1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Според ова, а и според другите вежби што ги има треба да ги правиш секој ден. Сеа што викаш дека на мускулите им треба одмор, баш пред малку читав, затоа што и јас сакам да се едуцирам на ова подрачје. На мускулите на стомакот не им треба одмор бидејќи со нив не носиме терет, односно тие не се најактивни мускули на коишто им вршиме притисок со целата тежина на телото. Така да на стомачните мускули по правило не им треба одмор, ама ако ти чувствуваш дека ти треба тогаш слободно одмори се. :)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    -Insanity:Max Interval Circuit(се запотив, лиев, ко во Струмичко поплавине)
    -Brazil Butt lift:Bum-Bum
    -100 push ups
    -а да прашам се бројат мускулните контракции на вилицата(пцуење,плукање во екранот на телевизорот, и изотонично,нервозно чкрипење со забите) иницирани од џумбусон во центар денеска?Прилично изреволтирана не можев а да не ги правам на секој 5 минути :swear:
     

    Прикачени фајлови:

    На IamSexyAndIKnowIt, K.Mari4ka и Cacy им се допаѓа ова.
  3. slash00

    slash00 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Дечки јас неможам да вежбам ако не ги гледам од негде вежбите,за вас незнам од каде ги глеате вежбите т.е редостледот (бидејќи редоследот е многу важен) ама јас пред 1 год најдов на youtube видео со тифани http://www.youtube.com/user/TiffanyRoth ... ure=watch(еве ви го каналот па разгледајте ги сите понудени видеа) така што веднаш знаев дека се НАЈдобри и ги пробав. Скајте верувајте сакајте не , после секоја сесија на вежбите од Тифани се чуствувам како птица(иако имам 64кг :rofl: ) Ако ги пробате,нема да зажалите.па нема да ви бите потребна никаква мотивација самите одвај ќе чекате за да ги правите вежбите.
    кога е веќе за мотивација темава еве ви :
     

    Прикачени фајлови:

  4. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Епа и јас од денес почнувам да вежбам ама имам еден проблем....имам шум на срце па не смеам да се заморувам многу и да трчам...
    Па ке може ли некој да постави видеа за вежби за стомакот, нозете и задникот, иначе стомачето малце го попуштив не е нешто дебело ама има еден сантиметар нараснато...
    Ви благодарам однапред!!!!!
     
  5. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам дека и јас имам шум на срце(незнам дали кај тебе е опасно) ама јас и вежбам и играм фудбал ракомет и немам некој посебен проблем со тоа:
     
  6. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Што е до мене не знам дали ми е опасно, јас сакав и да одам на натпревари по трчање и да пливам ама мене ми рекоа никако такви спортови дека сум се замарала и можело да дојде и апчиња да пијам, и исто така пробав и вежбам некој од вежбите што ги гледав низ форумов ама не можев да дишам и престанав...
     
  7. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Епа и јас од денес почнав да вежбам и штом никој не ми одговори на прашањето погоре ја пребарав цела тема и ги почнав вежбите за стомакот, е сега малце ме болат мускулите дали е тоа нормално од прв ден вака???????????
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    нормално е да те болат мускулите доколку повеќе време не си била активна :)
    Да не бидам офф јас со Џулијан вежбите за стомачните за некој час планирам да ги правам :)
     
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.608
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Денес: -вежби со 2кg за раце и рамења, плус на некои справи за shoulders 10пати x 3серии..
    -трчање 20 мин. на лента
    *И планирам после да правам некои Butt Lift вежбчки.. слабо денеска, мрза ме фати -_- и мн сум :@

    btw: Добра нога! ^^ :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  10. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Кај мене не до толку опасно јас кога бев на спортска медицина ме пратија не ехо :( А пред да почнам да вежбам кога ќе легнев како да немав воздух во себе а од кога почнав со вежбање го немам тој проблем.Иначе можеш некој вежби со не те заморуваат толку стомачни,нешто со тегчиња..
     
