спојлери, нозе, задник + повежбав малку хулахоп т.е се учам уште, ама полека но сигурно напредувам
http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI Некој погоре го имаше постирано видеото со вежби.Го разгледав вчера и што да видам комбинација од сите вежби за 35 мин Си реков утре сигурно ќе го правам.Супер беше како за почеток. Некои од вежбите ми беа претешки,ама сепак стигнав до крајот.Ама вода,вода станав.Какви обични стомачни,ова е нешто екстра.Само незнам колку пати да го правам.Се мислам 3-4 пати во неделата Што велите вие?Несакам секој ден,бидејки мислам дека на мускулите им треба одмор Друго да прашам не ми е јасно како оди ова.Читав за Џулијан,но мене не ми требаа вежби за ослабнување,туку само за затегнување.Ама не се јасни сликиве Значи првиот левел да го правам 3 недели?А секој ден ли? И вториот три Значи ќе дојде секој ден така? Извинете за долгиот текст
Јас длабоко се извинувам што ме немаше у темава која богами ко дневник ми стана но поради 937453405097090 други обврски некако не стигав да пишам. Денес- HIIT тренинг. Абе маста си ја извадив. Спојлер
Супер сте, браво за мотивираноста! И јас си најдов мотив, ама тешко ми оди некако. Веќе 1 месец (сега 3 дена правам пауза) вежбам, а немам намалено ниту килограми, нуту во обем. Се хранам правилно, сабајле овошје или сега почнав хербалифе (втор ден ми е), или овесни снегулки со баланс, па после ужинка, бадеми непечени или јајце или јаболко, ручек пилешко или грав/грашак/риба/ориз/компир, секогаш со многу салата со маслинов зејтин и вечера јогурт, салата, пак некоја белка или нешто ако останало од ручекот ама малце. Јадам до 21 најдоцна. Секој понеделник среда и петок вежбам пилатес и понекогаш за викенд фитнес или 1 час кардио возам точак трака и степер по 20-25 мин. Што правам погрешно?
Место Хербалајф подобро ти било да си земеш чист Whey. И знаеш дека со Хербалјафот нема дополнително јадење, тој заменува еден оброк, или 2 зависи како го пиеш. И ништо не правиш погрешно, можеби треба да внимаваш на количината на храната, зашто се е до тоа-до калориите. Само би ти препорачала да зголемиш кардио ако веќе одиш на редукција на т.т. Секој организам е посебен, биди поупорна и ќе почнеш да слизнуваш со тек на време.
Припази на грамажата.Хербалајф земај наутро како замена за оброк, последниот оброк не го мешај никако со јаглехидрат и направи оброците да се 5-6 но да се мали. Кардио да не си испод 30 мин.
Понекогаш е до орагнизмот, тешко слабеат некои, но не тагувај што не си намалила, ќе намалиш, не се откажувај и биди среќна што не си накачила некое кило, со тоа што вежбаш и внимаваш на исхраната не дозволуваш да се здебелиш, доколку не си го правела сето тоа сигурно сега ќе си накачила некое килце.
Денеска тежок ден а лесна вежбачка програма. Ме кинат јајнициве, ми ја параат утробава. Шта чеш-жени!:that time of the month... -Insanity:Max Recovery -P90X: Ab Ripper -и ако се брои пешачење, еден саат, шпартав низ улици, си го барам кучето(изгубено,украдено можеби и отруено до сега, не знам )
Извештај за вчера : * 30мин орбитрек (морав да намалам на времето, ми се закажаа гости ) * 7ми ден со Џилиен (Level 1) - уште 3 дена и почнувам со Level 2
* 15 мин. кардио * 30 мин. вежби за нозе + вежби за раце со тегчиња * 10 мин. вежби за страничните стомачни на топла + тегчиња * 15 мин. вежби за стомакот (за горните и долните мускули) * 10 мни. вежби за заден дел * 3 серии склекови Газирани сокови не пијам веќе долго време, благо.. многу ретко ќе си се почастам со нешто блакце
1.3 (Петок)- 7,079 чекори = 3,54км - Валкроид + 8890 чекори = 3,53км (149.3калории) - Акупедо + 15 мин со Џилијан + едно 15 минути вежби за нозе + 50 стомачни и 50 чучњеви.
Бидејки никој не ми одговри,се цитирам Не сум сигурна дали 3-4 пати во неделата или секој ден.Ме збумија сликите горе