  11. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.822
    Допаѓања:
    17.803
    - 15 мин. статичен велосипед
    - 20 мин. Орбитрек
    - 15 мин. лента за трчање
    - Вежби за стомачни мускули и задник.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. purelove

    purelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Се поканувам во вашата дружина од денес започнав и јас со вежбање и тоа благодарение на постојаното читање на вашите коментари тука, ме охрабривте и сфатив дека е време да започнам со вежбање. Преокупирана сум со обврски, но водењето дневник тука би требало да ми помогне да останам доследна на своите зборови.
    Еве го мојот фитнес ден:
    1. Прво обично загревање на телото вежби за загревање (на час по физичко сите сме ги правеле :P )
    2. 50 скокања на јаже со двете нозе истовремено
    3. Откако добро се загреав продолжив со 25 чучњеви
    4. Потоа скокање со нозете формирајќи буква Х, со максимална брзина во време траење од 30 секунди
    5. 25 женски склекови (не можам да ги направам машките никако :( )
    6. Повторување на чекор 4.
    И потоа уште 4 серии репетиција на чекорите 3,4,5,6 :)
    Завршив со убаво истегнување на мускулите и се разбира туширање, после тоа имав доволно енергија за извршување на моите обврски.
    Колку убаво се чувствував. Можеби едноставно е, но за почеток не сакав да се префорсирам.

    [​IMG]
     
    На anichka94 и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  13. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Нешто темава замре а? Ми фалат некои фитнесџики, колку да ме тешат дека не сум сама, дека не сум фрик кој наместо булење во ТВ монитор со идиотска понуда на програмата, се форсира себеси до максимум, си го силува телото со убиствено темпо, само за доза адреналин, само за грам ендорфин и останата (ал)хемија која те носи во инстант правец кон позитивната перцепција на себе си и на светот, воопшто. Туку за денес извежбано е значи:
    -Insanity:Max Interval Plyo
    -Insanity:Cardio Abs
    -P90X: Ab Ripper
    Се на се собрано, нешто помалку од 2 часа квалитетно вежбање.
    А вчера не реферирав зашто доцна почнав со вежбање, а ова Plyo-то има многу рипање, и луѓе кога ми влета мајка ми со фаца вака :devil: "What the hell are you doing?" во соба, јас понизно морав да се покорам на заканата. Демек цела куќа се тресела, лустерите ќе паднеле, комшиите ќе се бунеле итн. И и викам "А ти кога уклучуваш правосмукалка во сабота сабајле а некое кутро комшиче си спие, одкако акало низ градов до 5 сабајле абејќи си го џигерот, тоа во ред е а?"..али ј*би га, шта чеш, морав да престанам:her house-her rules!
    И малку мотивација за на крај:
     

    Прикачени фајлови:

    На K.Mari4ka, Antolinaa, CuteEva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    50 минути орбитрек
    30 минути степер
    30*30 стомачни вежби(денес само странични)
    30 чучњеви
     
  15. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Еве сум јас повторно :D .

    Си вежбав јас и викендов, ако не пишував тука ;) . Само вчера направив пауза и наместо денеска да почнам со Level 2 на Џилиен... јас ќе почнам утре, бидејќи вечерва ми е 10тиот ден од Level 1. Знам дека можеби не требаше да правам пауза, ама вчера шпартавме по град 2часа со дечко ми и кога дојдов дома бев преморена... а мускулите напнати :worried: и решив да си дадам ден одмор.

    Вечерва планирам да си го довршам Level 1 Плус уште некои вежби за нозе, задник и спојлери.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.822
    Допаѓања:
    17.803
    За денес извежбано:
    - 30 мин орбитрек
    - 30 трчање на лента
    - 45 минути вежби за стомак, задник, спојлери, грб и раце.

    И сега не можам да се мрднам. Ама ако. Барав, добив. До крај ќе си издржам.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас фитнес денот си го поминав вака нешто:
    15 минути степер
    10 минути точак
    10 минути лент
    5 минути на жабата :rofl:
    10 минути вежби за раце, гради и грб
    60 обични стомачни и 30 странични стомачни

    И сакам пред легнување да се качам на орбитрек а повртам. Ама дали ќе биде зависи од мојата мрза :^).
     
  18. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    60 минутчиња орбитрек, отпор 50 стандард.
    1 сат пешачење, да се искористи сонцето и убавото расположение.

    70 чучњеви , кренав левел со нив ;)
    Денес започнувам со странични стомачни :clap:
    Вежби за задник и бутини * 50-60.

    Драг дневнику и драги дами, конечно можам да кажам после месец и пол напорно вежбање забележувам видливи резултати. Стомачето се топи лека полека, ноџињата се во нормала уште малку мускулатура им фали и за задникот сум ќефој, се вљубив денес кога ги ставив новите пантолони. :inlove:
    Морам да признам, секоја капка пот се исплаќа :)



    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sweetheart87 и Sunchild им се допаѓа ова.
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    само кардио му е мајката за салово :devil: али друг тренинг

    вчера немав ич сила за вежбање, цел ден акав и на тренинг кога отидов неможев да стојам а не па а вежбам, следниот пат ќе се потрудам повеќе :!:

    *10 мин. вежби за раце со тегчиња
    *10 мин. вежби за нозе
    *300 стомачни и 100 за страничните
    *100 за заден дел
    * и за крај 2 серии склекови

    Најчестите митови за вежбањето
    Повеќе тежина, повеќе мускули

    Бурк вели дека многу жени мислат дека вежбањето со тегови со поголема тежина ќе направи да добијат премногу мускулесто тело. Но, таа вели дека ако не внесувате дополнителни калории во исхраната, ниту тестостерон нема зошто да бидете загрижени.

    Исто така многумина мислат дека кардио вежбите се најефективни, но најдобро е да се додадат вежби за издржливост, односно вежби кои подразбираат големо физичко оптеретување. Резултатите брзо ќе дојдат бидејќи на овој начин влијаете на мускулното ткиво.

    Не е важна само тежината

    Иако е точно дека мускулите се потешки од масното ткиво, имајте на ум дека мускулното ткиво има покомпактен изглед. Тоа значи дека два килограми мускули се големи колку една дланка, а два килограми масни наслаги зафаќаат големина колку една подлактица.

    Побрзо или побавно

    Постои заблуда дека справите треба да ги наместите на побавен интензитет за да согорите повеќе калории. Но, Бурк вели дека тоа воопшто не е точно, напротив поголем интензитет значи поголема потрошувачка на калории.

    Проблематични делови од телото

    Да речеме дека сакате да ги отстраните масните наслаги од делот кај стомакот. Тоа значи дека треба да правите стомачни вежби така? Погрешно.

    Потребен ви е целосен кардио тренинг за да го елиминирате салото во одреден дел од телото. Кардио тренингот ќе го согори салото кое се наоѓа насекаде по телото. После тоа само треба да практикувате вежби за издржливост.

    Мускулите не се претвораат во сало

    Мускулите не можат да се претворат во сало, дури ни кај оние луѓе кои постојано јадат и лежат. Во тие моменти се добива масно ткиво, а се губи мускулното. Кога вежбате пак се случува обратното, го губите салото, а добивате мускулно ткиво.

    Не претерувајте со вода

    Постојано сме предупредувани дека мора да внесуваме доволно количество вода, но и во тоа може да се претера што може да има лоши последици. Тоа е состојба кога доаѓа до нерамнотежа меѓу количеството на вода и сол во телото и е познато како труење со вода. Затоа и се вели дека не смеете да пиете вода со сила, односно и кога не ви се пие.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Sweetheart87 и Sunchild им се допаѓа ова.
  20. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Женски дојдов само да ве позддравам и да ви честитам за упорноста,има до лето тип топ да бидеме.Не пишувам толку често како порано,ама вежбањето не го оставив.Накачив уште малку на орбитрек и сега вртам по саат време и после тоа правам вежби за раце,нозе,задник и стомачни :)

    [​IMG]
     
    На Sweetheart87 и Sunchild им се допаѓа ова.